Во мојот карактер не ми се допаѓа и би сакал да променам...

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
тоа што јазикот ми е побрз од мислата, и поради тоа многу често си се ставам самата у глупи ситуации кога се каам за тоа што сум го рекла!
 
Треба да бидам малку поодлучна и да не правам се' во последен момент Посебно ова последново, во многу ситуации знам дека времето ме гази, а сепак оставам се да завршам во 5 до 12. Мала утеха утеха ми е што сум упорна и што знам дека нема да се откажам додека не го постигнам тоа.
 
Премногу сум добар, имам добра душа, сакам да помагам, простувам, секогаш давам втора па и трета шанса, секогаш за сите сум тука, секогаш го гледам (го барам) најдоброто од луѓето.....

САКАМ СЕВО ОВА ДА ГО НЕМАМ!!!
 
Премногу сум добар, имам добра душа, сакам да помагам, простувам, секогаш давам втора па и трета шанса, секогаш за сите сум тука, секогаш го гледам (го барам) најдоброто од луѓето.....

САКАМ СЕВО ОВА ДА ГО НЕМАМ!!!

Јебига брат капитализам. Се што е добро во човекот се третира како маана. Треба да си преварант и лигав и сите ќе те сакаат. Потполно те разбирам.
 
Премногу сум добар, имам добра душа, сакам да помагам, простувам, секогаш давам втора па и трета шанса, секогаш за сите сум тука, секогаш го гледам (го барам) најдоброто од луѓето.....

САКАМ СЕВО ОВА ДА ГО НЕМАМ!!!

и јас сум сличен....само со болдираното не се сложувам...ништо не ти фали...туку замисли го животот на тие кои немаат такви особини-јас имам примери..па мислат зло да направат,омраза...подобро ли е тоа отколку да бидеш груви и ако можеш помогни ако не НЕ ШТЕТИ:helou:

Јебига брат капитализам. Се што е добро во човекот се третира како маана. Треба да си преварант и лигав и сите ќе те сакаат. Потполно те разбирам.

НЕ тоа е во економскиот живот таму егоизмот е изразен....па дури и во комунизмот го има но зарскриен...зависи до карактер ако дозволиме системот да не направи нелуге кај ни е крајот.

адам смит во делото богатството на народите вели не купувате месо со насмевка и здраво...исто и во продавница и во пиљара...ИТН...егоизам во економскиот живот има и тој е горе-долу оправдан-освен таму каде постои злоупотреба(еве кутрата ни држава пати од такви)
 
Не ми се допаѓа само муабетот што сама на себе си го правам...као на пример...од утре нов лист,од утре нема,од утре ова,од утре она!!!Секако дека се лажам нон-стоп и како после да си верувам?!:toe:
 
Кога ќе го преминам прагот на толеранција, множам со нула.
 
Самодовербата ... сакам да ја имам во поголема "количина" одколку сега. Ништо друго не би сакал да менувам иако би било добро кога би можел да кажувам не на некои работи, кога би престанал да дозволувам да ме газат затоа што сум премногу добар и кога би можел да повредам некого за своја лична корист...
Во тој случај би бил успешно интегриран граѓанин во денешново нео-капиталистичко општество.......... Но не сум и среќен сум поради тоа
 
Ужасно сум заборавена и иам ептен short-term memory и тоа многу ми создава проблеми. Ми викаат дека со судоку се јачела меморијата, ама иди решавај судоку коа си имал кец математика цел живот.

Друго, би сакала да го променам фактот што сум вечно незадоволна од нештата, иако не правам ништо за да ги променам, пошто полесно е да се убедуваш дека е невозможно да се променат, отколку екшли да пробаш. Тоа вечно незадоволство од земскиот ми живот не го „топам“ преку комшиски жалопојки (како што е здраво), туку преку тивка депресија што ми дава лош призор за иднината ми.

Не ми иде логика и лоша сум со пресметки, па затоа никогаш не ми успева да штедам. Тоа еден ден до просјачки стап ќе ме дотера. :icon_lol:

Мрзлива сум кога не ме плаќаат, и неодговорна.
 
Би сакала да променам тоа што избрзувам со некои постапки, не размислувам два пати пред да речам или направам нешто, па после тоа ми е криво.

И ме нервира тоа што сум многу непостојана, не сум упорна и секогаш нешто започнувам и не го довршувам до крај.

:jaj:
 
Не сум горда на себеси поради карактерот кој го поседувам. Нервозата преовладува кај мене во многу чести мигови, заедно со себичноста. Особено личностите кои ги сакам, ги гушам со истата и воопшто не дозволувам да се осудат на вложување труд кон останатите работи кои мене не ме засегаат.
Бунтовнички карактер, често срамежлива и уште повеќе тврдоглава без интерес дека туѓото мислење е поточно од моето. Стојам цврсто на тлото и зад оние работи кај кои ретко признавам дека не сум во право за било каква банална или голема работа.
Тврдам со двеве раце дека би постигнала многу повеќе доколку барем една од овие карактерни особини би исчезнале, но сепак претставуваат една ризница преполнета со двигатели со што многу ретко ме тераат да размислувам за последиците.
 
Неможам да одбијам некого за каква било работа,нервозата........
 
Тоа што многу пати пред нешто да направам не размислувам или со зезање претерувам и најчесто луѓето ми се лутат... потоа отпосле ми текнува дека не требало и многу ми е криво што сум постапила така и многу пати сум пробала да го сменим ова ноооо не успевам.. секогаш е исто... Исто така ме нервира што сум многу срамежлива и пробував еден период да не се срамам и сега уште трае тој период ама тешко оди ... ужас... тоа е... that's me
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom