Зошто кога времето надвор е топло, во мојата душа владее вечна зима? Зарем таа твоја прегратка е единственото нешто што може да ја затопли... Епа ја нема веќе. А што да речат очиве мои кои ги покрива вечна темнина? Зарем само бескрајниот поглед од твоите сини, спокојни очи може да им го покаже светлото? Епа, и него го нема. Тука е и моето (не)расположение, заспано некаде, во вечна тишина... Зарем твојот милозвучен глас и насмевка да бидат единствената надеж за повторно да се пробуди? Ех, знаеш веќе, и нив ги нема. И за крај, што да рече моево срце, кое и покрај тоа што е целосно, го чуствувам како преполовено на два дела? Е тука веќе не се двоумам, и знам дека единственото нешто кое може овде да помогне, си токму ТИ! Но ете, и ТЕБЕ те нема...