...ма веќе не знам ни што да ти речам... Одамна само јас си зборам и држам монолози, си поставувам прашања, без да има некој што може да ми ги одговори... Ти како и секогаш- се чуваш во себе и молчиш... Мислиш можам јас од очи да ти читам ебате?
Но се најде вчера конечно една личност која ми одговори на некои прашања... Иии... Не ми се верува. Знаеше дека те сакам, долго пред дури и јас самата да станам свесна за тоа (мене ми требаа 6 месеци да сфатам)... И заради тоа се одалечи од мене? И толку кукавички?
А да кажеше се ќе беше поедноставно, барем ќе знаев зошто плачам, зошто патам, зошто болка... А не јас, страдав а незнаев долго зошто.
И додека јас сум се приврзувала за тебе, ти се приврзуваше за друга личност... Значи знеш како е да се приврзеш за некого... Тогаш зошто пак така глупо реагираше долж овој период?
И како што ја сакаш ти сега таа личност, како што ја сакаше тогаш, така те сакав и те сакам и јас тебе... Исто толку ЈАКО, проклето јако.
И дознав дека и ова го знаеш... Поради ова последново требаше најмногу да ме разбереш- знаеш како е да љубиш и да имаш проблемчиња повремено, дури и тие болат нели?... А замисли како е напразно да љубиш? Така те љубам јас тебе година ипол.
Помисли ли некогаш на мене? На која болка ми ја создаде? Сум те повредувала понекогаш со мојот однос ми рекоа? Па тоа било така поради тебе, поради тебе таква сум станала со тебе. И мислиш дека можеш да ме осудиш поради моето наводно лошо однесување?
Ме доживуваш како ширач на негативна енергија? Е секоја ти чест... ако за толку време поминато заедно не ме научи каква сум јас онаа вистинската, незнам што да речам, ТОТАЛНО се разочарав... Ова стварно ме повреди. Инаку..ширачот на негативна енергија го створи ТИ.
И пак ќе те прашам, зошто никогаш не прозборе со мене за нас, зошто никогаш искрено и отворено не прозборе... Луѓе сме ќе се разберевме. Знаеш и колку јас примам и се навикнувам на се... Или и тоа не го знаеше за мене, или воопшто и не ме знаеше...
Како и да е... Знај дека твојот молк ме уништи....
Не ти посакувам НИКОГАШ да страдаш како ја за тебе, да поминеш низ се што ја поминав поради тебе... И покрај СЕ, ти го посакувам само најдоброто...
П.С. Немаше да те изедам и да не се одалечеше од мене, не правам јас ништо со сила...
П.С.2. Леле 5 петки, 555 мислења... хмм, можеби има некој симболика... Сега ги приметив...