Влатко Лозановски

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Има талент ,своја публика ,глас со кој може многу да постигне а и стас (не е некој грдчо). Ги сакам неговите песни зошто е поразличен од другите и има нешто во неговиот глас што подсеќа на Тоше ама гласот е дар од бога и неможе да се копира,не е крив тој!И да...тој е еден од најдобрите пејачи во Македонија во периодов,а понатаму може и најдобар (после Тоше)!:pipi:
 
Лозано вози Toyota и презентира деби-CD

0716EBCF3084794EB5BB978D56ABB653.jpg
Конечно! По многуте најави, денес (понеделник, 4-ти јануари во 11 часот), на одбран круг луѓе од медиумите, Влатко Лозаноски ќе им го прзентира својот штотуку испечатен албум, кој во продажба, под налепница на продукција Република, ќе се најде во среда, на сите продажни места на магазинот Свет.

Но, тоа не е се! Денешната средба со седмата сила во салонот на Toyota во Скопје е по повод официјализирањето на договорот со познатиот автомобилски бренд со Влатко Лозаноски, по што свечено ќе му биде предадено брендираното возило, а ќе има и коктел.

Честитаме. И за CD-то, и за колата!

Човеков вади деби-албум на кој има ДУРИ 3 нови песни а друго се е старо и слушнато. Епа браво за што сме чекале тоолку време! Една година ја одложуваа промоцијата за цд кое е веќе слушнато.

18333_1277551892221_1032713102_861493_5575257_n.jpg
 
Влатко, менувај продукција.
Извонредни песни има, али на албум да има само 3 нови песни е многу лошо.
 
Најбоље песна му е очи што тајни кријат.
 
кога ќе стигне во Тетово ќе го купам цд то денеска барав го немаше
песните му се топ
 
Честитки за првиот албум. Сепак од продукцијата можеле да се потрудат за повеќе песни. Или барем Лозано да се обидел да напише некоја своја песна.
 
Знае дечково кога да издаде албум и песна :) во најдобро време ги издава, најголеми хитови има. Честита албум, секоја чест
 
Ќе може ли некој да биде толку фин да ме просветли со информацијата во кој клуб низ Скопјево има свои настапи Влатко Лозановски? Ви благодарам однапред.
 
Го обожавам Влатче. Од првиот моменткога го слушнав на Мак Ѕвезди го засакав. Има прекрасен глас, харизма, став, однос итн.. Со еден збор комплетен пејач. Мислам дека далеку ќе стигне и не се согласувам со тоа дека го имитира Тоше. Да, има сличен глас со Тоше ама за тоа не е крив тој Бог му го дарил :) . Абе супер си е Влатче :)
 
Се се`, ама зошто го употребува уметничкото име Лозано не ми е јасно. Исто и Тарабуков со тоа неговото Тара. Кој ли им ги смислува незнам. :uvo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom