Повторно е 17 ти, мила. Повторно е денот кога се претворив од ништо во нешто. И секако од ништо наеднаш наеднаш имав се. Пак тој 17 ти кој чекав да прекрши на полноќ за да ти пишам порака во која ќе ти честитам дека успеавме уште еден месец од многуте да го исполниме со љубов а богами и многу нежности. Денот кога пред 4 години спонтано нашите усни се допреа а нашите души се прегрнаа. Тогаш во тие очи медови кој проклето ги сакам видов сјај. Сјај кој и денес го гледам таму. Се беше прекрасно, јас бев ти а ти беше јас. Ние бевме се !
Тогаш тој 17 ти кога првпат славевме месец од нашето соединување, тогаш бев насмеан и исполнет како и наредните 48 месеци поминати во редост, среќа, љубов, топлина, тага, добро и лошо. На овие денови секогаш бевме некаде во некое добро место седејќи на маса и разменувавме страствени погледи како да сакаме да си кажиме, а богами и си кажувавме еден на друг „ Ти си ми се душо, ние не можеме еден без друг, ние сме се ’’
Никогаш не те изневерив, излажав нити пак мислев а и немав ни потреба ни намера. Имав се што би посакал еден човек за себе. Но криев нешто навистина мрачно во себе за кое не сум јас виновен, нешто што за кое и јас самиот немав храброст да го допрам. Нешто навистина болно кое длабоко во мене демнееше а јас се плашев дека еден ден тоа ќе експолидра, затоа што знаев дека е темпирана бомба. Никогаш на ништо не се уплашив, на никоја неправда не премолчив и имав храбост за се ама за ова не. Знаев дека сум кукавица и го прифаќав тоа .Прифатив затоа што тоа беше војна која не бираше ни средства, ни место а ни време. Добро се држев во дефанзива, без ниеден напад се до оној ден кога ми соопшти дека знаеш се.
Ми беше навистина криво што не разбра од мене, навистина криво. Се чувствував глупаво, поразено и како предавник. Зошто јас оној храбриот не најдов начин ни барем малце храброст да ти кажам се ? Како ли дозволив да изгубам ? Мислам дека поголем беше стравот дека ќе те изгубам па можеби затоа молчев... Молчев иако знам дека тоа не е моја особина, но стравот дека тој сјај и тебе ќе те изгубам ме совлада. Ете затоа ....
Ти како и секогаш храбра, па така и овој пат ми соопшти дека ја знаеш таа темнина. Ти имаше повеќе храброст од мене и горд сум на тебе мила, навистина сум горд. Знам дека те боли и знам дека ти се распарчи душата, но издржа онака машки, како што јас требаше да издржам. Со право ми соопшти и дека ти треба време да размислиш што ли се случува. Ми соопшти дека некој период јас овој 17 ти ќе го дочкам сам. Тоа го прифатив и овој пат сакав да бидам храбар. И бев храбар, ти дадов позитивен одговор дека те сваќам и дека нема да се бунам на ништо. Кога веќе одлучи мила, те подржувам во твојата одлука како и во сите други па и во се и сешто.
Прифатив да те оставам на мира, и ако ми требаш и тоа проклето ми требаш. Прифатив да те гледам од далеку кога ти незнаш. Прифатив и да не се лутам на тебе. Прифатив и сам да го дочекам овој 17 ти.
Овој 17 ти го дочекав сам на шанк, со шток со кој привремено се лажев дека барем малце ќе ме утеши. Иако знам дека е штетно запалив цигара. Цигара и шток..... Кој би можел поубаво да ме разбери ? Искрено никој. Секој дим и секоја голтка влегуваа длабоко во душава па некако бев сигурен дека знаат како ми е внатре. Знам дека и ти мила моја се осеќаш исто. Знам зато што ти беше моето се. Секој вдишан здив, секој твој потег го знаев како што го знаев и мојот. Знам како ни е и на двата. Ама ако нека ова биде така, можеби вака и требало. Можеби ова некој го сака а некој го планира. Нека каже времето, тоа најдобро знае.
Овој 17 ти сакам да сум навистина сам. Сакам да ја осетам болката, и сакам да се соживеам со неа. Нека боли да осетам дека сум жив. Нека боли да се навикнам на неа. И онака таа ми е се во моментов. Кој знае можеби некогаш ќе ми притреба оваа искуство па барем нека бидам спремен. Овој 17 ти ќе го истурам гневот во шишето и во пакетата виткан тутун. Баш така сакам јас. Нека остани таму, нека се претвори во чад и лутина. Таму му е местото.
А секој нареден 17 ти, ќе бидам на овој шанк со овој шток и овој тутун. Проклето ми годи како што ми годи секоја твоја прегратка. Кога ти ќе решиш овие работи да ги замениш со таа прегратка, побарајме тука. Тука ќе бидам и не бегам.
И за крај старата добра „ Ако грешам нека изгорам “...
Те очекувам мила.