Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Шо криеш зад таа лажна насмевка еден господ знае. Знам дека ти се случуе нешто во животот, а шо е тоа нешто, ќе дознаам наскоро. Работите не одат во добар правец, поарно со курва ќе одам, бар ќе ме лаже дека ме сака, него ли вака да те брецам, па да ми кажеш дека ме сакаш. Или кога ќе речам дека не ме сакаш очи да ми вадиш. Безвеза, толку жени низ рака ми поминале, види на шо накапав, ами не сме од вчера, 8 месеци и кусур направивме, кур подебел, ако не се замарам, нареднава недела има да дознаам шо е тоа шо криеш па мајка јана нека е, ич око нема да ми трепне ако дое ред да се скараме, од тебе сон немам ебате љубовта ебате.
 
Потсети ме...што беше тоа љубов? Она чувство кога се те боли до коска иако знаеш дека тој некој те заменил за една недела? Љубов ли е кога тој што си мислела дека те сака ти се јавува да ти каже дека ќе се жени?! Што треба да направам, да глумам среќна и да ти честитам? Извини, ама не сум лицемер и само ќе ти кажам..во врска со љубовта..ти си причината поради која се откажав од многу работи, се изолирав од сите за да ти се посветам на тебе а за што? За да ме избришеш ко молив што се брише со гума, да нема ни траг од мене ко да никогаш не сум постоела?! Нема да те навредувам затоа што јас и ти никогаш не сме го правеле тоа, иако една кнедла ми стои во грло и имам милион работи да ти изнакажам..Само ќе кажам дека очигледно тооолку многу си ме сакал што на крај ги стави сите други пред мене! Само да знаш дека ти си причината поради која се откажувам од љубовта и од тебе и од нас! Крај, готово е се`!
 
Љубовна верификација
животна едукација
болна контра-индикација
хаос ми е главава-икација
Фала.
 
Бившата ја гледам еднаш годишно или пак два пати ако е престапна годината, денеска се случи да се начекаме четири пати. Фак... :/
 
Јас само ефтино ќе си патам и ќе се јадам,
Те љубам А.Т
Само тебе.
 
Можи да пуштам? Режија можи да кажам два-три збора на микрофон оти ногу ми се оди во вц?

-Твојата лудост по турбофолкот ми ги навлажнува мишките, ма.

Уствари... Ме знаеш доволно добро? Знаеш дека имам шест пара црни чорапи и тоа сите ми се од поклони за роденден? Не? :мафтањерачиња:
 
Се појави во мојот живот додека минував низ еден период во кој Детето во мене беше речиси целосно повлечено, разочарано, исплашено, тажно...Уште при првата средба со тебе, ти успеа да ја извлечеш неговата насмевка, да ги кажеш најсоодветните зборови за да исчезне сиот страв собран во него.Тоа Дете, после тоа, секој ден копнееше да те виде.Копнееше да го слушне повторно тоа преубаво нежно гласче со тивок тон.
Возрасниот во мене беше немоќен, не можеше, не успеа да го спречи тоа.Секојдневно му повторуваше на Детето дека не смее да го чувствува тоа, дека тоа нема никаква иднина.Но Детето беше пресреќно, Детето едноставно уживаше додека беше во твоја близина.Во твое присуство, тоа како да беше најспокојното Дете на светот.
Правилата кои упорно ги наметнуваше Возрасниот, воопшто не му беа интересни.
Детето се радуваше на тебе како на некоја нова играчка.Детето те засака, искрено те засака, детето одбиваше да ја прифати суровата вистина на Возрасниот.Сега Детето се соочува со таа вистина.Сега Детето пак е тажно, дури потажно од порано.Неговата омилена играчка му беше одземена без никаква милост.Сега Детето е збунето.Ќе му подари ли животот некогаш повторно исто толку прекрасна играчка? Ма не...каква играчка...ти претставуваше и повеќе од тоа.Детето загуби многу повеќе од играчка.
Ти беше најдобриот пријател што некогаш сум го имала во животот.Ти си човек со огромно срце.Во тебе гледав роднина, гледав брат каков што отсекогаш посакував да имам, гледав пријател, другар...и тоа последното заради кое би требало да се срамам.
Беше too good to be true...Тоа е тоа.Да си здрав и жив!

 
Деновиве ми се случија најубавите моменти во животот и не сакам никогаш нема да заврши ова. Се надевам дека ти се свиѓаше изненадувањето и сакам секогаш да те гледам насмеана покрај мене, затоа што тоа ме прави среќен и мене. Фала ти што ме ислушуваш за секој мој проблем; се трудиш се да биде во најдобар ред и си најпозитивното нешто што секогаш прави да се чуствувам најјјубаво без разлика на се:oops:

И еве ти го омилениот, напамет ги научив и текстовите више :icon_mrgr: ТЕ САКАМ ПОВЕЌЕ ОД СЕ!! :love:
 
Како на утакмица евоооооооооооооо и ништаааааааа :oops:

Денеска ова беше нокаут ... некои зборови понекогаш менуваат и тек на една река ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom