Попај
Буржоазија
- Член од
- 10 јуни 2006
- Мислења
- 699
- Поени од реакции
- 9
По целосното фијаско на вонредните парламентарни избори, ВМРО-Народна партија се подготвува за враќање на политичката сцена, но без претседателот Ѓорѓи Трендафилов. Кој ќе раководи со „народњаците“ ќе одлучи најтесното партиско раководство, во чии активности е вклучен и почесниот претседател Љубчо Георгиевски. Вниманието ќе биде насочено кон подготовките за локалните избори, по кои ќе има и конгрес за официјализирање на новиот шеф на партијата. Ѓорѓи Трендафилов е завршена приказна во ВМРО-Народна партија - вели потпретседателот Марјан Додовски, кој на функцијата доаѓа по оставката на Спире Мавровски.Тој е дециден дека ВМРО-НП постои како партија и како чисти шпекулации ги оценува информациите дека огромен дел од членството ги
напуштило партиските редови.
Поради неактивноста на претседателот луѓето се само
пасивизирани. ВМРО-НП ќе биде алтернатива на вистинското ВМРО-овско гласачко тело, зашто тоа се' потешко се идентификува со ВМРО-ДПМНЕ. Имаме силни концепти и за реактивирање на членството и за функционирање на партијата без големи партиски тела. Во партијата има членови од 90-тите години кои знаат што е партиски и политички живот - вели Додовски.Според него, на вонредните парламентарни избориВМРО-НПвоопшто не учествувала, а единствената поднесена листа во Шестата изборна единица ја именува како „приватна листа на Трендафилов“. На последните локални избори ВМРО-НП освои 120.000 гласови, а на парламентарните избори во 2006 година стигна до пет пратенички мандати. По конгресот и изборот на Трендафилов на местото на Весна Јаневска, во партијата дојде до раскол.
Извор:Дневник
Постои ли за оваа партија некоја надеж,да освојат барем советничко место во некоја општина на локални избори или пак се состои само од раководството?