Aко одам сама си гледам по излози во глобала, улицата некогаш, чевлите исто така , а многу ретко минувачите. Глупаво ми е сама да одам и да зјапам во луѓе
А кога одам со некој е тогаш си разговарам и може и по минувачи да гледам, ама во секој случај излозите ги ставам на прво место
Дефинитивно гледам надоле во улицата или во небото... Посебно последниов период, ќе си лупнам слушалките на уво, музика си слушам и само зјапам во земја или пак ако дува ветар знам да гледам во небо, убаво ми е кога ветерот ми дува во лице и ми ја растура косата. Јес, знам дека се филмски моменти, ама убаво ми е така кога си влагам во филм.
А тоа што гледам во земја кога одам, си има психолошки момент, што не е битен сега за разглабање....
најчесто во улицата од проста причина што имаат многу дупки нашите улици за да не скршам нога или нешто слично, иако понекогаш преземам ризик и гледам во хот грлс
Зависи. Ако си ги носам наочарите гледам во се пред мене и подалеку а ако не ги носам си ја забијам главата у земја не си напрегам очите и слободно одминувам се и секого.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.