Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
И наjголемата разлика - во СФРJ се влегуваше по сила, во ЕУ по желба.
Аха, сите оние Бугари што гласаа против влегување во ЕУ сега не се влезени внатре?
Гледам и Ирска која гласеше против Лисабонскиот договор сега не го имплементира...
Многу работи се во ЕУ по желба...
 
Аха, сите оние Бугари што гласаа против влегување во ЕУ сега не се влезени внатре?
Гледам и Ирска која гласеше против Лисабонскиот договор сега не го имплементира...
Многу работи се во ЕУ по желба...
Извини,дали живееш во паралелен свет? Не знам кои гласали против и кои за (немаше вакво нешто), но знам само што државите во СФРJ никоj не ги паршаше дали сакат да са самостоjни и независни или во тоj состав.
 
Ама додека имаше пари никој не ни се бунеше да излезе:)
Нема везе тоа што го збориш,али ако ништо друго еу нема да се распадне баш ради тоа што се 27 земји или колку и да се.Едноставно се голем фактор за да може некој со сила да ги растури,пример југославија да ја испескаше словенија на брзинка немаше уста да отворат другите.Слично ко со Каталонија,никој ги нема прашано дали сакаат во Шпанија да бидат,али тоа е држава нема туку така да даде да и се отцепуваат.Мислам безвезе е муабетот,не се земјите во Еу така поврзани ко Југославија што беше..
 
И наjголемата разлика - во СФРJ се влегуваше по сила, во ЕУ по желба.

Бугарија на колена молеше да стане дел од СФРЈ дури го понуди Пиринскиот дел од Македонија да биде вратен во делот на тогашната СР Македонија ама Тито ги одби. Многу заостанати биле бугарите.

Муабетов е озбилен.

http://books.google.ch/books?id=Rv8...q=bulgaria pirin part yugoslavia tito&f=false
 
И наjголемата разлика - во СФРJ се влегуваше по сила, во ЕУ по желба.
дај бе не продавај демагогии бугарски тука... вие го молевте тито да влезете во СФРЈ а он ви ја опна клоцата во тоа време...
--- надополнето: 28 октомври 2012 во 20:23 ---
едит... сега гледам дека колегава над мене го пишал истото... е па тоа е тоа...
 
дај бе не продавај демагогии бугарски тука... вие го молевте тито да влезете во СФРЈ а он ви ја опна клоцата во тоа време...
Митови и легенди на квадрат
 
да да... ама пишаните документи не се митови и легенди... легендарни се твоите постови...

37-motika.com.mk-se-nasmea-li-denes.jpg
 
Извини,дали живееш во паралелен свет? Не знам кои гласали против и кои за (немаше вакво нешто), но знам само што државите во СФРJ никоj не ги паршаше дали сакат да са самостоjни и независни или во тоj состав.
Исто како што ви пласираат во Бугарија информации за среќна и обединета Европа, така и тогаш на нашите им пласирале информации за среќна и обединета Југославија.
Ти кажав со примерот на Ирска дека ако ЕУ односно нивните челници имаат некоја зацртана агенда тогаш и ќе ја остварат.
Пример е и самата Бугарија во моментите кога влезе во ЕУ заедно со Романија. Ниту Бугарија, ниту Романија не влегоа во ЕУ зошто ги исполнија условите, туку од причина што беа во агендата во ЕУ. Што мислиш ако Бугарите гласаа НЕ за влез во ЕУ на референдумот, немаше да има втор, трет и четврт референдум се додека не кажеа ДА? Барем јас не видов да се праша уште еднаш ирскиот народ што мисли за Лисабонскиот Договор кога го изгласаа. По некоја логика на нештата кога еднаш народор рекол НЕ, еднаш прифатил би требало да се праша трет пат за да се искристилизира ситуацијата. Ама тоа не беше во агендата на ЕУ. Ти пак мисли си дека ЕУ е нешто многу подобро организирана вештачка творба од бивша Ју и дека имаш право на избор.
 
Ниту е мит ниту е легенда, бугарите душа даваа за таа Југославија, на концерти од Лепа Брена во колективни трансови паѓаа
 
Мислам дека имам коментирано на темава, или некоја нејзина посестра :)
Нормално дека ќе живееш подобро, кога имаш помалку грижи.
Сепак, не можеме да кажеме дека ,,социјализмот,, е тоа што направил да живее некој добро. Демек, Германците или Американците, баш лошо живееле.
Погрешен систем и погрешна распределба на ресурси. Премногу дадено за заќутување на обичниот човек. Зар некој ќе се буни, ако секој први има пари, има доволно да приушти пристоен живот и да си се прошета.
Долгорочно, таквите творевини докажано е дека не успеваат. И тоа е тоа.

Камо среќа, јас би сакала да ги видам тие држави заедно НО како економска унија, а не како ,,еден народ,,.
Како економска унија, повторно така поврзани, верувам дека денес би биле светска сила.

И онака и овака, како живееме со Србите посебно. Настрана од политички игри. И тие кај нас, и ние кај нив. Надвор од Балканот, браќа сме.
Најдобро тоа го видов во јуесејот. Секој се обидуваше секого да подјебе, што повеќе може. Дур бевме раштркани, богами не јебеа. Кога станавме ,,ју-гето,, ние ги јебевме.
Од работа, до журка.
Имаше Грци, одма пробаа да се побратимат со Србите. Е, не им успеа :) :)
 
Мал си и не знаеш, во 1966 година татко ми купи Ами од салон на Ситроен во Београд, во 1977 зеде пак ситроен од ист салон, имаше пресавништво на БМВ (во скопје во трговски беше во 1984 изложен модел 315 како и 2 мотори К100, имаше преставништво и на Опел, пред тоа во НСУ, Волксваген, Фиат....
Да, мал сум! Таткоти кога го купил Амито јас имав 5 години! Тоа Ами(најверојатно 6-ка) што таткоти го купил како и Цитроенот(веројатно ГС, ДС или ЦИкс) беа од СФРЈ ПРОИЗВОДСТВО. Се произведуваа во ЦИМОС-Копер, Словенија по лиценца. БМВ-то кај нас го застапуваше „Технометал-Вардар и тоа само во период од неколку години зашто давачките беа ненормално големи, плус во самата цена на возилата беше пресметан и „данок на луксуз“ па после неуспешна продажба го изгубиа застапството. Моторите што стоеја изложени не беа од „К“ серијата туку „Р“, и тоа 75-ки! Опелот исто така по лиценца, се произведуваше во „ИДА“-Кикинда и тоа само 2 модели, Рекорд и Кадет на почетокот, пред да пропадне фабриката почнаа да склопуваат и Аскона. Фиатот беше застапуван исклучиво и само преку „Црвена Застава“-Крагуевац.
До сите овие возила многу тешко се доаѓаше, трбаш 1000 врски да фатиш за да не чекаш цела година одкако ќе го уплатиш возилото додека го добиеш. Значи, една убавина беше во СФРЈ невидена, да те дупат за твои пари до безсвест! Стварно ми недостасува таков еднонасочен мозочен секс, голема носталгија ме мава по него:tapp:
 
Ама додека имаше пари никој не ни се бунеше да излезе:)
Нема везе тоа што го збориш,али ако ништо друго еу нема да се распадне баш ради тоа што се 27 земји или колку и да се.Едноставно се голем фактор за да може некој со сила да ги растури,пример југославија да ја испескаше словенија на брзинка немаше уста да отворат другите.Слично ко со Каталонија,никој ги нема прашано дали сакаат во Шпанија да бидат,али тоа е држава нема туку така да даде да и се отцепуваат.Мислам безвезе е муабетот,не се земјите во Еу така поврзани ко Југославија што беше..

Прво тоа што го барала Словенија,Каталонија веќе го има а тоа е економска независност на републиките/регионите.Се што барале Словенците во Југославија е економските прашања секоја република да си ги решава сама додека сите земји да имаат заедничка војска,надворешна политика и слободни граници и трговија.Дрчните во Белград (а потоа и во секоја друга република ) за моќ не сакаа да се откажат од истата па си направија исценирана војна каде они направија огромни пари продавајќи оружје и нафта на сите страни.




.
 
Во времето на СФРЈ да речеше нешто против Тито, и следниот ден другарите ќе те видат обесен на плоштад. :pos::pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom