Некој треба да ја искине магистратурата,а некој докторатот по економија.
Еве Lurtz ќе критикува од сега,јас ќе одмарам малку
Патем и Фершпед ќе не кошта.
Зш ја? Глеј надвор славејчиња, сонце златно, зеленило одмор за душа...живот. Се е добро, зарем не?
За Фершпед, не знам колку и како е крив но ако се потсетиме дека има луѓе (човеци кои треба денеска да јадат и да се облечат и платат струја) што работат таму, а не се врзани со тоа затајување следи... Преку една уништена фирма директон или индиректно се уништуваат и други лица, па и фирми (трговски промет, туристички, намалена куповна моќ...). А од 10 или од 20 фирми? Дали постои можност, наместо да се забрани работа на фирма, да се одземе од челниците цела власт во фирмата и да се судат посебно? Зборот ми е да не трпи фирмата (не само Фершпед), оти со тоа трпи економијата.
Истото се однесува и на Охис, тивка смрт. Сега ќе отпуштаат работници, зошто? Тие и така не земаа плата одамна. Дали може некако да се спаси таа фирма? Нели, оти мнозински пакет има државата во него.
Само немојте аман некој пак дека ова е од Црвенковски, бидна тоа. Мислам дека сега е време да му се помогне и на Охис и на Железара (и од таму избркаа луѓе-мој близок роднина е еден од нив) и сличните и ако владата ги преусмери парите од биковите, чевлочистачите...во производниот па и другите сектори...дека ќе обезбеди егзистенција за тие што јадат леб од таму, за буџетот кој се рани од тие фирми и за поени за соодветната партија. Вака, сакале нејќеле (иако сум им сеуште наклонет на сегашните) ќе дојдеме до обратен ефект.
Народ има пари јес (погоре кажав за полни плажи, кафани...), али до кога и колкав процент е прашање. Реков и дека сме навикнати на немање (за времето на експертската влада), но бар малку да живнеме, да осетиме еднаш онака фино, без стегање. А овие работи ги нафрлав погоре ради малку разбивање монотонија на критика или фалба на властите и опозицијата
Но мислам дека ова "подобрување" нема да се деси, не сега туку следните ихааа години, без оглед дали е оваа влада или ќе дојде некоја друга, дали оваа или друга опозициона партија, пошто сме сведоци на менување на влади, реконструкции, но џабе. Магичен круг, еб*му магијата таква. Едноставно 20 годишно статус кво, 20-годишна баруштина, но Македонија е и мила ми е, па ниедна земја колку и да е поразвиена нема да ми е помила.
Фала Леандра на отстапениот простор

Можи грешам, али ова е моето мислење по ова...