Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде, бе ајде, после подолго време :) Само да ти кажам (не дека не сум ти кажал до сеа, ама ај...) дека минативе две недели се блиску до совршенството, а далеку од баксусистичките испади и уроци. Што е добро. Идеме даље...ти како си, добра? Баш ми е мило ,што полека сфаќаш дека неќам расправии, урлања, изводење бесни глисти. Едноставно види дека е боље кога се држиме за раце... :) Пробај да не бидеш толку инат (не моеш скроз да не бидеш пошо си таква, пошо си....инат), али гледај во секој муабет да не бараш 'рчки, расправии, да не бараш влакно во јајце, "шо викаат старите". Те сакам каква што си во моментов и за крај...ма ти пишав веќе за крај, да не се повторувам, ти си знаеш. :)
 
Сакам да ти кажам дека во последно време многу ме нервираш, а јас се повеќе и повеќе трпам!До каде може да стигне тоа?Осеќам како ич кур да не те боли за ништо вклучувајќи ме и мене нормално...Од тоа другарка ти не можеш да се одделиш ебате ко она да ти е дечко.Кажи ми зошто си таква спрема мене зошто неможам веќе да издржам... :(
 
Со секој изминат момент све појќе се каем што толку избрзрав со некој мој одлуке. Сакаше време да размислиш за некој работе што те прашав, пројде мислим доволно време од тебе уште никаков одговор што значи дека и дефинитивно заврши најубаат приказна до сеа:nesum::nesum::nesum:
 
Полека измина и овој месец.А ти се повеке ми навлегуваш под кожа, во срце без прашање.
Ти благодарам по незнам кој пат за тоа што ме правиш срекна и насмеана секој изминат ден.
Сакам да ти кажам дека не сакам да те изгубам заради мојата состојба последните неколку денови.
Ке се поправам ти ветувам-но само ако ми ветиш дека нема да ме прашуваш што се случува.
За да не те гледам дека си со солзи во очите зошто тоа ме убива.
Не знам што ми е во моментов но посакувам да те прегрнам,да сопре времето и така да останеме вечно.
Едвај чекам да те видам...и да ти кажам:Дојде,и да ти се фрлам во прегратки и да ме вртеш наоколу како што ти знаеш:)
Да ти кажам дека нема да те пуштам да си заминеш од мојот живот.
Заборави на нашата караница,таа беше прва и последна...Бидејки ти беше во право.Сакаш само да ми биде добро...
Го ценам тоа:)Ценам се што правиш за мене...
И заборавив да ти кажам дека одлично го направи утринскиот појадок :pipi:
I love you today,tomorow,the day after tomorow...I will love you until my last breath:wub:
 
Многу сум среќна што сум со тебе, што никогаш не ме напушташ, што не си класична мачо - битанга, што си поминуваме многу убави и слатки моменти заедно! Сакам кога се шетаме и кога ме закачкаш, сакам кога ми буричкаш у коса и кога ми дуваш во врат и не си нормален, али многу ти ги сакам тие фаците и очињата! :back:
 
Година или година и три дена како сакаш така сметај, мене времето ништо не ми значи. Помина една година, а со тебе преживеав толку работи што некој ни за 10 години нема да ги преживее. Ме научи што е тоа љубов, смеа, тага .. ми покажа дека во секој човек има чувства па дури и во мене. Ми даде 365 дена полни со смеење, плачење, тепање, идиотизам и најмногу од се љубов. Фала кога беше покрај мене кога немаше никој и фала што беше покрај мене и кога сите сакаа. Направи да се чувствувам посебно и сакано, чувство со кое досега се немав запознаено. Те сакам и сакам цел мој живот да го поминам со тебе!
 
Не знам веќе како да си се објаснам сама себе и чуствава, ако ми веруваш..еден момент сум ладна друг момент сум цела таква (шљакната) -.-
еден момент те нервирам друг те смеам..епа таа сум, многу се порменив после летото..нема потреба да ми кажуваш ти, знам и сама но сеуште те сакам најмногу :pipi:
Само дај нека ти се откачат тоа ѓубрињата и да можам да се опушутам во моментите со тебе... Се смении многу многу,сега ти си тој кој има потреба од гушкање и изражавање љубов 24/7 :pipi: те сакам бе малоо! ама сепак ми треба време да се опоравам од се...уште малце ќе бидам така поладна а после ќе си уживаме...АКО не се рчкаш со тие секако! -.-
:) <3 you
 
Една година со тебе :je:! Дефинитивно оваа година е најубава во мојот живот, секако поради тебе и поради тие чувства на радост и среќа што ги имам кога сум со тебе :)! Знам дека претрпевме многу работи, но како и да е те сакам (се сакаме) и ништо не е поважно. И да осеќам дека вечерва ќе биде една од најубавите моменти со тебе.
ТЕ САКАМ и сакам цел мој живот да го поминам со тебе! :wub:
 
Ете помина и дванаесет часот, и може да го прославиме и овој месец поминат заедно :tv: Десетче со кромид а??? :back:
Месец кој го одбележа мојот роденден :icon_mrgr Остарев за една година, и ваљда станувам уште попаметен и посвесен дека те сакам се повеќе и повеќе. Мило ми е што и ти имаш созреано многу откако се фативме, иако сеуште знаеш да ме изнервираш понекогаш...
Али врска без кавги не бидува :tv: Морам да се пофалам дека скоро и не се сеќавам кога последен пат сме се скарале онака здраво, и тоа особено ме радува. Си го живеееме животот, мечтаеме за заедничката иднина, и најубаво ни е :back:
Почнува и есента, а таа секогаш знаела да ми донесе изненадувања во животов, и месеците од ова годишно време секогаш ми биле најубави. Нема причина тоа да не биде така и сега. Всушност покрај тебе секогаш ќе ми биде најубаво, без разлика дали е есен, пролет, лето или зима. Кратко и јасно, те сакам :back:
П.С. фала ти што ми даваш поддршка околу ставањето на протезава :icon_cool
 
Немам коментар, навистина немам... Само ме интересира дали, и до каде јас сум спремен да одам за тебе...
Затоа што некогаш боли, некогаш е премногу, а некогаш е само една капка, од целото море кое би го препливал за тебе.
 
Има еден цитат што вели вака-Љубовта е како војната, многу лесно се започнува, а тешко се престанува. И во љубовта и во војната е се дозволено. Со таа разлика што во љубовта и двете страни победуваат.

Ние цело време водевме војна.Не може и двајцата да излеземе како победници од неа.Одамна требаше да го прифатам тоа исто како и тоа дека ти си посилната страна.А колку само мислев дека можам да бидам толку силна колку што си ти...Конечно ти симнувам капа.Се предавам.Ти победи.

Ако некогаш посакаш да водиш љубов со мене, побарај ме.

Се најдобро!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom