Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Моите чувства спрема тебе се единствените убави чувства што сум ги имал толку време наназад, но сепак нивната појава не можам да ја окарактеризирам како позитивен настан.
 
Во животот ќе запознаете и такви... оддалеку ќе ви се чинат небаре величествени небесни тела, недостижни, блескави, обвиткани во заслепувачка таинственост од милијарди кандели.... Доближувајќи им се, ќе се борите за воздух преплавени од опскурни бранови на разочарување. Ќе видите дека биле огромни, ненаселени, темни, мртви планети што ја краделе светлината од некоја далечна џуџеста ѕвезда
-Q.S.
 
За помалце од 24 саати знаеш да усереш работа, ебате детиштето.
 
Два прекрасни дена во низата на убавите денови. :angel: Целиот сум ваков :ROFLMAO:
 
Овие денови сум како светулка во пролетна ноќ... Не, ... како светулка во пролетна ноќ после дожд... Ти благодарам!
 
Последно уредено:
...да бевме уште заедно, пред 2 дена ке славевме 6та годишнина од врската. замисли....

претходната недела ко бех пишал дека ке минам низ твојата зграда, сакам да ти кажам дека поминав ама тебе не те видов. искрено, криво ми беше... за да надоместам таа некоја празнина, решив да одам таму декашо живееше додека бевме во врска... таму дека шо заспивавме и се будевме заедно... и да: за малку ке заборавев, Среќен 8ми Март малечка...

 
Последно уредено:
Ќе се мажела со докторот.:pos::pos::pos:

Толку од "фантазиите" да издадеш книга , да живееш во Лондон па макар и садови да миеш , да ризикуваш и да бркаш кариера барем до 30 год , да одиш на некој рандом кастинг за некоја рандом улога во некој рандом филм. Еби се , dreamer my ass. Еден дентист со треторазреден кариес ти ја поеба цела илузија што ти ја нарекуваше ''failure is not a option".

Знам дека го читаш форумот , посебно темата. И да знаеш (уствари знаеш де) дека имам прекрасна личност до мене со која ќе пробам да остварам се што планиравме јас и ти заедно. Па дури и да не успееме во ништо , пак ќе си се имаме двајцата.:pipi: ... За дупето ни муабет да не правам, Кочо од Битола може да го преобрати за саат време. Ако се споредуваш со неа отвори и некоја слика на фб , и до нејното стави даска за сурфање. You can feel me, right? :pos::kuracc: ... И да , секоја вечер и го гризам. :icon_mrgr:
 
Не можам повеќе само јас тебе да те молам, ми се смачи веќе смени го твоето однесување кон мене . Ја претера скроз.
 
Те слушам како правиш планови за иднината и само ти климам со глава. Не можам ништо да додадам, не можам да се вклучам... сеуште не знам колку од тоа ќе може да го поделам со тебе. А толку убаво звучи...
Се насмевнувам вештачки за да не приметиш дека друго го расипува овој момент. Не можам да ти кажам низ што поминувам, не сеуште, не додека не дознам што всушност ми се дешава. Ајде да се надеваме дека нема да дојде до тоа да морам да ги споделам мисливе со тебе...
 
Празник си ми за очиве,можам да те гледам и истражувам цел ден.
ама не смеам да допирам.
Исто како во музеј :(
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom