Ретко кој овде на форумов има абер само за едно од овие, а камо ли пак сите пет да ги земе предвид при толкувањето. Али затоа пак сите се брзи за барање грешки и исмејување со она што не го познаваат.
Ставете прст на глава и размислете: Доколку тоа навистина беше толку апла очигледна противречност во книгата Битие, зарем писателот на таа книга би ја напишал и оставил истата? Зарем стотиците препишувачи на Мојсеевите книги понатаму би продолжиле да ја препишуваат таа апла очигледна противречност од 15ти век пред наша ера, па се до првата печатница во 16ти век? (околу 30 века!)
Замислете вие да објавите света книга во која сакате да го промовирате вашиот личен бог пред политеистичко општество и уште на почетокот на вашата света книга го претставувате вашиот бог како лажго кој вели дека Адам во четврток ќе умре (во денешна смисла смрт), а потоа тој не умира

Ќе ви успее ли промоцијата? Ќе стане ли некој „ваш верник“? Ќе почне ли некој да ве следи? Ќе остане ли некој да ве следи? Очигледно не. Но затоа ништо од погоре не било случај со евреите.
Оттука станува јасно дека денес, а најмалку пак тогаш, евреите (и христијаните) не го читаат и разбираат текстот во Битие преку буквалистичко читање на преводите, туку во неговиот историски, лингвистички, културолошки и духовен контекст.
А што се случило со Адам и Ева, за објективниот инепристрасен читател, е многу лесно да се закучи. Откако Адам и Ева каснале од забранетото дрво, искажале директна непослушност кон Бог, а со тоа паднале во грев и смртта настапила во нивните тела. Па така тие почнале да стареат, органите полека но сигурно почнале да им откажуваат и по икс години срцето престанало да им чука и тогаш настапила полна смрт. Според Библијата Адам и Ева имале совршени тела и затоа, иако станале смрттни, староста била подолготраен процес отколку денес кога последиците на гревот се далеку поголеми бидејќи се умножуваат од генерација во генерација.