Можеби не е љубовта која се бара за темава,но...сепак...ќе пишам...
Велиш дека ти е криво,криво зашто не те осеќам како пријателка повеќе и дека не те сакам...
Негирав.
Зашто кога тоа е делумно точно?
Кога ќе подразмислам...Каде беше изминатиов месец за мене?Дали воошто знаеш што ми се случувало?...Не верувам!
Како можам да те осеќам како пријателка кога веќе ни на мсн немаш време за мене,кога не си ми се ни јавила да прашаш што правам или што има ново?
Како можам да те осеќам блиска како порано кога приоритет ти е една личност во животот?
Потсети се,и јас бев кај што си ти сега,ама имав време за тебе и за твоите проблеми,не ти цветаа ружи,нели?
Ама,ако...ако те прави толку многу среќна,и ти го пополнува и местото како дечко,и како другар,и како другарка и дека не ти треба никој друг...ок,само ќе ме бараш кога ќе ти треба нешто...
Ќе речеш дека другарството се гледа во целокупност,а не само во дадени ситуации,грешиш,стварно грешиш...Другарството го покажуваш цел живот,преку секоја постапка,преку секој чекор во животот...Не можеш да мислиш дека тоа што сме го граделе го покрива и тоа што сега те нема,не можеш.
Не можеш да правиш ВАКА,мислејќи дека се` е супер поради тоа што си го направила до сега.
И да,сеуште те сакам и секогаш ќе имаш почесно место во моето срце,само од сега и мојот одност ќе се смени.
Се најубаво.
П.С. Нов бунар копај,но во стариот не плукај.:nikojnemesaka: