Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Мразам кога ке дојде ноќ,мразам кога ке бидам сам, кога самотијата ке ме одземе. Го мразам денот кога ми раскина. Го сакам почетокот и денот кога те запознав а во исто време го мразам. Не се каам за работите кои сум ги направил за тебе, се каам за тоа колку само вложив и навлегов. Мина најлошиот период во мојот живот но малите и темни облачиња се враќаат некои денови сечејки ме од корен но овај пат не дозволувам да ме донесат на колена и никогаш повеќе нема да го дозволам тоа. Дадов толку многу не зедов ништо останав со ништо. Не се каам што те сакав толку многу, не се каам за тоа што го правев бидејки останав со срце големо од тука до небо и назад ти го скрши но некој повторно ке го залепи и пополни.

Се нервирам што некој дојде и зеде здраво за готово, нешто за кое се залагав и го градев толку многу време или помагав да се изгради за ти да научиш од тоа па да го рушиш а друг да го користи. Боли кога знаеш дека за некој не постоиш повеќе, дека едноставно си ситна песок која ја дувнал ветрот од нечија рака и сеуште те држи во воздух не дозволувајќи да паднеш меѓу твоите, меѓу останата песок и наместо таму на крај повторно ке те фрли негде каде што ке нема други зрнца околу тебе туку само вода која мислиш дека секој момент ке те изводени и повлече на дното.

Започнав како многу млад а научив како постар, летнав многу високо и пак завршив на земја. Кога паднав мислев нема да станам, се осеќав како странец во сопстените чевли. Како беше тоа можно ни сам не знам, ако знаев дали ке дозволев? Да бидам искрен и тоа не знам. Јас не бев јас и што беше најлошо понекогаш сеуште се барам. Како да барам дете изгубено во темните шуми распарчено од 'нервреметo' или од самата природа. Дали барам дух или јас постанав дух. Често се гледам во огледало и не гледам ништо....едноставно како да гледам празен простор...простор кој пробувам да го допрам,да го осетам со надеж дека можеби, можеби ке се најдам самиот себеси или.....се разбудувам со истата надеж секој ден, надеж која наместо да ме направи посилен ме убива. Но едно нешто сватив колку постар станувам толку работи треба да оставам зад себе едноставно тоа е живот. Лошо е што сите сомнежи ме убиваат а уште полошо е што мене не ми ни пречи ....

На крај ти остана иста а јас станав подобар,помудар и одам со глава исправена но ти ?? ...тоа сама се надевам некогаш ке си го одговориш...
========

Се надевам се мислеше на вакви постови ...инспирано од моето раскинување кое се деси пред еееееее =) дел нешто ново дел од тогаш позз ако не е за тука не замерувајте ако вие долго едноатавно баталете го
 
Ме пречека на дождот принцезо па и доручек си чувала за мене , нема да го заборавам ова никогаш, може за тебе е мал гест но за мене е наголемео нешто некој што направил за мене,фала ти
 
Se pojavi pred mene koga naj malce ocekuvav ,tie pogledi mi ja stoplija dusata iako posle dolg period se vidovme koga mislev deka ne custvuvam poveke nisto za tebe .Me vrati vo minatoto vo mislite a bi sakala repriza so tebe.
 
Кога ке зајдеше сонцето. кога ке си отидеше цела светлина доаѓаа 'оние', да 'оние' кои ја гризеа мојата душа, не ме оставаа да спијам ме мачеа , ме гушеа, не ми даваат простор. Доаѓаа оние мали делови, спомени,мисли... прашања кој сам си ги поставував и немаа одговор. Се губев меѓу нив и цела позитивна енергија,цел минат ден, цела бајка се губеше и остануваше ништо. Како прашина снемуваше се, како да потонуваше в земја.

Не можев да се опулам наоколу, каде и да се опулев беше темно. Не сваќав дека и во најдлабоката и најтемната ноќ имаше светлина. Светлина која го осветлува патот на секој трезен и свесен човек пред него па и на пијанот, но јас не бев опијанет, јас бев заслепен.

Сега 'тие' повторно доаѓаат секоја вечер , бараат начин да се вовлечат некако и да се вратат во мојот живот, но овај пат нема да можат да ме допрат, бидејки овој пат не ми значат ништо овој пат гледаат како покрај нив врват други такви делови,спомени,мисли но ткаени од друга личност пратени не за да ме држат буден туку напротив за да ме заспијат и да ми посакаат добар сон да ме пазат додека спијам. Овој пат јас сум тој што е среќен оној кој не мисли на реприза, кој е задоволен со тоа што го има иако го гледаш како малку тоа за мене е многу.Го добив повторно оној поглед кој кажува колку сум задоволен и испонет со живот. Го најдов својот мир а додека новата љубов чука на мојата врата и мирно ме погледнува додека спијам...а старата онаа која беше за тебе онаа твојата? - Епа веќе не ми е ни важна а не ни постои .....
 
Ми газиш на нервите срце... јесте да сум трпелива али сепак пази малце, немој да се претераш - само тоа ќе ти кажам ...
 
Ја примив твојата порака, нејќеш веќе ништо со мене.. Твој живот е ти одлучваш.. Ќе те пуштам во истиот момент кога ќе ми го кажеш тоа во лице. Не барам ништо повеќе. Ослободи ме од оклопов кој тежи со тони, пушти ме понатаму.. И покрај се, го одбравме најлошиот начин за збогум. Можеше да биде се различно, се ќе се завршеше со насмевка, но сега остана само солзата. Збогум со солзи во очите, исто како кога и се запознавме - со солзи во очите.. Ја добив твојата порака, дали ти мојата ? .. Знам дека знајш... Пушти ме, неможам вака понатаму..
 
Откако сум со тебе почнав да верувам дека постојат сродни души. Почнав да верувам дека за секој човек на овој свет постои некој кој ќе го надополни, усреќи, некој кој ќе му даде смисла на неговиот живот. Велат: Some day, a person walks into your life and makes you understand why it never worked out with anyone else. Без сомнение, за мене ти си таа личност.... Ти си оној кој ми покажа љубовта не секогаш мора да зема без да дава, дека кога некој навистина сакаш, за него си спремен на се’, без тоа „се’“ да го сметаш за жртва. Ти си оној кој ме научи дека во љубовта можеш да направиш компромис без да почувствуваш дека нешто губиш, оној кој ме научи дека вреди да се бориш, затоа што дури и солзите, болката и малите проблеми, не се толку страшни кога до себе имаш некој кој со кого можеш да ги споделиш.... И без оглед на тоа колку ќе трае оваа наша приказна и како ќе заврши, сакам едно да знаеш: Никогаш, ама баш никогаш нема да се покаам за било кој момент кој сум го поминала со тебе. ТЕ ЉУБАМ
 
Љубовта е само игра на доминација кој е поцврст и кој е најдобар од таа група на мажјаци.Има многу работи што ми недостасуваат и самиот сум свесен и си ги признавам а бев многу добар во минатото.Не дека не можам сега да привлечам било која,знам дека на некое ниво привлекувам девојки,доволно е кога сум во дискотека и седам на шанк и ќе ми се насмеат и ќе почнам муабет со било која без страв и ако не бива таа личност губи.Но тоа што мене ми недостасува е стандарди.Неодлучливост и голема самодоверба која моментов е работа што ја немам зашто животот ми е надолна линија.Не е се во моите бицепси и тоа колку сум развиен,мојот карактер е важен и мојот став кон животот.Не обвинувам никој за моите проблеми,самиот сум крив,но животот е таков па морам да продолжам напред,со сите мои недостатоци и со сите мои стравови што некогаш ме јадат.Тешко е да бидеш во баланс на себе и да бидеш позитивен,но мора тоа е единствениот начин за да успееш во животот.
 
Kaко и пообичај изигравам светец/папа или шо ти знам шо веќе. :icon_lol:
Али се надевам научив лекција, а допрва и ти ќе ме видиш како никогаш порано и дека дури и покрај тоа шо ништо не се случи, ми должиш објаснување и тоа големо колку тебе. Чисто колку да бидам помирен, али јасно ми е дека ништо не може да се смени.
 
И дали тоа повторно судбината игра со нашите светови да не се соединат за миг? Но сепак ми се допаѓа оваа игра на разминување. Па сепак, кога повторно ќе ја видам својата херц минута?
 
ајде нешто од мене од мојата поезија од моите воздишки
На калдрмата од сеќавања ме спрепнуваат празнините од камените коцки кои ги извадив зашто ми носеа само неспокој во мисливе. Успеав да те убедам декамоето лудило е твое и ја променив бојата на твоите очи. Утрото потоа, ги измив соништата од моето лице, и си го исеков погледот од рабовите на твојата насмевка. Премалку зборови останаа. Премалку за да звучат поврзано.
 
Ти успеа да ги препознаеш моите вистински бои после само неколку реда муабет, а тоа е нешто што некои личности иако ме познаваат со години, не можат да го сторат тоа...Верувам дека сфаќаш каква сум јас...Тебе можам да ти го кажам тоа што на никој друг не можам...Затоа ми значиш многу...да, баш толку...Затоа те сакам!
 
Не сум ни јас светица не можам за сите работи да те обвинам само тебе, ама така ми е полесно ти да бидеш виновен за се иако знам дека за кавга се потребни двајца. Од грешките научив и ќе ми помогнат за подобро утро.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom