Виножито

  • Креатор на темата Креатор на темата Aminta III
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 март 2008
Мислења
124
Поени од реакции
7
На форумот прочитав каде членовите на оваа партија на Македонците во Егејскиот дел велеле дека денешните Македонци немаат ништо со Антички.
Не ги обвинувам нив затоа што тие живеат во Информативен мрак,со силна грчка пропаганда,просто ме чуди како и формирале партија во Грција.Како и да е поздрав до нашите храбри браќа.:salut:
 
Лошо си прочитал,односно лошо те информирале.
 
ЕВЕ КОЈ ГИ ТУРКА РАБОТИТЕ ДО КРАЈ.

За денеска во Советот на Европа е најавена посета и на претставниците на Македонците во Грција и во Бугарија, Павле Васкопулус од „Виножито“ и Стојко Стојков од ОМО Илинден - Пирин. Тие пред високите претставници на Советот на Европа ќе го изнесат прашањето за третманот на малцинствата во нивните матични држави и проблемите со кои се соочуваат при остварувањето на основните човекови и малцински права. Васкопулус пред Советот на Европа ќе ги презентира сите докази на дискриминација на македонското малцинство во Грција, како што е попречување на работата на раководството на „Виножито“, како и за носењето судски одлуки против Македонците под директива на грчката државна политика. Стојков, пак, пред европските парламентарци ќе го изнесе проблемот со непризнавањето на партијата на Македонците во Бугарија, која бугарската држава веќе 17 години упорно одбива да ја регистрира. Има најава за посета и на експерти за правата на малцинствата и во Бугарија како резултат на лошиот однос на бугарската држава кон македонското и кон турското малцинство.


Македонската делегација во парламентарното Собрание на Советот на Европа ја сочинуваа Оливер Шамбевски, Андреј Жерновски, Игор Ивановски и Ермира Мехмети. За положбата на малцинствата во Грција неодамна интерес покажа и Комисијата за борба против расизмот и нетолеранција (ЕКРИ), која се сретна со припадници на македонското и другите малцинства кои живеат во Грција. Извештајот на ЕКРИ до Советот на Европа се очекува најдоцна до крајот на годинава. Во него треба да стојат препораки што точно грчката држава треба да направи за да се подобри положбата на малцинствата.
 
ВИНОЖИТО“ И ОМО ИЛИНДЕН-ПИРИН ВО СОВЕТОТ НА ЕВРОПА
Македонските малцинства распалија
На Грција и на Бугарија им станува се потешко да ја прикриваат вистината за положбата на македонското малцинство во нивните земји. Само прашање на време е кога тие ќе мора навистина да се зафатат со решавање на овој проблем, а не како досега, да го прават тоа само декларативно и под притисок на меѓународните организации. Ова го тврдат претставници на здружението на Македонци во Грција „Виножито“ и ОМО Илинден-Пирин во Бугарија по средбите во Советот на Европа во Стразбур и на состанокот на ОБСЕ во Варшава. Пред европарламентарците претседателот на „Виножито“, Павле Васкопулус, побарал Грција да преземе одговорност за своите постапки, особено околу непочитувањето на конвенциите за заштита на човековите и малцинските права. - Грција за непочитувањето на правата на малцинствата плаќа казни во Судот во Стразбур, а од друга страна не го почитува спроведувањето на сите конвенции на што е обврзана како членка на Европска унија - вели Павле Васкопулус, претседател на „Виножито“. Според него, веќе станува практика грчките судови да работат во спрега со актуелната државна политика. Тој како пример ја навел одлуката на Судот во Стразбур за регистрација на Домот на културата на Македонците во Лерин, одлука која надлежниот суд во Грција и натаму ја игнорира. Во „Виножито“ се надеваат дека посетите на експертите задолжени за испитување на третманот на малцинствата, какви што беа онаа на Комисијата за расизам и нетолеранција при Советот на Европа и онаа на претставникот на ОН, ќе придонесат правата на Македонците во Грција да се подобрат. Претставниците на партијата на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден- Пирин, пред парламентарното собрание на Советот на Европа се пожалија за нивниот најголем проблем за одбивањето на бугарските судови да ја регистрираат партијата и покрај одлуката на Судот, која е во нивна корист. Стојан Георѓиев, претседател на партијата, вели дека токму за време на престојот на делегацијата во Стразбур претседателот на Бугарија, Ѓорѓи Прванов, во јавноста излегол со изјава дека ОМО Илинден-Пирин работи против интересите на Бугарија. Според него, тоа воопшто не е случајно и претставува обид за оцрнување на организацијата. - ЕУ предолго го толерира однесувањето на Бугарија. Токму затоа во говорот напоменав дека таа воопшто не е демократска земја и покрај членството во Унијата. На тоа остро се спротивставија бугарските парламентарци тврдејќи дека ги почитуваат обврските на Судот. Сепак, тоа не е точно, туку Бугарија само ја плати казната за непочитување на судската одлука - изјави Георгиев.
 
Zatoa sto makedoncite ne mrazat.da mrazat makedoncite isto ke postapea kako niv.:toe:
 

de vidi od 7.00 minuta nagore koja pesna odi...pa posle utvrdi dali nemale veza so anticki makedonci
 
Денес во Битола при доделувањето на Златни медали со ликот на Персеј и благодарници за заслуги во афирмирањето на македонизмот- Атанас Парисис од Виножито изјавил дека за него и неговата партија предлогот на Нимиц е неприфатлив, оти ја принудува Македонија да добие поразлично име од нејзиното- вековното . :helou:
 
2nd Congress of European Free Alliance-Rainbow

Florina/Lerin - November 22, 2008

European Free Alliance-Rainbow announces its 2nd ordinary Congress of region representatives, to be held in the city of Amindeo/Surovichevo (Cultural Centre of the municipality) on the 23rd of November, at 10.30 a.m.

After the party’s successful historical 1st ordinary Congress in May 2004 (Thessaloniki/Solun), EFA-Rainbow expects its 2nd Congress to became an even louder voice of all ethnic Macedonians in Greece, as well for every citizen of the country who shares the same values and principals.
Values and principals that are respected from all democratic human beings and all democratic states but are still missing from modern Greece.

A high number of officials are invited and expected to attend the Congress. Among them, members of the European Parliament, representatives of EFA-Rainbow’s affiliate organizations, Greek and European political parties, as well as international institutions.

:smir:
 
Лошо си прочитал,односно лошо те информирале.

До некаде...ставот на Виножито е дека никој нема право на античката историја, и дека таа му припаѓа на светот. Впрочем, тие и воопшто не се оптоваруваат со историјата, и највеќе внимаваат и работат на тоа што се случува во сегашноста, и работат за да ја подобрат својата иднина.

Горе-долу по политичка ориентираност, партијата е либерална и анархистичка, и не се "macedonian ultra" како што мислат некои во Македонија.

А какви се личните ставови на членовите, како луѓе е тоа е веќе друга работа :)

Инаку, самото име „Виножито“ има одредена симболика...
 






Еве дел од ставовите на виножито, старо и легендарно интервју на Павле Васкопулос за една од грчките телевизии.
 
Закон е човекот,а другите од партијата,така се брани Македонскиот народ.Во едно интервју,друг член на партијата кажува дека има над милион Македонци во Грција,заедно со уште еден милион немакедонци,се разбира во Егејска Македонија,но не сите национално освестени.
 
Back
На врв Bottom