Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека ... [стара]

  • Креатор на темата Креатор на темата smizlicka
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Сонце мое... животе мој... за разлика од истиов датум пред една година, овој денеска ни беше многу поубав. Те сакам таков наврнат од дождот, како што дојде прееска. :)
 
во врска со љубовта......сакам да ти кажам дека сакам да сум таму za samo te vidam...hateing rainy nights:(
 
Љубов наместо Пролог.
Љубов како дефиниција.
Никогаш.
Words are superficial.
А со самото тоа,арогантно имаме право на нив,па кој сака нека ги дефинира,и нека испадне будала знаејќи длабоко во нас дека и самите не можеме да ги дефинираме.

Калапот е убава работа.Од него можеш да извадиш кругови,срциња,триаголници и разни други форми,и самата таа креација да ја претвориш во прекрасни парчиња слатки,за оној кој го сакаш,за блиските,за себе...

Кога веќе одиме кон метафори,мило,трите форми кои ги спомнав кај нас одат во обратна насока....четвртата ќе ја изоставам,а ќе изоставам и карма,па ќе се препуштам само кон едно малку лигаво гледиште на овие три форми кои одбележаа една ера.Ера во момент.

Триаголник.
Така ли мораше да почне бе мило?
Не сфаќам дали човечката глупост беше фактор за настаните да се одиграат како што се одиграа.Дали сигналите се помешаа меѓусебно,па Перл Харбор не очекуваше напад или сето тоа беше судбинска игра потпомогната од човечка рака.Не се ни замарам.Ќе се обидам пластично да го доловам тоа....иако ќе делува малце брутално и неемоционално....ама не е така.:)

right_triangle.gif


Битните елементи во овој триаголник се трите црвени точки.Можете од сликата да забележите дека двете црвени точки се блиску една до друга,додека третата е мноооогу далеку.
Се сеќавам како мал од некои вакви скици правев авиончиња.И ми ги одбележуваа аглите кои треба да се преклопат со точки,оти бев ќопав за да можам самоделски да си направам авионче.На крај секогаш онаа точка која беше најдалеку,беше предниот дел на авиончето,врвот,додека оние двете отстрана беа преклопувачкиот елемент.Знаеме што се случува со врвот на авиончето кога ќе удри во нешто.
Смешно е дека секогаш кога ќе ми се удрело авиончето во нешто и ќе се свиткало на врвот,ми станувало страшно жал дека сум го загубил тоа хартиено летало,и дека никогаш нема пак да го пуштам да лета само онака како што тоа можело.Не ми текнало да плукнам и да го исправам врвчето.Сум уживал во моменталната тага,се додека дедо ми не ми направел ново и не сум заборавел на претходното.Weeeeee!!

Ако мораме за момент да бидеме сериозни мило,детски и нечовечки се одигра целата работа.Ако некаде било бура и ерупција,некаде било дожд и молњи.Ама да не се навраќаме.Полека исчезнува и тоа од видик.2 е сепак прекрасна бројка,иако не создава никаква геометриска фигура толку чудно-прекрасна како триаголникот.

Срце.
Знаеш,мажите во основа и по некое правило напишано еднаш одамна,особено многу треба да се пазат од жените.Незнам кој наводен мудрец го сфатил тоа,ама тие предупредувачки реченици се напишани од огорчен човек,кој бил неспособен да протолкува дека дури и децата на Марс се емоционално фрагилни и подложни на чувства,па дури и повеќе од децата на Венера.Таа наметната ролја на одреден Алфа,одреден Ултра Лав кој моча наоколу за да ја заштити својата територија и лавица...е погрешен.
Она што треба да го сфати оној кој има срце и знае да го користи,е тоа дека самото препуштање,проследено со пораз...воопшто не е пораз.Кога си чувствувал,кога си се препуштил,кога си извадил се што твојата внатрешност сакала да изнесе на светлината на денот....те прави победник и кога ќе дојде зајдисонцето.
Нов сум во оваа улога,мило,знаеш.
Многу нов.
Како целата животна идеологија да се претвори пепел,а Фениксот кој се роди,ме носи кон нови пространства,надвор од некогаш поимливото.Некоја непозната Небула во Вселената,виолетова,полна мали фрагменти ѕвезди,кои се далеку поубави распарчени,одошто споени во една ѕвезда.Далеку поблескави,поуникатни.
Violet pieces in a grammar game,
An unknown darkness in a theatre frame,
Spell forth from the fame the mistress' name,
The one hidden,the one unseen,
The Stellar Nymph,
The Nebula Queen.

Но,на крајот на денот,јас сум реалист.Сите нови форми и сите нови подвизи и предизвици,сепак навраќаат на еден реален факт...

Идеалисти:
heart-1.jpg


Реалисти:
human_heart.jpg


Уффф.....го повлекувам тоа дека сум реалист.Бљак:)

Круг.
Се што е горе,е и доле,нели мило?
Појдовната точка е и завршна точка?
Појдовната точка беше омраза.Голема и страшна.Последователните ситуации се можеби најголемиот позитивен шок во мојот живот.А јас не сум херметист.Јас не верувам во овие правила.Reckoning-Enlightment-Reckoning....во тродимензионален круг,каков што е мојот живот,овие правила не важат.Никакви правила не важат.Тоа е место на слобода.Слобода на делување,давање,земање,бегање,враќање...целосна и неприкосновена слобода.Нелинеарна и без правила и заклучни елементи.Подложен е мојот свет на се.Но тој како таков ќе си остане,без разлика на ветровите кои дуваат,било топли или ладни.Срцето,како нов елемент е добредојдено.Па дури и љубовта...И мислам дека ти е мило оти неможе да се креира пустина во пустина.Но може да се креира оаза.Мал одмор и починка за Нубиските трговци кои носат зачини во Египед.Којзнае,нивниот караван може ќе си замине од оазата,можеби ќе реши да остане засекогаш таму.Не верувам дека им е битно.Битно е дека сега се таму и уживаат.

Знаеш ти многу добро....
If you're a Web....i'm a Spider.
A Spider can create xzillions Webs....but this one feels like Home.:)

Untill a new button is clicked.....i Love You.

(P.S: Барав добар спот за песнава,нема таков на JewTube,па морав да го ставам овој мршник спот од некој лигав фан.Текстот е битен:))

 
Чудно е колку само самотијата може да го убие човекот.
Од ден на ден станува се потешко, од ден на ден станува се погрозно. Можеби имавме нешто заедничко, но сега мислам дека е веќе касно за нешто пак. А додека ти се журкаш во некои клубови, останувајќи со мислењето дека ептен повеќе ти ја кренав цената, има некој овде чие срце чука за тебе.
Дали тоа е кревање цена?
Дали цел живот ќе го поминеш во заблуда? Дали сите среќи во животот ќе ги пропуштиш поради твоето сваќање дека си некоја многу посебна личност во општеството. Ти си посебна личност, да, но за одредени личности. За останатите ти си само обично суштество, на кое убавината погрешно му ја отсликала замислата за она од што треба да се состои животот.
Јас повеќе не се замарам со тебе, сеедно ми е.
Нема да ја пропуштам среќата во животов заради тебе.
 
Стуткани под ќебе, надвор полека си врне, а ти непрестајно ме бакнуваш по вратот..
 
Велат...

... Ако огнот е голем.. со подувнување на ветрот може да се разгори уште повеке...а ако е мало зарче може да згасне...
... Така и со љубовта и далечината... ако е постои љубов .. далечината може уште толку да ја зголеми... а ако ја нема.. тогаш целосно ке исчезне...

Кај мене е присутно тоа болдираното :back:...

Те сакам сонце секој ден се повеке и повеке... :pipi:

Мака нека им е на сите шо љубоморат!:baeh::baeh::baeh::baeh:
 
Како трка кога убедливо победува Шумахер без целосно да му ја извади маста на болидот. Ама сепак добро да го оптерети. Оргинал муабет. :motor:
 
Апиар офлајн, па сајн аут, па бизи.
Море, море, море.
Ти честитам, мора да си го смислувал долго време.
Ах бе.
 
Да ти е криво што не дојде вечерва во Ноктурно, ти се лутам, да знаеш!!!
 
Нашево не води никаде ...
Претеруваш за една ебана бела ноќ, ке си ми се налутела мн, па к*р ме боли, јас работам за викенди, ако сакаш сфати го тоа, ако не ајт у курац:pusk:
 
You give me fever, when you kiss me, fever when you hold me tight, fever, In the morning, Fever all through the night!
 
Толку многу се обидував да те заштитам од МОЈОТ свет... Што на крај се повредив самиот себеси, а успеав и тебе...
 
Mi nedostigas, ne mozam bez tebe, te sakam samo tebe, mi trebas, sakam da te vidam, gusnam, baknam.....no ne mozam
 
Eдноставно те сакам :back:

Wат хепен ?:raz::raz::raz:

Те нема целлл ден..:tapp:.. сепак I love you mu sweetheart...:wub:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom