ВМРО-НП се подготвува за враќање

  • Креатор на темата Креатор на темата Попај
  • Време на започнување Време на започнување

Попај

Буржоазија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
699
Поени од реакции
9
По целосното фијаско на вонредните парламентарни избори, ВМРО-Народна партија се подготвува за враќање на политичката сцена, но без претседателот Ѓорѓи Трендафилов. Кој ќе раководи со „народњаците“ ќе одлучи најтесното партиско раководство, во чии активности е вклучен и почесниот претседател Љубчо Георгиевски. Вниманието ќе биде насочено кон подготовките за локалните избори, по кои ќе има и конгрес за официјализирање на новиот шеф на партијата. Ѓорѓи Трендафилов е завршена приказна во ВМРО-Народна партија - вели потпретседателот Марјан Додовски, кој на функцијата доаѓа по оставката на Спире Мавровски.Тој е дециден дека ВМРО-НП постои како партија и како чисти шпекулации ги оценува информациите дека огромен дел од членството ги
напуштило партиските редови.
Поради неактивноста на претседателот луѓето се само
пасивизирани. ВМРО-НП ќе биде алтернатива на вистинското ВМРО-овско гласачко тело, зашто тоа се' потешко се идентификува со ВМРО-ДПМНЕ. Имаме силни концепти и за реактивирање на членството и за функционирање на партијата без големи партиски тела. Во партијата има членови од 90-тите години кои знаат што е партиски и политички живот - вели Додовски.Според него, на вонредните парламентарни избориВМРО-НПвоопшто не учествувала, а единствената поднесена листа во Шестата изборна единица ја именува како „приватна листа на Трендафилов“. На последните локални избори ВМРО-НП освои 120.000 гласови, а на парламентарните избори во 2006 година стигна до пет пратенички мандати. По конгресот и изборот на Трендафилов на местото на Весна Јаневска, во партијата дојде до раскол.

Извор:Дневник

Постои ли за оваа партија некоја надеж,да освојат барем советничко место во некоја општина на локални избори или пак се состои само од раководството?
 
Kako sto pisav Vmro-dpmne ne moj da go prezivee NG.Takov poltronizam nemalo uste od vreme na Lazo...
Isto se formira i nova partija so dem-hr orientacija...
Dali to e NP,ne vervam...Oti za sega celta ne e glasovi,ami zemanje clenstvo...lugje ko forumdziive.
Plus,ne se znae sto misli BC za to...
 
џабе им е толку од мене
 
Не ми се верува да се вратат како некоја партија за високи достигнувања. Освен ако Љубчета подобро се погрижи за тоа.
 
Баш би сакал да има и трета партија во Македонија која ќе пружи отпор на овие две,да го разбие монополот,ама нема,што да правиме:)
 
Баш би сакал да има и трета партија во Македонија која ќе пружи отпор на овие две,да го разбие монополот,ама нема,што да правиме:)

И што ако има???
Овие лажеа, манипулираа 17 години, крадеа, си е.аваа мајката...и сега, треба да има некој друг?
Што ќе биде неизживеан во тоа, и да почне пак од почеток???!!!
 
Ова виц или вистина е?
Па уште и бугарон ЉГ ќе се ангажирал, за што ..бугарите (бугарашите) да ги собере на куп?
 
[acko]®;1659135 напиша:

Виц ќе биде ако многумина сегашни членови на ДПМНЕ кој во последен миг се откажаа од ЉуБџо,сега пак му се вратат во скутот помалку незадоволни што некои “нови клинци“ им ги зафатиле вечните столчиња во партијските штабови.:smir:
 
Баш би сакал да има и трета партија во Македонија која ќе пружи отпор на овие две,да го разбие монополот,ама нема,што да правиме:)
Овие од НП не знаат главата кај им е а не монопол да разбиваат.Не ги бива и самите си знаат??Најверојатно ова е еден од последните обиди на Љубчо да биде ви центар пажња.
 
Виц ќе биде ако многумина сегашни членови на ДПМНЕ кој во последен миг се откажаа од ЉуБџо,сега пак му се вратат во скутот помалку незадоволни што некои “нови клинци“ им ги зафатиле вечните столчиња во партијските штабови.:smir:
Е ама работата е шо никој не сека да биде во губитничката опција.Подобро последен во град одколку прв во село.
 
Виц ќе биде ако многумина сегашни членови на ДПМНЕ кој во последен миг се откажаа од ЉуБџо,сега пак му се вратат во скутот помалку незадоволни што некои “нови клинци“ им ги зафатиле вечните столчиња во партијските штабови.:smir:
никој не е будала од партија што е на власт и има највисок рејтинг од било кога да прејдат во лузеска партија која ја води истиот човек што пред 3 години ги заеба! чим до сеа не прешле сеа па ич нема!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom