Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Најтешки се миговите на исчекување и надеж дека нешто ќе се смени. Кога се залажуваш себеси дека можеби грешиш и дека не е се така како што изгледа. Сакам да оздравам од оваа болест.....сакам една вечер да легнам без да ми поминат низ глава мисли за тоа што би било ако би било се поинаку. Дали промената може да ме направи среќна онолку колку што сум индиферентна сега моментално кон сите припадници од посилниот пол околу мене.......Работите се менуваат за сите освен за мене...како да сум заборавена честичка во некој безвременски простор.....

:pipi:
 
Не знам што се дешава во последно време.Можеби проблемот е во мене, а и ти не си цвеќе за мирисање мада ти се правиш будала со сила и го прескокнуваш тој дел.Не ми е јасно едно нешто кај тебе.Како можеш да се правиш жртва, а се што кажав е точно и ти го потврди тоа и после да ми раскинеш и да немаш грижа на совест? Уствари не грижа на совест туку да размислиш малце дали си се усрала и како секој нормален човек да се јавиш и да се извиниш, а не со патетики преку пораки да ми се изјаснуваш.

...И да мораше пред роденденот ова да ми го направиш?
 
Веќе цел ден читам квалитетни мислења на форумов , ме пука некоја си тешка депресија , сањам една иста девојка веќе 3 недели.Таа девојка е , можеби девојката од моите соништа , буквално.Но не ја сонувам во позитивна смисла , напротив таа ме прогонува иритирачки ми се смее , ми го крши веќе искршеното срце.Тоа не си ти, но изгледа е казна за тоа што бев дебил.Знаеш оној дел од песнана на еминем кога вика If u got one shot , to seize everything u ever want it ...Епа јас ја испуштив таа шанса.Те испуштив тебе , како и во претходните случаеви,секогаш иста приказна , секогаш исти грешки.Нели од грешките се учи демек ? My ass , јас само учам како да напраам поголема грешка, како од гомно да згазам во пролив . Знаеш љубовта кон тебе , ја мерам со љубовта кон албум сликичките во моите рани години.Тогаш сликичка од еден роналдо,роналдињо се менуваа за сликици од други 10 фудбалери што ти ги немаш во албумот,а јас моментално не би те сменил за други 10 девојки со кои што би уживал во секој различен ден од неделата.Е толку те сакам моментално.
 
Немој да ми изиграваш некој идиот, дека идиот веке си ! Се замарам со деца бе алооооо !!! незнам што сакаш од мене неможам да те сватам !!! :mad: Дали намерно ми се понашаш вака за да залетам по тебе ? Епа ти успева дека сум ГЛУПА ама се ке ти вратам да си знаеш ! а толку ми недостигаш, само да знаеш колку многу сакам да те видам ! песнава за тебе :(
 
Со жениве не се може а без нив па ич :notworthy:
 
Ратујемо ти и ја :свиркам:
Ама ти спремам вратка!
soon_meme_collection_640_04.jpg

Треп, треп :pipi:
 
Сношти ме „мавна“ еден мал флеш од порано, ама многу мал :D
И ојдов на профилот твој и приметив уствари колку долго не сум го напрајла то, пошо порано ја знаев секоја ситница на него, и не знаев дали да се смеам или да плачам :D ама добро сеа, се дешават :) барем појќе не те замислувам ко најсовршениот тип шо сум го запознала ев’р
 
Страшно е колку долго време се бркаме..а пострашно (за мене) е што воопшто не ми е здосадено, напротив, секој ден ми е се поинтересно, се чувствувам ко заљубена средношколка, на твоите пораки реагирам ко да сум добила на лото а кога ќе ти го чујам гласот..на небо сум:pipi: Најкратко, а најконкретно.. те сакам:love:
 
Ех. Имам едно прашање. Кој баксуз сум по ѓаволите јас, што оние мажи кои не ги сакам ме сакаат, и оние кои ги сакам не ме сакаат? Не можат ли да се судрат барем еднаш чувствата, и да не се разминуваат?
И зошто треба да го игнорирам оној кој го сакам, за да го привлечам? Колку само идиотски е сето тоа.
Не знам дали да бројам веќе колку само откачувања иам. Чисто ради статистика. Да кажуам на внуци.
Самодоверба лоу. Треба идиот да сум па да бидам задоволна од самата себеси по сите овие корпи. И последниот контејнер, со кукул врз него.
Уште важи тоа дека мажите се егглесс:) Дека жените се посилни од нив. Каko бре, може да му е страв да се јави и да каже, не ја бива работата! Да го нема со недели и да ми пише среде ноќ после? Што е толку тешко да се каже? Тепам?
Па и лажењето. Упм со маживе. Да можев да издржам два ПМС месечно, ке си фанев женска. Бар ќе имав некој што не се плаши да биде искрен и кој не се плаши од мене.
 
ете....пет месеци...тоа што не се надевав да издржи ни една недела,испадна 5 месеци...сакам смао да знаеш дека овие 5 месеци сум пресреќен и дека уживам да бидам со тебе... знај дека те засакав,така да ти нема спас..... :love::love::love::love::love::love::love::love::love::love:
 
Толку е веќе неможам се откажувам. Победи она и има право да победи ја има целата подршка на нејзина страна, а јас што имам? Убаво е да почувствуваш некој да е до тебе да те сака и ти да можеш да ги возвратиш истите чувства. Да ја имаш другата половина да те држи за рака додека шетате на некое место кое зрачи убава енергија. Но неможе секое грнче да си го најде своето капаче. Ќе си се помирам има време......како што и Владо пее барем така мислам.
Зошто мене ова ми се случува? Зарем е толку тешко да престанеш да му го уништуваш животот на некого постојано? Едноставно ако не го сакаш и несакаш да бидеш со него остај го да си го живее животот, да се помири со тоа и да продолжи. Зошто се враќаш на мене? Толку ти е интересно моето патење? Толку ги сакаш моите солзи?
Зарем треба да завршам со некој кој ме сака, а јас би требало да глумам дека го сакам за да не бидам сама? Или пак осаменоста е единствената опција која ми останува? Два месеци без тебе издржав зошто бев на друг континент и доволно далеку за да не можеш да допреш до мене. Ама ме најде, неможеше да одолееш на можноста пак да ме уништуваш.
Немам многу сила веќе ама мора на ова да се стави крај......мора ако несакам сама да се уништам.
 
Знаеш не е до тебе до мене е... Одамна поставив барикади околу себе и не дозволував никој да допре до мене, за да не би била повредена. И не покажував емоции. Ладна бев повеќе од што требаше. Очекувано беше ова. Без разлика на се сакам да знаеш дека ми годеше твоето присуство, начинот на кој секогаш знаеше да ме насмееш... Дозволив други да влијаат на мене а не требаше. И сега би рекла дека малку ни фалеше,но секогаш малку фали. Што е тука е...
 
Што ми фали мене? Што има таа што немам јас? Знам дека може вода да ми носи. Буквално за се. Освен можеби за книги и слични глпости, ама тоа не гледа деца. Не палат кики на плавата. Не се останува со некој оти ти е жал. Знам дека ако ме погледне ке се расплаче. Оти ја имам таа моќ да го направам тоа. Знам да бидам кучка со поглед. А ке дознае кога тогаш. И сето ова не го правам за тебе:) Го правам оти ми е забавно. Си играм со туѓи животи. Ако, си играа и со мојот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom