Баш напротив, се криеше и во очи го лажеше цел народ. Од него, преку претседател на држава, па се до министри и обични функционери и членови, сите во очи го лажеа народот дека кога ќе дојдат на власт нема да го променат името. Се колнеше дека додека диши, нема да го промени името. Јавно, на телевизија.
Дојдоа на власт, и не само што го променија името, туку со тој документ се откажаа и од македонското малцинство во Грција, се откажаа од античкото историско наследство кое де факто дел ни припаѓа и нас, ја избришаа националноста Македонец и ја сведоа на Граѓанин на Северна Македонија и ////. Брендот "Македонија" ѝ припадна на Грција. Државата стана предмет на потсмев во светот.
По грчки национални телевизии кажуваше дека ние немаме црвени линии, тресеше глупости за некакви минотаури и ѕвезди водилки. Ја отвори Пандорината кутија и ги крена апетитите на сите за нови барања и ултиматуми. Креира проблеми каде што немаше. После се чудиме зошто бугарите излегле со свои барања и ултиматуми, зошто македонскиот јазик ни го нарекувале бугарски дијалект, зошто не ја признавале државава и сл.
Така да, не туку го правдајте ова копито, ништо не треба да му се признае, туку треба таа сектата негова еднаш за секогаш да се избрише од политичка сцена, да не помирисаат власт никогаш.