Љубав није за мене...
Дефинитивно не е. Во овој месец, барем тоа го воустановив. Без разлика што ми удираат заушки, подушки, пенали, клоци, пцовки кога ќе го споменам горенаведеното, јас цврсто стојам на тој став. И совршено ми е јасно како се поставени работите. Да не бидам сфатена погрешно, јас во љубов верувам, јас љубовта ја сакам и јас постојано сум заљубена, дали во животот или во љубовта како таква, во дождот, во факултетот (колку и да звучи geeky) и слично...Но, јас сум сигурна дека што се однесува на онаа љубов, the љубов дека не ми е судена и дека едноставно...не е за мене. Можеби не требало да бидам сакана. Јбг. Око мене лете лете сви, ајде и ти полети, ма нечеш баксуз сум баксуз у љубави. Некој и тоа мора да биде. Исцрпена сум. Психички. Навистина сум. Знам дека сум полна со негативности што се тиче овој сегмент од мојот живот, но така е. И го знам тоа. И затоа се радувам кога ќе чујам дека особи што ги почитувам се заљубени и ја откриле љубовта. Многу ми е мило. И ќе се радувам на туѓата среќа и туѓата љубов, затоа што љубовта во мојот живот... благо речено нема да ја осетам. А и не е дека не разбирам. Кој би сакал емоционално нестабилно исплашено филозофскодокрајности настроено суштество? Терсене сум, стегната, со ментална блокада кон одредени работи, која не можам да ја тргнам. И сум претерано сериозна и имам чудна смисла за хумор. И знам да бидам хистерична, параноична, хипохондрик на моменти. А да и во последниов период тежнеам кон тоа да не знам што сакам. Не, не, не да биде потрагично, знам што сакам, ама бегам од тоа што го сакам, затоа што се плашам. Се плашам реално да засакам, затоа што не знам дали би можела да поднесам уште едно разочарување. Не знам. Да биде уште потрагично, чувствувам како полека и губам способност да чувствувам и како се полека и полека се претварам во ходајучи зомби. Едноставно сум numb.
А до тој еден... колку бев глупава. Знам дека не знаеш. Не сум толку арогантна и не те игнорирав затоа што тоа го сакав, туку затоа што сум смотана и не знам како да реагирам во такви ситуации. Ама нормално, нормално дека нема да го помислиш тоа. Нормално. И затоа сега јас сум таа која што си ја треска главата од тастатура, нормално, како и увек. Смотана. Јас цела во бунило бев кога ќе те видев, се однесував како да сум го видала Каспер ама нели, јас ако сама себе не се убијам во поим, нема кој друг да го направи тоа место мене. Али и подобро беше тоа за тебе. И онака ќе се разочараше од мене, така што подобро е тоа што се поставив така, вака нема да губиш време и ќе најдеш многу подобра од мене (што и не е така тешко).
До сега се што направив на ова поле љубовно, све беше грешка до грешка. Од една грешка, запаѓав во друга, па направив уште една грешка и така се до недоглед. Затоа сега и веројатно љубовниот живот ми е како Титаник - 20.000 милји под морето.
Јас сум решена дека веќе не сакам врски, не сакам мувања, не сакам било што додека не се појави нешто за кое сум сигурна дека тоа е тоа. Ако се појави. Ако не се појави, здравје Боже, навикната сум да сум сама, нема да ми биде проблем да си терам по the lonely road. На крај не можат сите да ја имаат својата happy ending приказна. Нечија приказна мора да заврши со тажен, осамен крај. И најверојатно тоа ќе биде мојата.