Е арно ама, има уште останати како мене, а и деца млади кои не плачат по СФРЈ зашто не ја знаат. И што праиме кога тие како тебе и тие како мене ќе изумрат? Мислиш дека нашите деца ќе се потепаат да се обединуваат со Срби и останата багра на Балканов?[DOUBLEPOST=1437942408][/DOUBLEPOST]
Слушај, многу ме заболе мене за Срем и за германците во Срем! Таму никогаш не била Македонска земја и никогаш Македонци не живееле! А инаку, за време на Турската империја слободно си можел да кажеш дека си македонец и ни влакно од главата за то не ќе ти фалело, освен ако твоите предци во џамија оделе
Ако наши борци одеа да гинат во Срем, зошто тогаш „добриот стричек од Загорје“ не побара Егејот да се приклучи назад каде што припаѓа? Можеше барем тоа да проба да го стори. Арно ама, поарно му беше да глуми херој кај побројните народи во СФРЈ, а на нас Македонците да ни мачка очи со трошки кои упорно ги набројуваш. Останаа и Словенците обесправени од Втората Светска Војна во тој поглед, Корушка и Трст отидоа јабана за „маршалчето“ да може да цица од американците помош во повоените години со која го купуваше кревкиот социјален мир во ФНРЈ, подоцна СФРЈ.
Свесен ли си ти што ќе ги чекаше македонските бригади ако тргнеа јужно кон Солун, свесен ли си? Ќе ги чекаа британски митралези, артилерија и британската авијација, која убаво ја осетија нашите неколку години после тоа. Прифатете некои историски факти од кои нема бегање, пред се решавањето на повоените граници на Југославија, тука ниту се прашувал Тито, ниту Ченто ни било кој. Прекинете веќе еднаш да ги лажете луѓето, осебно младите што немаат многу познавање од историја со тие вашите приказни за пред кооперација со ѕидарско во раката, како за малце не го освоивме Солун ама клетите комунисти не спречија, впрочем истите прикаски некои други будали ги продаваа и 1990, ама и тогаш комуњарите не спречија на нашиот голем поход кон Солун.
	


