Не се плашам, тоа знаеш. Нити имам очекувања, нити сум во некоја надеж. Едноставно те сакам, те посакувам, те мислам, ти сакам среќа. Помеѓу тебе и мене стои едно големо НЕ, кое значи дека јас и ти имаме свои животи, но и едно гоемо ДА, кое кружи низ мене и низ тебе.
Убаво е? НЕ! Прекрасно е. Да знаеш дека постои, дека е овде, дека се движи и дише. Дека трепериш дека гласот му е за никаде додека се правиш мутава, дека се чувствуваш како будалетинка мислејќи дека си во грешка и скокаш од среќа бидејќи ти се потврдува дека не си.
И што е важно? Ништо не е важно. Ништо не е толку силно и битно. Не разбираат, па што?
Да за тебе е. За тебе, се сомневаш? Другиот пост не ќе е , но овој е! Твоја- колку е убаво да припаѓаш. И што ако ти припаѓаат и сите други, кога ниту една не е иста како мене. Ниту една не знае да ти се радува како јас, искрено како дете, кое нема никаква зла мисла, туку само те сака многу. До сега го имав мирисот на водите, допирот на ветерот, морниците од уморот, порегратката на перницата, страста на ноќта која трае многу долго во моите денови, ја имав насмевката за секоја роса, за секое дете, за секоја добра душа, ја имав вербата во семоќниот, и се случи магија, сега ми е топло околу срцето. Потскокнува, очите ми се полни со сјај, погледот некаде залутан во правец на мислите, а мислите се смешкаат. Тука си. И јас сум тука. Цената на љубовта е вечност, среќа, и толку, само толку, јас само многу те сакам. Нели тоа побара од мене, само да те сакам. Ете тоа правам. Те сакам

Едноставно, купи ми некој цвет, малечок и миризив, и остави го некаде каде поминувам, само да знам дека и ти си бил тука. Ќе се радувам, како што ти се радуваш сега.
