Вистинскиот ‘морал‘ на религиите

  • Креатор на темата Креатор на темата IgorChete
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа што тој несмртен станал смртен. Нивната бесмртност била условна. Тие не смееле да каснат од забранетото дрво и бидејќи каснале, станале смртни.
Еднаш ти реков дека твојата тврдоглавост, не е поголема од мојата! Ти слободно продолжи да се правиш на тошо, јас во секој пост ќе те потсетувам дека за да можеш да препознаеш погрешно од исправно, потребен ти е критериум - читај: СОЗНАНИЕ ЗА ДОБРО И ЗЛО! А замисли токму тоа твојот бог им го забранил! Ги создал токму без тоа сознание!
Толку било тешко да се свати!
 
Е, не можу да се воздржам, пошто ептен легна на претходната:

7jiCU.jpg
 
Ретко кој овде на форумов има абер само за едно од овие, а камо ли пак сите пет да ги земе предвид при толкувањето. Али затоа пак сите се брзи за барање грешки и исмејување со она што не го познаваат.

Ставете прст на глава и размислете: Доколку тоа навистина беше толку апла очигледна противречност во книгата Битие, зарем писателот на таа книга би ја напишал и оставил истата? Зарем стотиците препишувачи на Мојсеевите книги понатаму би продолжиле да ја препишуваат таа апла очигледна противречност од 15ти век пред наша ера, па се до првата печатница во 16ти век? (околу 30 века!)
Замислете вие да објавите света книга во која сакате да го промовирате вашиот личен бог пред политеистичко општество и уште на почетокот на вашата света книга го претставувате вашиот бог како лажго кој вели дека Адам во четврток ќе умре (во денешна смисла смрт), а потоа тој не умира :) Ќе ви успее ли промоцијата? Ќе стане ли некој „ваш верник“? Ќе почне ли некој да ве следи? Ќе остане ли некој да ве следи? Очигледно не. Но затоа ништо од погоре не било случај со евреите.

Оттука станува јасно дека денес, а најмалку пак тогаш, евреите (и христијаните) не го читаат и разбираат текстот во Битие преку буквалистичко читање на преводите, туку во неговиот историски, лингвистички, културолошки и духовен контекст.
А што се случило со Адам и Ева, за објективниот инепристрасен читател, е многу лесно да се закучи. Откако Адам и Ева каснале од забранетото дрво, искажале директна непослушност кон Бог, а со тоа паднале во грев и смртта настапила во нивните тела. Па така тие почнале да стареат, органите полека но сигурно почнале да им откажуваат и по икс години срцето престанало да им чука и тогаш настапила полна смрт. Според Библијата Адам и Ева имале совршени тела и затоа, иако станале смрттни, староста била подолготраен процес отколку денес кога последиците на гревот се далеку поголеми бидејќи се умножуваат од генерација во генерација.

Се согласувам со тебе во потполност. И на крај краеви крајната цел на Библијата не е ние да седиме и да си го потрошиме животот на бесполезни толкувања и буквалистички фаќања за секој збор...
За мене лично Библијата на видлив начин го менува човекот и баш буквално дава плодови во неговиот живот.
--- надополнето: Nov 22, 2011 3:10 PM ---
А Вие, се дрогирате?

Штетата е направена веќе. Откако Вашите деца ќе дознаат дека од дрога не се умира, голема е веројатноста да посегнат по неа, онака, за забава.

Знаете дека забранетото е секогаш послатко? Па така, сами сте свесни дека ќе ги носите на душа сопствените деца.
Не се дрогирам, не сум се дрогирала и немам намера да се дрогирам. Ако од дрога не се умира, тогаш од што, од јаболка? :rolleyes:
 
Не се дрогирам, не сум се дрогирала и немам намера да се дрогирам. Ако од дрога не се умира, тогаш од што, од јаболка? :rolleyes:
Од јаболко се умира. Така вика твојот бог, само лаже малку, пошто наместо Адам да умре во денот кога пробал, ко што Јахве го лажел претходно, овој умрел едно триста илјади денови подоцна. Сепак умрел, ко што би рекол Alf или Чорба. Hence, од јаболко се умира...

Од дрога не се умира. Се умира од зависноста проследена со негрижа за себе. Понекогаш се умира и од самоубиство и од лошо дозирање. Последниве се доста чести кај хероиноманите. Тие не умираат од дрога - се убиваат со неа и тоа свесно.

Инаку, кафето е дрога - и формално и фактички. Исто и цигарите и виното. Последново, ко што сум информиран, се служи и промовира во црква.

Сеа ти види на какви пороци те учи твојата религија.
 
Што се правиш со сила мутав/ва?

О човеку, денес навистина ме насмеа твојата упорност. На што се сведува тоа - на желбата да докажеш дека Бог не постои или на признание дека постои ама не ти одговара таков каков што е?
Цело време како од тебе да збори фрустрација. И ај, нема проблем, јас прифаќам да ме прекрстиш и во мутава... Јас знам што направи таа книга во мојот живот, знам што прави постојано, знам на конкретни начини како мојот живот е благословен, знам како изгледа да добиеш одговор на молитва, just like that...
На крајот на краиштата, „Бог го избра она што е безумно во овој свет, за да ги посрами мудрите...она што е слабо, за да ги посрами силните“ (1Коринтјани 1:27)
јас ќе си бидам мутава и задоволна, ти продолжи да бидеш мудар...:icon_lol:
 
Од дрога не се умира.

Хмммм, воа погоре, морам да го испитам...Отидов ја на „испитуење„....:pos:
--- надополнето: Nov 22, 2011 3:24 PM ---
Инаку, кафето е дрога.

Да, ја ево, секој ден, кога сум „даун„, земам троа кава и идам у „хај„ па преоѓам на „кул„....:D
--- надополнето: Nov 22, 2011 3:25 PM ---
Исто и цигарите.

Да, се сагласуем...То му доваѓа нешо као „демонско кадење„.
--- надополнето: Nov 22, 2011 3:26 PM ---

Виното е библиски пијалок, па затоа Црквата и го препорачува како алкохолен пијалак, наместо ракија, пиво или други „љути„ питија, и све то со мерка, нормално...
 
Да, ја ево, секој ден, кога сум „даун„, земам троа кава и идам у „хај„ па преоѓам на „кул„....:D

Caffeine is the world's most popular drug.

Caffeine is a bitter, white crystalline xanthine alkaloid that acts as a stimulant drug.

For many human beings it means a change to get a break and regain some strength. To drink coffee has become a habit in the life of many people. This is because coffee is a drug. Yep, it contains caffeine.

Просто не можам да верувам дека уште постојат луѓе што не сфаќаат дека се апсолутно навлечени на кафе?!?!

Да не не знаеш ниту дека алкохолот е дрога? Или цигарите?

 
Хмммм, воа погоре, морам да го испитам...Отидов ја на „испитуење„....:pos:
--- надополнето: Nov 22, 2011 3:24 PM ---

Да, ја ево, секој ден, кога сум „даун„, земам троа кава и идам у „хај„ па преоѓам на „кул„....:D
--- надополнето: Nov 22, 2011 3:25 PM ---

Да, се сагласуем...То му доваѓа нешо као „демонско кадење„.
--- надополнето: Nov 22, 2011 3:26 PM ---

Виното е библиски пијалок, па затоа Црквата и го препорачува како алкохолен пијалак, наместо ракија, пиво или други „љути„ питија, и све то со мерка, нормално...

Виното постои пар илјади години пред Јахве да одлучи да прави универзум.

Evidence of the earliest wine production in Europe has been uncovered at archaeological sites in northern Greece (Macedonia), dated to 6,500 years ago.[5][6] These same sites also contain remnants of the world's earliest evidence of crushed grapes.[5] InEgypt, wine became a part of recorded history, playing an important role in ancient ceremonial life. Traces of wild wine dating from the second and first millennium BC have also been found in China.[7]

Тешко да е „библиски пијалок“. Од Библијата немало ни „Б“ кога на овие простои луѓето оргијале по цели недели за време на омилените празници сега бесрамно киднапирани од христијанството.

Виното, Мики, е ДРОГА каква што е никотинот, кофеинот, хероинот, тхц-то, мдм-то, пцп-то и лсд-то.

Формално-правно не постои разлика помеѓу било кое од овие.

Пиеш пиво - наркоман. Пиеш кафе - наркоман.

Не постои нешто како умерено конзумирање на дрога. Или конзумираш, или не конзумираш. Ти, еве, се џаначиш со вино по цркви. Ја се џаначам со пиво по пабови. Исти курац.
 
О човеку, денес навистина ме насмеа твојата упорност. На што се сведува тоа - на желбата да докажеш дека Бог не постои или на признание дека постои ама не ти одговара таков каков што е?
Цело време како од тебе да збори фрустрација. И ај, нема проблем, јас прифаќам да ме прекрстиш и во мутава... Јас знам што направи таа книга во мојот живот, знам што прави постојано, знам на конкретни начини како мојот живот е благословен, знам како изгледа да добиеш одговор на молитва, just like that...
На крајот на краиштата, „Бог го избра она што е безумно во овој свет, за да ги посрами мудрите...она што е слабо, за да ги посрами силните“ (1Коринтјани 1:27)
јас ќе си бидам мутава и задоволна, ти продолжи да бидеш мудар...:icon_lol:
Ако се најде навредена од кажаното се извинувам, немав таква намера.
Инаку фактите кажани од моја страна, на никој начин не ја губат својата валидност поради начинот на кој оваа книга го изменила твојот живот. Живот може да ти изменат многу нешта. Мене и форумов ми го смени животот на начин на кој ниедна молитва не би успеала....А како што ти можеш да добиеш одговор на молитва, така јас многу пати сум добил одговор (резултат) преку ритуал.

И за крај, слободно биди си што сакаш, но кога се впушташ во дијалог на јавен форум, не кукај и не плачи. Намената на форумот е дискусија и размена на аргументи, штом си тука, значи дека си се фатила за орото.
 
Од јаболко се умира. Така вика твојот бог, само лаже малку, пошто наместо Адам да умре во денот кога пробал, ко што Јахве го лажел претходно, овој умрел едно триста илјади денови подоцна. Сепак умрел, ко што би рекол Alf или Чорба. Hence, од јаболко се умира...
Истиот момент кога пробал "умреле",ставам во наводници бидејќи не се мисли на телесно умирање.
За поедноставно да се разбере треба сите периоди од развојот на човекот да ги имаш во увид,од бебе до старец.И што ги карактеризира секој период поединечно.

Инаку во битие се зборува за период на човек од бебе до пубертет.
Тоа е оној период кога ви работат повеќе хормоните.
Сигурно знаеш кои период од човечкото развивање тој не се срами од своите органи,во неговите мисли тие служат за мочање и за ништо друго.
Оној период кога ќе сватат дека се користат и за друго,се јавува срамот.

А за да свати треба да проба од овошјето кое исто така е преставено како духовна храна,тоа е толку слатко што е многу тешко да се одолее ,а да не се проба.
Пораката од бог,да не пробаат бидејќи оној ден кога ќе пробат ќе умрат,значи дека во периодот на своето развивање на човекот со половиот контакт доведува до негово размножување во кое треба да се влезе потполно ослободен од секакви стравови,а еден од тие стравови е и смрта,со која биле предупредени.
Женското побрзо созреало што би се рекло за размножување и нејзе побрзо и минува времето(преставена со змија),но машкото има задача пред да вкуси од плодот мора да го победи зборот на својот создавач,односно да го надмине стравот од смрта.Тоа не меже да се создаде во креацијата, тоа се доживува.
Со тоа станува маж во права смисла на зборот,спремен да вкуси од плодот на спознанието на доброто и лошото.

Се случило тоа што се случило Адам вкусил од плодот и "умрел" и што е уште потрагично тој го обвини самиот создавач за постапката велејќи дека жената која тој му ја дал го прелажала.Адам е кукавица,како и некој тука што секогаш некој друг е крив за нивните постапки кои носат соодветни последици.
 
Истиот момент кога пробал "умреле",ставам во наводници бидејќи не се мисли на телесно умирање.
За поедноставно да се разбере треба сите периоди од развојот на човекот да ги имаш во увид,од бебе до старец.И што ги карактеризира секој период поединечно.

Инаку во битие се зборува за период на човек од бебе до пубертет.

Во Битие нема наводници. Јахве не му вика „во денот ко ќе јадеш, ќе „умреш“, жими мајка.“ Книгата „мисли“ на физичка смрт. Смрт за која единствено и се пишува во Книгата.

И нема што ја да ги разбирам периодите на развој на човекот - не е Библијата метафора. Барем не на овој форум. Ако ти ја сфаќаш метафорично, ќе наидеш на повеќе другари од оваа, наместо од страната на верниците кои пишуваат тука.
 
Религија + вистина не оди заедно.
Морал + Религија не оди заедно.
Од тука следи дека Вистина и Морал барајте на друго место, не во влажните мрачни ќошиња на религиите!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom