Вита Диет Клуб

  • Креатор на темата Креатор на темата Justice for All
  • Време на започнување Време на започнување

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
"Вита Диет Клубот, формиран пред 8 години како прв нутриционистички клуб на Балкант, денес прерасна во институција, позната не само во Македонија туку и во светски рамки. Првите чекори во формирањето ги направија Др. Жан Митрев и Тања Турунџиева, кои во тоа време со полн ентузијазам и визија направија промена во секојдневието и чекор напред во поглед на здравиот начин на исхрана кај нас. Ги собраа на едно место сите кои имаа вишок на килограми, премалку килограми, здравствени проблеми, за да им помогнат со здрав и правилен режим на исхрана да стигнат до саканата цел. Помалку килограми, поздрав начин на живеење, поквалитетна исхрана и се разбира – индивидуален режим на исхрана, е она што го нуди ВитаДиет Клубот. И сето тоа единствено со храна."

Ова е описот што тие го даваат за себеси, на нивниот блог.

Заинтересиран сум за поздрав живот, а со тоа секако и здрава исхрана. Читајќи го форумов, а особено темата за диети и слабеење, наидов на многу пофалби за дечкиве.

Дали имате и вие лично искуство со нив, кое би можеле да го споделите? Како се движат цените? Знаете ли за други вакви диет-клубови, имаат ли конкуренција луѓево?
Што се знаеме за Вита диет клубот?
 
Познавам луге што оделе.....СИте биле задоволни. СО здрава диета и добра посветеност до прав резултат.
 
Еј а дали некој ги знае цените за овој клуб?
 
За три месеци диета цената е 3000 денари.
 
За три месеци диета цената е 3000 денари.

За 1000 денари месечно добиваш анализа и препорака за диета според крвна група, и еднаш неделно мерење за следење на прогресот.

Колешка ми, која од мала има проблеми со прекумерна тежина , членува во Вита подолго време и има видливи резултати. Ама не сум ја видела да јаде ништо друго освен овошје.
 
Да, 1000 денари месечнo е. Самo на пoчетoкoт мoра да се дадат 3000 денари за првите три месеци. А oвoшје секoј ден е за дoручек, ручек се менува, а вечера е иста сo ручекoт самo на пoла.

Штo е најбитнo oние кoи имаат пoтреба oд слабеење и се придржуваат дo режимoт ќе oслабнат 100% без да имаат пoследици пo здравјетo. :)
 
Јас лично не сум заинтересиран за диета за слабеење. Мене ми треба диета за го ослабам тоа сало што го имам (што и не е многу), а во исто време да набилдам мускулна маса. И покрај тоа, сакам диетата да биде здрава и да не гладувам.
Кажете ми дали го нудат ова?
 
Со ниту една диета не можеш да набилдаш мускулна маса. Тоа можеш само со вежбање. Ако сакаш да го тргнеш салото а при тоа да го одбегнеш yo-yo ефектот го препорачуваат местово. Ќе одам деновиве па ќе видам како е точно што.
 
Не зезај, сеа ме просветли, значи :pos:
Сакав да кажам, диета што ќе оди добро заедно со вежбање, ме разбираш. Да има протеини, за да можат мускулите да се развиваат.

Така. Ај оди види, па да ни кажеш како е. :wink:
 
Јас лично не сум заинтересиран за диета за слабеење. Мене ми треба диета за го ослабам тоа сало што го имам (што и не е многу), а во исто време да набилдам мускулна маса. И покрај тоа, сакам диетата да биде здрава и да не гладувам.
Кажете ми дали го нудат ова?
Јас мoжам да ти кажам самo дека сo oва диета нема гладување. Сега мoже да не ти е се пo вкус, ама гладен нема да oстанеш. Нема ни пoследици вo здравјетo, бидејќи се рабoти за здрава исхрана.
 
Јас мoжам да ти кажам самo дека сo oва диета нема гладување. Сега мoже да не ти е се пo вкус, ама гладен нема да oстанеш. Нема ни пoследици вo здравјетo, бидејќи се рабoти за здрава исхрана.
Имаш пробано? Ако имаш, дај примери за оброци, баш ме интересира, што се јаде во еден просечен оброк.
 
Јас мoжам да ти кажам самo дека сo oва диета нема гладување. Сега мoже да не ти е се пo вкус, ама гладен нема да oстанеш. Нема ни пoследици вo здравјетo, бидејќи се рабoти за здрава исхрана.

Гладен ќе бидеш, неможе да не бидеш гладен ако при нормална исхрана внесуваш пример ~1000 килокалории, а со диетава те ставаат на ~200.
Плус, нема цигари, нема кафе.
Ќе јадеш само зеленчуци и овошје.
 
Риба, месо, печени компири, јајце, сирење... (не се мешаат нормално) и салати и овошје. За секое посебно се кажува кога и колку пати неделно и во колкава количина. Мислам дека еднаш или двапати неделно треба цел ден само на овошје и зеленчук да се биде. Ако не си се придржувал, те казнуваат со построг режим ден-два. :) Не се сеќавам на се', познавам двајца што одеа таму. Не значи дека истово ќе ви го дадат... знам дека диетата се прави за секого посебно.
 
Риба, месо, печени компири, јајце, сирење... (не се мешаат нормално) и салати и овошје. За секое посебно се кажува колку пати неделно и во колкава количина. Мислам дека двапати неделно треба цел ден само на овошје и зеленчук да се биде. Ако не си се придржувал, те казнуваат со построг режим ден-два. :) Не се сеќавам на се', познавам двајца што одеа таму. Не значи дека истово ќе ви го дадат... знам дека диетата се прави за секого посебно.

да има риба=туна, без ништо.
месо да има, еднаш на 2 недели.
јајце+цирење=строго забрането.

Јас барем така слушнав од луѓе кои одеа во вита диет.
Точне е дека за секого е посебна диетата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom