Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Е арно ама, има уште останати како мене, а и деца млади кои не плачат по СФРЈ зашто не ја знаат. И што праиме кога тие како тебе и тие како мене ќе изумрат? Мислиш дека нашите деца ќе се потепаат да се обединуваат со Срби и останата багра на Балканов?[DOUBLEPOST=1437942408][/DOUBLEPOST]
Слушај, многу ме заболе мене за Срем и за германците во Срем! Таму никогаш не била Македонска земја и никогаш Македонци не живееле! А инаку, за време на Турската империја слободно си можел да кажеш дека си македонец и ни влакно од главата за то не ќе ти фалело, освен ако твоите предци во џамија оделе :)
Ако наши борци одеа да гинат во Срем, зошто тогаш „добриот стричек од Загорје“ не побара Егејот да се приклучи назад каде што припаѓа? Можеше барем тоа да проба да го стори. Арно ама, поарно му беше да глуми херој кај побројните народи во СФРЈ, а на нас Македонците да ни мачка очи со трошки кои упорно ги набројуваш. Останаа и Словенците обесправени од Втората Светска Војна во тој поглед, Корушка и Трст отидоа јабана за „маршалчето“ да може да цица од американците помош во повоените години со која го купуваше кревкиот социјален мир во ФНРЈ, подоцна СФРЈ.

Свесен ли си ти што ќе ги чекаше македонските бригади ако тргнеа јужно кон Солун, свесен ли си? Ќе ги чекаа британски митралези, артилерија и британската авијација, која убаво ја осетија нашите неколку години после тоа. Прифатете некои историски факти од кои нема бегање, пред се решавањето на повоените граници на Југославија, тука ниту се прашувал Тито, ниту Ченто ни било кој. Прекинете веќе еднаш да ги лажете луѓето, осебно младите што немаат многу познавање од историја со тие вашите приказни за пред кооперација со ѕидарско во раката, како за малце не го освоивме Солун ама клетите комунисти не спречија, впрочем истите прикаски некои други будали ги продаваа и 1990, ама и тогаш комуњарите не спречија на нашиот голем поход кон Солун.
 
Тебе шеќерот ти е паднат дефинитивно!
Ова не може разумен и свесен чоек да го пиши. Ти си живееш во некој свој имагинарен свет со свои имагинарни закони, истории.... си создаде еден одбрамбен механизам и во тој свој свет ти јуришаш на солун заедно со Александар, Ченто, Гоце, Карангелески, Колозов..... додека избезумени грци бегаат а народот водушевено те поздравува а млади девици ти ја ведуваат својата невиност во знак на благодарност.
Ме чуди како опстојуваш во овој реален свет???
За тебе очигледно поимот „НАЦИОНАЛНА СВЕСТ“ представува имагинација поради неможноста да го разбереш и немањњето чувство на национална припадност. Не јуришам јас сега на Солун туку ти на Белград, Банат, Бачка и Срем. А ќе јуришам на Солун, биди без гајле, кога тоа ќе биде повторно миг да се стори зашто моите предци дуќани и куќи оставиле во тој град. Што оставија твоите во Срем? Имагинарен дом на народите на СФРЈ која веќе 25 години не постои? Ах бе батка, копук со чорбаџија не излегува на крај, така ни ти со мене!
 
Он ќе јуришал на Солун, оди легни си бе касно е. :pos:
 
Свесен ли си ти што ќе ги чекаше македонските бригади ако тргнеа јужно кон Солун, свесен ли си? Ќе ги чекаа британски митралези, артилерија и британската авијација, која убаво ја осетија нашите неколку години после тоа. Прифатете некои историски факти од кои нема бегање, пред се решавањето на повоените граници на Југославија, тука ниту се прашувал Тито, ниту Ченто ни било кој. Прекинете веќе еднаш да ги лажете луѓето, осебно младите што немаат многу познавање од историја со тие вашите приказни за пред кооперација со ѕидарско во раката, како за малце не го освоивме Солун ама клетите комунисти не спречија, впрочем истите прикаски некои други будали ги продаваа и 1990, ама и тогаш комуњарите не спречија на нашиот голем поход кон Солун.
А што ги чекаше и ги пречека во Срем? Нешто поубаво „добредојде“ од германците да не имаа? Најпосле небитно е што ќе беше ако се одеше на Солун. Ако тоа се изведеше исто како и на Срем, тогаш изгледите ќе беа големи таа битка да се добие.
 
За тебе очигледно поимот „НАЦИОНАЛНА СВЕСТ“ представува имагинација поради неможноста да го разбереш и немањњето чувство на национална припадност. Не јуришам јас сега на Солун туку ти на Белград, Банат, Бачка и Срем. А ќе јуришам на Солун, биди без гајле, кога тоа ќе биде повторно миг да се стори зашто моите предци дуќани и куќи оставиле во тој град. Што оставија твоите во Срем? Имагинарен дом на народите на СФРЈ која веќе 25 години не постои? Ах бе батка, копук со чорбаџија не излегува на крај, така ни ти со мене!

аман бе цела историја ја напраи семејна работа, само ако лично си засегнат тогаш се загреваш за историја и национална свест, друго не те интересира. “Иц онли бизнис, нотинг персонал“ ти е мотото на Македонизмот

А оти твоите претци оставија во Солун дуќани куќи и имоти?
 
А што ги чекаше и ги пречека во Срем? Нешто поубаво „добредојде“ од германците да не имаа? Најпосле небитно е што ќе беше ако се одеше на Солун. Ако тоа се изведеше исто како и на Срем, тогаш изгледите ќе беа големи таа битка да се добие.

Само што германците беа непријателот, а Британците беа сојузниците, ако македонците тргнеа против своите сојузници за да рушат поредок и граници договорени уште 1943 немаше ни М од македонија да постои.
 
Он ќе јуришал на Солун, оди легни си бе касно е. :pos:
Ти тоа веројатно нема да го правиш зашто прво не си воспитан да бидеш патриот, второ немаш директна причина како мене, и трето, она најважното, ...ти недостасува нешто меѓу нозе!
 
то на пролет сега е жешко за јуришање
а бе не можеш да споменеш дел од Македонска историја а да немал некој од фамилијата таму, да речат дека Александар клецкал мажи че речеше “клецкал мој предок“
 
аман бе цела историја ја напраи семејна работа, само ако лично си засегнат тогаш се загреваш за историја и национална свест, друго не те интересира. “Иц онли бизнис, нотинг персонал“ ти е мотото на Македонизмот

А оти твоите претци оставија во Солун дуќани куќи и имоти?
Имале што д остават па оставиле. Не биле копуци! А оставиле и зашто се барало од нив да се пишат грци арно ама националната свест тоа не им го дозволувала.
 
Ти тоа веројатно нема да го правиш зашто прво не си воспитан да бидеш патриот, второ немаш директна причина како мене, и трето, она најважното, ...ти недостасува нешто меѓу нозе!

Ало, читај што пишуваш бре доста продавате бајки, кој тоа денес ќе го освојува Солун, кој, оваа Македонска армија, оваа Македонска држава, и што ќе најде во Солун, македонци случајно да не има, од 1921 година во Солун веќе нема никакви македонци, тоа поглавје од историјата за нас е завршено, колку побрзо се помириме со тоа, ќе може да тргнеме напред, без да не прогонуваат духови од минатото.
 
Имале што д остават па оставиле. Не биле копуци! А оставиле и зашто се барало од нив да се пишат грци арно ама националната свест тоа не им го дозволувала.
еми шо тогаш се буниш?
барале да се пишат грци, овие горди неќеле и остаиле се, и шо сега ти најде да бараш нешто шо твоите претци со гордост го оставиле??
се попишманивте??
 
Ах колку беше убаво да се живее во СФРЈ! Отвараш чешмата вода да пиеш, а од таму Тито вино пуштил, одиш во продавница леб да купиш во 10 претпладне, а таму тазе наредени 30 вида леб, млеко да се бањаш, кафе, зејтин исто така. Толку беше убавина за живеење што Американци, Германци, Швеѓани и Швајцарци молеа да добијат СФРЈ државјанство и место на живеење :tapp::pos::pos::pos:
 
Е арно ама, има уште останати како мене, а и деца млади кои не плачат по СФРЈ зашто не ја знаат. И што праиме кога тие како тебе и тие како мене ќе изумрат? Мислиш дека нашите деца ќе се потепаат да се обединуваат со Срби и останата багра на Балканов?

Јас батка, не очекувам младите да плачат по СФРЈ. Не сум ни јас нешто многу расплакан, само велам дека во тоа време поубаво се живееше. Проверено! Ако не ми го чепкаш моето мислење, нема ни јас твоето.
 
Ах колку беше убаво да се живее во СФРЈ! Отвараш чешмата вода да пиеш, а од таму Тито вино пуштил, одиш во продавница леб да купиш во 10 претпладне, а таму тазе наредени 30 вида леб, млеко да се бањаш, кафе, зејтин исто така. Толку беше убавина за живеење што Американци, Германци, Швеѓани и Швајцарци молеа да добијат СФРЈ државјанство и место на живеење :tapp::pos::pos::pos:
гледаш како појма немаш, прво никогаш не течело вино од чешмите, ниту сме се бањале во млеко ниту молеле американци за СФРЈ државјанство.
Она што СФРЈ го имала е подобар живот за народот, тоа значи дека СФРЈ успеа за 2-3 децении да премини од феудална земјоделска земја во индустриска земја, прва земја со која Европската економска заедница склучила договор за слободна трговија, земја каде се склопуваа и правеа Фиат, Пежо, Ситроен, Опел, Волксваген, камиони и автобуси Мерцедес... земја која произведуваше авиони подморници бродови челик земјоделие неметали имаше развиен туризам, институти за атомска енергија, патишта пруги струја школовано и образовано население, мир и безбедност бесплатно здравство за секого отворени граници.
Работникот во СФРЈ имаше многу поголеми права од работникот денес во МК, имаше и поголем раст и помала невработеност и повеќе се градеше инфраструктура од колку денес. Немаше големи социјални разлики наместо сега кога има богати и сиромашни додека средна класа речиси и нема. Денес живееме во многу попроблематично понесигурно понетолерантно посиромашно општество.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom