Ти си зеењето во празен простор. Нема сврха.
Ти си желбите за промена на 31ви декември 2015та за 2016та, а види како завршува годината.
Ти си авокадо излупено и оставено. Одма овенуваш и менуваш бои на отворено.
Ти си цела 2016та помножена со два. Невиден хаос.
Ти си скршено огледало на ден пред крајот на таа 2016та. Зарем мораше?
Ти си оставена уклучена пегла за коса. Мало, скоро безначајно, ама ќе ја изгори цела куќа.
Ти си главоболката после ужасно тешка вечер преполна со непотребни алкохоли.
Ти си твоето свртување со глава кога ме виде синоќа.
Ти си се она мое каење во пределот на љубовта за себеси.
Ти ќе си никогаш повеќе спомнат.
Ти ќе си ништо повеќе од лош спомен.
Ти ќе си заборавен, но по која цена?
Ти ќе си. И јас ќе сум. Ние не ќе сме.
Жал ми е. За себеси. И за тебе. Можеше многу, одбра да си разочарување.
И тоа е за луѓе, не велам не.
Збогум и никогаш да не ми се повториш. И ти и 2016та.