Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Среќна годишнина :love:


Фалиш... :X3:

У саботата пеев една песна посветена на тебе. Знаеш, онаа за која на нашиот втор состанок ми рече дека ти е омилена од Балашевиќ. Немав у план да ја пеам, едноставно така ми дојде у моментот, ми текна на една сабота од пред 2 години.
 
Среќен роденден мил мој :backa:
Повели една торта на која сигурно ќе и се израдуваше најмногу ама и мојата е добра :X3:d35919e6e05e5293feaf1332006f76c6.jpg
 
...Се одреков од тебе
и телото морав да го
дадам на други.
Ќе ми иструлеше, ќе ми окапеше,
ако го оставев кај душите што
цврсто се стегнале во преграт.
Се одреков од тебе
и првпат жалев што стареам,
и првпат плачев што ќе имаме деца
кои размножувајќи се,
мене и тебе ќе нè одродат
-Q.S.
 
Почнува по малку во мене да игра семето синапово. Лошо ќе да е, а нема ни недела дека како прекинав, а веќе ме јаде црвот. Нема зошто да ме јаде и зошто да се каам.

Јас само заебав жена , а не човек.

Откачив личност кај која не постои морал, одговорност, почит, ценење на вредности и љубов. За која бев и останав само предмет на интерес. Иако мисли дека можеби бев посебен и добар матријал за нов почетокот, таа сепaк беше само во тој период и стадиум кога и требаше дечко и цврста врска. Си имаше изградено критериум, но тоа не значи дека и други машки не влегуваат во тој критериум.

Така што не мислам дека бев нешто посебeн за неа, туку само предмет на интерес. Како што ќе бидам и кај секоја наредна, and so on.

Пак ќе кажам не повредив добар човек со чест и достоинство, туку само жена со крајно превртлива и подметлива природа , во чиј корен лежи крајниот егоизам.

Може ова звучи само како беден изговор , меѓутоа подобро јас неа да ја заебам отколку она мене.Така нели? Вака помалку боли. Јебига шта чеш свако своје дупе мило. А не и се враќам колку тоа и во моментов да ме тера ...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom