Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Прај се пи*ка ипол уште малце па да видиш понатаму кога ќе се сретенеме некад ни здраво нема да добиеш. Што ти стана!?
 
Како се осмели да ми го поставиш тоа прашање? КАКО?! Ама ете .. сам си го бараше и си го доби. Ми праќаше песни со такви текстови што ме натера да заплачам. Ми коментираше по статуси дали е со посвета или не е . Реши да останеме другари сега за сега .. а понатака кој знае што ќе беше, затоа најдобро реков засекогаш... Те фалеа толку .. збореа дека си добар дека никогаш не би направил такво нешто на женско .. а што испадна? Обратното од тоа.. бев глупава и слепа верував во сите тие збори мислев дека си таков но кога си го покажа лицето сватив каков си . Ми велеа дека сето тоа со прашањето беше една мала шега .. можда била а можда и не уште не ми е разјаснето тоа.. ама сепак некои други работи ги знам многу добро. Среќна сум што уште на почетокот не ти го подарив срцето затоа што сега ќе патев и многу тешко ке те заборавев. ДА признавам дека ми беше многу криво коа се испокаравме и ден денес кога ги слушам тие песни одма ме потсеќаат на тој што ми ги пратил .. Бев глупава и заплакав тогаш но сега веќе не. Можеби ќе сакаш да ме вратиш ама доцна ќе биде.. доцна ќе биде за СЕ` дури и за каење.. Можеби да не се случеше тоа сеуште ќе ги паметев оние ноќи кога ни беше најубаво но ти ги наруши.. така сакаше.. така и остана . Со сето ова сакав да кажам дека ТАКОВ КАКО ТЕБЕ НАЈМАЛКУ ГИ ЗАСЛУЖУВА МОИТЕ СОЛЗИ .. Ќе се каеш .. ама КАСНО ЌЕ БИДЕ .. знам ...
 
Во врска со љубовта, сакам да кажам дека се надевам дека ќе направи некаква магија наскоро, зашто во спротивно се работи само за чиста логика, материјалност и претприемништво.

Како човек старее, нема веќе потреба од љубов. Сè се сведува на интерес, а она што започнало од љубов, преминува во навика.

Претпоставувам дека вака може да се каже: среќа е да се најде мир во себе. Љубов е да се најде мир надвор од себе.

На крајот на краиштата, не знам дали некој е платен што пишува на Кајгана, па претпоставувам дека ова е труд од љубов, т.е. може така да се каже...

Ај забегав.

Поздрав.
 
Лага, лага која долго го држи својот ефект. Лага која како и во сите лаги, во почетокот сме наведени да веруваме дека е тоа вистинското, правото. Лага која ни ги заслепува очите, наведувајќи не да навлеземе подлабоко во неа. Лага во која откако влеземе сме маѓепсани толку многу од нејзината невистинитост што ни се чини дека сме семоќни. Лага која длабоко во својата злобна душа го крие вистинското лице. Лага која кога ќе ја добие нашата доверба, владее со нас. Лага, која безмилосно потоа манипулира со нас. Лага, која на манипулацијата и дава нов смисол, поголем, помоќен. Лага, која откако целосно ќе не освои, започнува со реализација на својот злобен план. Лага, која почнува полека но сигурно да го уништува секое парче од твојата душа. Лага, која откако сфаќаш дека е невистина, веќе уништила значаен дел од тебе. Лага, на која си и ја дал целата твоја доверба, за најнакрај да те забоде во грбот со сечило остро како на Екскалибур. Лага, која ја цица целата надеж во тебе, дури и онаа која последна умира. Лага, која откако ќе те доврши, те напушта сам со својот ум, доволно милослива да го остави да размислува и да сфати: "Јас веќе не ја правам истата грешка".
 
Во врска со љубовта сакам драга кајгана да ти кажам дека ич ама ич не сум заљубена.. :smir:
 
Сакам да ти кажам дека ми ги направи првите денови од новата година да ми бидат најубави:wub::wub: Уште го осеќам твојот парфем на моиве алишта:back:
И да ти се извинам што ппоследните две видувања се смеев како удрен пред толку луѓе, и што можеби малце те усрамив али знаеш дека сум непоправлив во поглед на смеењењто на јавни места:vozbud:
Батали тоа. Те сакам највеќе на светоооооооооооот:love3::love2:
 
во врска со љубовта сакам да кажаљм дека сум заљубен ДО УШИ !!!
си ја сакам мојата мајмила најмногу на цел свет и не би ја заменил за ништо и по никаква цена!!!
едноставно незаменлива е:smir:
Те сакам срце мое :back:
 
...Ќе ми фалиш најмногу во Св.Николе...:(
нешто друго сакав да ти кажам али забораив :jaj:Амм...милоо те сакам најмногу и сакам да ти кажам дека вчера ми беше многу убаво (иако смрзнавме) али нема везе ти беше тука за да ме гушкаш и да ме загрееш :wub: И да ..моментот беше дедо ми :tapp: :pos: а ти ми се изнасмеа у фаца -.- додека ја му ја мислев шо ќе измисли чиката :pos:
Те сакам мило најнајнајвише и дај ставај се на мсн ..не туку шетај по гости -.-
:love2:
 
Не очекував дека некогаш девојка ќе успее со само 2-3 збора да ме стопи толку и да ги разигра чувствата во мене. Не очекував дека ќе пишам нешто вакво во темава до сега, обично беа поврзани со то колку пиво сакам и лупав тежок сарказам ама не знам што се случи одеднаш. Сакам да се врати времето некои 3-4-5 месеци назад, или да се убрза толку напред за пак да те видам. Дефинитивно летото ми го развесели! Ај доста ми е од лигавење тука да не се расплачам... ок нема да плачам хаахахахха... Како и да е едвај чекам да те видам.
 
Те љубам мило!
Многу,најмногу!
Ова сакам да ти го кажам...Иако досега сум ти го кажала....
Ми остана само болка во душава.
Болка,тага,страдање.Секој ден...Секоја минута...И уште болит како првиот ден!
Мрак,ужас,пискотници.Секој ден...И уште солзи течат и не запираат.
Луѓето не ми зборуваат за тебе.Сите ја одбегнуваат таа тема.Сите кога ќе ме видат ги спуштаат главите и само ќе речат 'жал ми е'
Но,јас сакам да зборувам за тебе!
Сакам да им кажувам каков човек беше!Сакам да кажувам дека се гордеам со тебе,сакам да зборувам за тоа...Да видат и сфатат сите каква личност беше.
Не сакам да те заборават...

Одмазда!Нешто како да ме повикува на тоа....
Одмазда!Тоа ми треба за малку да го смирам гневот

И секоја вечер помислувам на тебе..И ми се враќаат слики.Некои се сосема јасни од пред неколку месеци,други пак како низ магла од пред 10 години.И на моменти само ќе ми се појави насмевка на лицево која ќе ги растури солзите кога ќе се потсетам на некој работи кои заедно сме ги поминале.

Силно го држам твоево ланче во ракава и го бакнувам...Знам дека си го допирала и прави да сум поблиску до тебе.

Но ти го знаеш ова нели?Ме гледаш од горе и знаеш што сакам да ти кажам,знаеш колку те посакувам овде.
Ох,како боли!

Разубави го рајот!

Те љубам како никој досега,како ништо во целиов свет!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom