Златна... ова е дефинитвно последниот пост со посвета.
Доцна е, а јас навистина испив доволно за да можам да го напишам ова. Ти знаеш дека јас никогаш не сум сакал да бидам лош, и понатаму немам намера да бидам. Но, сепак, те молам биди и ти за грам помалку, а сепак доволно фина, и немој да бидеш злобна кон мене. Секогаш барав од тебе да бидеш разумна, не мораш да ме послушаш, но биди со мене, барем толку заслужувам. Индиректната комуникација ми пречи, ми отежнува, па внимавај што пишуваш.
Многу те сакав, Господ ми е сведок, дури и твојот партнер ми е сведок, тој како маргиналец може да потврди, го виде тоа многу добро во моите очи. Но сега, откако детските игри завршија во моето маало, јас би сакал да продолжам на сериозна партија во соседното. Но сепак, на крајот од денот, морам да седнам на работната машина, а твоите зборови навистина ме тераат да мислам на тебе, иако не сакам. Тоа не е љубов, но е опсесија, како што тебе те интересира што јас денес сум правел, така и мене ме интересира твоето мислење.
Имаш опција В, или да ја научиш лекцијата контрола, почит, пријателство, или да ги ограничиш ГГ буквите на минимално работно портокалово време. Сакаш да го елиминираш чувството на вина, еве ти шанса да докажеш дека воопшто го имаш, а потоа и да се ослободиш од неа.
За крај, општо, луѓе, сите останати сем ВГГ, љубов е највозвишеното чувство. Барем од сите оние кои јас сум ги доживеал. Вреди. Верувајте, и покрај сета очигледна болка, лудило, грч и отрпнување дури и на зениците од неверување и очај... и покрај гладот и жедта кои умот не ни сака да ги прифати како постоечки, и покрај тоталниот распад на животот и неможноста да се исполнат обврските од болка, физичка и психичка... сеуште вреди. И пак би прошол низ истото ебано срање, да ја доживеам таа фамозна љубов, тоа неверојатно чувство на сакање нешто друго повеќе од себе си, повеќе од било чија смрт, повеќе од секакво глобално затоплување или некоја слична тотално неважна работа... но не со неа.
Во врска со љубовта: Сакам да ВИ кажам дека... искрено се надевам... дека мечтаам и копнеам... и дека не се откажувам, колку и да е тоа бајковидно. Знам како е, и сакам пак. Се надевам дека овој пат девојката навистина ќе го цени тоа, повеќе од неа, повеќе од мене кога имав шанса да докажам. До читање.