Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека ... [стара]

  • Креатор на темата Креатор на темата smizlicka
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Знам што сакам, и неможам да го имам тоа
знам по што копнеам, но и тоа неможам да го имам
знам што би ме направило среќен, но и тоа е толку блиску а толку далеку
знам и што ме исполнува, а го гушам тоа
знам и колку сум среќен , со само една преубава насмевка,
све знам.

Но ова срце или оваа душа, можеби разум, одамна го изгубиле својот сенс, за многу работи, толку исполнети со чуства, а навидум празни.
Се прашувам каде, кога, можеби некад, дали заслужувам
Храброст ?
Решителност ?
Страв од што, нешто непознато

Едноставно ме убива таа ладнокрвност и незаинтересиранот, и ја барам сам каде е грешката, каде застанав, и прекинав со чуствителноста. Се прашувам некогаш и Зошто јас, зошто јас.

И знам дека не барам многу, не барам малку, едниствено нешто што ке ме исполнува, да се будам со помисла на тоа, да легнувам со помисла на тоа, едноставно вака не иде, и не знам до кога ке биде вака.

Насекаде насмевки, очи , пресреќни луѓе , да се радувам на тоа, но за миг ќе се потсетам дека можеби се тоа е лажно, можно ли е да воопшто е тоа така
И во врска со љубовта немам што да кажам, а и да имам не знам како да го искажам,

Зборовите некогаш не вредат ништо, некогаш ти го носат светот на дланка само за миг , и не сакам да сум среќен, себично е да размислувам така, но мислам дека барем заслужувам да ме облева тоа чувство.

Се надевам некогаш повторно ќе го осетам тој сјај, на среќа и исполнетост , нешто што сум го посакували имал во минатото а го немам сега :pipi:
 
Капка по капка…
Чекор по чекор.. се подалеку и подалеку си од мене.
Тажно нели? Каде завршивме, колку далеку стигнавме.
И не е гордост, од инат е знај, нека сум проклета што ставам крај, те имав, те сакав, ме имаше, ме чуваше..
Што ли уште да променам за да сфатиш дека сум твоја, само твоја?
засекогаш твоја
 
Кога само зборовите би можеле да го искажат она што го чувствувам. Овојпат нема ни да пробувам да објаснам што ми се случува, само ќе кажам:
Филипе! Засекогаш...
Те сакам. :wub:
 
Ах, колку ги обожавам оние утра кога ќе се разбудам и првата мисла си ти! :wub: Веднаш ми доаѓа насмевка на лицето и знам дека овој ден ќе биде преубав! Те сакам мило, more than words can say!:back:
 
Хаотични промени, златна. Тешко ми е играњево топло-ладно.
Неможам да се навикнам на оваа динамичност. Не после сето тоа што поминавме.
Секогаш велам да во лицето на промените, но ова некако не ми делува удобно мене.
Врати се, врати го старото твое јас. Ми недостига. Ми недостигаш. Твојата грижливост и толку невин карактер.
Не ти одговара овој кучка однос.
Хармонични сонови, знам дека спиеш попладне. Убав помин вечер, истотака.

Тоа сакав да ти кажам во врска со љубовта. И да, те сакам.
 
Да ми кажеше некој дека ке клекнеш на колена во среде кафич да ме молиш за бакнеж , е неееееее немаше да верувам дека ке го направиш тоа , а уште помалку ке верував дека мене ке ми се случи нешто вакво :nesvest:

:back:
 
Немој да мислиш дека нешто повеќе ќе бидне од ова.. Ќе се залажеш, добра си вака за забава ама не повеќе, нешто друго барам јас.
 
Можеби не те гледам онолку колку што би сакал јас.
Можеби и не те гушкам баш преку цела вечер.
Можеби и некогаш кога сме заедно и те држам во моите прегратки,занесен сум и не покажувам колкаво богатство си ти во мојот живот...

Има многу "можеби",но она што е најсигурно е дека длабоко во моето срце е врежано твоето име и јас лудо и искрено те сакам.
И ќе пробам да го демонстрирам тоа секој ден...
 
Зошто ми даваш лажна надеж?А сега ги отворив очите и тотално се разочарав
 
Незнам зошто почнуваш да збориш такви работи за мене???Сум грешел признавам но никогаш јас не би го правел тоа што ти го правиш сега...:(
 
Сакам да ти кажам две работи, една примарна и една секундарна... ќе почнам со секундарната...

Секундарната е таа дека нејќам да мислиш оти сум те заборавил... сеуште мислам деноноќно на тебе... може не го покажувам тоа, но само јас си го оддржувам моето ветување кое ти го дадов... и јас знам како тоа се однесува во мене...
Примарната, е едно прашање... до кога ќе иде сево ова вака? :nesum:

Ми фалиш премногу... секој ден се надевам оти ќе издејствуваш некако... ми фалиш... премногу... :nesum:

едит: моментов кога те прочитав, се израдував ко мало дете... :toe: :back:
а моментот кога го одржувам ветувањето... едноставно посакував да го нема... ама ти ветив, и ќе го исполнам тоа...
 
Еј ти!
Само едно долго:аааааааааааааааааааааааааааах!

Не се срамам. Добар си.
 
Помина време и мислев дека ќе биди полесно да се батали,али не било така...:nesum:
Сеуште има нешто што ме тера да те чувам уште во мене...ама незнам што е тоа и зошто тоа е така...знам многу работи кои водат на друго,а пак нешто чудно се случува со мене...кое ми тврди нешто друго...те сакам плавушо племето да ти го е*#м...
 
Делата кажуваат повеќе од било колку зборови. И се надевам дека ќе го сфатиш тоа во најскоро време. Ми недостигаш злато мое.
 
Одамна не сум посакала да ти кренам слушалка да ти кажам збор ил два.....Ти го посветвам ова.Едноставно потребата да те слушам,да те изгушкам и воопшто да те видам сега е многу помала отколку порано.Не чувствувам потреба да ги прашувам луѓето за тебе,не ми е битно каде и со која си бил вчера.
Мислам дека конечно свртив нов лист и те оставив таму каде што припаѓаш.Свесна сум дека не можам да избегам од спомените,но вака ми е подобро остави ме.
Секое твое повторно враќање боли...Многу боли...Затоа не се враќај повеќе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom