Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Keep stroking you ego like that. It's beautiful. :)
 
Знаеш, не сум јас виновна што ти бакнуваш така добро. Не сум виновна што секогаш знаеш го да кажеш она што ми треба да го слушнам. Ниту пак што знаеш да гушкаш токму така за да се чувствувам среќа во таа прегратка.
Не знаев дека ако те нема цел ден, дека ќе ми недостигаш, што нема да мислам на ништо друго. Не знаев дека ако слушнам за друга околу тебе ке бидам љубоморна и тажна. Не знаев дека непрестано ке мислам на тебе секое разбудување, одење на работа, дремење на пауза....
Не сакав да се заљубам. Бев сигурна дека нема, дека можам да се контролирам и дека само ке го уживам твоето присуство. Ама, ете, се случи. Не знам како, ни кога...само ми удри во глава фактот дека сакам да те гледам, да те слушам како објаснуваш небитни работи, како ме тегнеш за косата и како се смееш. Назад нема. Ова веројатно било одамна, замотакно некаде во главата, скриено и чекало да се појави. За жал, се заљубуев со месеци, со месеци ке се одљубувам. Не мора да биде најболно баш тогаш кога очекував да биде најдобро. Иам некоја лоша среќа, секогаш кога ке сфатам дека сум заљубена, иде крај. Нема фаза на среќа, па кавги, па одљубување, па крај. Само кратка среќа и крај. Не можеш ништо да направиш да не боли. Касно е веќе. Многу касно. А само сакав да бидам среќна.:notworthy::notworthy::notworthy::notworthy:
 
Ха, едно кафе историско стана...
 
Со тебе, расположение од нула до стотче за секунда like np!
Те обожавам :)
 
Не можам да водам љубов со твојот ум, ама можам со твоето тело. Затоа, остави го умот, заборави на мислите и не кажувај ништо, зошто вечерва ке го слушаме само, говорот на телата.
 
... премногу се навикнав на тебе и денот без тебе веќе не можам ни да го замислам. Фала ти за сето внимание што ми го даваш! ♥
 
Кога на љубовта ќе и дадеме цел и страст за резултат, кога ќе ја ограничиме и "загадиме" со некои наши или туѓи очекувања, тогаш од љубовта сме направиле стремеж. Тоа е она што ја прави да биде причина за страдање, болка и омраза.
Секогаш кога ќе прашате некого зошто сака, го прашувате за таа цел, за таа "страст за резултат", прашање кое ја прави љубовта импотентна.
Знае ли скулпторот зошто сака да прави скулптури? Знае ли писателот зошто сака да пишува?
Зошто? Поради падот на Затоа.
 
Тронка фалеше да те отерам у три лепе пизде материна вечерва....тоа се знаци на љубоф од моја страна :love:
 
Се сеќаваш што се случуваше летото???
Се надевам само дека не е премногу доцна за да ги поправам работите.
 
for my ex: Многу ми е криво што не те задржав..тогаш не знаев дека го имам најубавото нешто крај себе..дури сега сватив,,после една цела година..последниот пат кога те видов не ти се искажав целосно,немав ни време.Знам дека нема пак да ме засакаш,после толку мачење да ја добиеш љубовта од мене,јас те отргнував се подалеку.Знам дека се избацив со таа порака пред еден месец,но не можев да се контролирам.Се изненади нели?знам..но зошто тогаш пак побара да ме видеш,да поминеш неколку часа со мене?Зошто..кога веднаш потоа ме остави..не ,ти веќе не си истиот.Си станал суров.Сакаш да ме гледаш како се мечам додека се обидувам да ја добијам љубовта од тебе,и уживаш во тоа.Иста бев и јас тогаш.Многу ми е жал.Сеуште некои песни ми будат спомени,оние спомени,нашите.Се смееше со мене,кога бев тажна се обидуваше да го поправиш тоа...А јас?ЈАС Глупавата,не го заслужував тоа,не,...многу бев себична.И прегеска кога ми направи здраво,ја осетив топлината на раката,секогаш ти беа топли,ги топлеше и моите,кои цело време беа смрзнати,ко и моето срце.И да,веднаш се сетив како ме држеше пред сите за рака,додека мене ми беше срам од тоа.Многу се каам.Се надевам дека ке те прегрнам некогаш повторно,така силно како што го правеше ти тоа.И додека велам дека некој друг го сакам,се лажам себеси.Ти си оној кој го заслужува моето срце.Многу ми недостигаш,многу!
 
... со деца краставици... си знаете како идеше, ме мрзи по 100 пати да повторувам. Фала.
 
... веќе почнувам да те заборавам. И тебе, и таа после тебе.
А најверојатно и таа после таа после тебе.
Еј, gamet disease, иам страв од приврзување после тебе, а ти никогаш не си ни знаела, да се приврзеш. Очигледно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom