Едгар Алан По .. In Heaven a spirit doth dwell
А занесот твој горе, знам,
со твојот огнен дух е в склад,
со твојот бол, со твојот јад,
со љубов, омраза, со плам
со чудна харфа што ти гори
и неми ѕвездине што ги стори.
Знам, сводот твој е, туку сет
свет е наш, и грд и драг.
И цветот наш е само цвет!
А твојата е сенка в ред
наш сончев зрак.
Да бев јас - ти, а ти, пак - јас,
ти ни би влеал толку страст
и толку дива средба бесна,
в твојата простосмртничка песна,
дури по сводот твој се шират
посмели звуци со мојата лира (перо)!