Вицеви без наслов 2 дел

Штотуку дипломиран адвокат си отворил адвокатска канцеларија. Немал ниту еден клиент долго време. Конечно, секретарката му рекла дека еден човек го бара. Адвокатот ѝ рекол да го пушти внатре, но после 10 минути. Десет минути подоцна, кога човекот влегол во неговата канцеларија, адвокатот го држел телефонот и се преправал дека разговара со важен клиент:
– Г-дине министре, не можам да го земам вашиот случај за помалку од 500 евра! Јас обично земам околу 1000, но за вас, се разбира, би имало мал попуст…
По затворањето на телефонот, адвокатот се свртел кон новодојдениот човек и го прашал:
– Како можам да ви помогнам?
– Јас работам во вашиот телефонски оператор. Ме пратија овде затоа што телефонот не ви работи…
 
Шанкер ја прашува келнерката:
– Зошто касниш?
– Ужасно беше. Си доаѓам јас на работа кога на сред улица гледам ужасна сообраќајна несреќа. Човек лежи на тротоарот исфрлен од колата, ногата му е скршена, главата дупната, крв насекаде. Фала Богу што бев на курс за прва помош.
– И што направи?
– Ја наведнав главата за да не се онесвестам.
 
Еден човек се враќа дома, влегува во спалната соба и ја фаќа сопругата со лисици на рацете, во устата топка и целата изврзана со синџири. Покрај неа стои љубовникот со камшик во рака и кожна маска. Молк.
Мажот ја нарушува тишината:
– Како што гледам, бесмислено е да те тепам…
 
Се прибира ловџија дома мртов пијан. Кучето му помага да си дојде дома, а жена му го пречекува и го прашува:
- Море, колку ракии испи?
- Сааамо тррри...
- Шарко, колку ракии испи овој?
- Ау, ау, ау!
- Уф, а колку пива испи?
- Ауууууууууууууууууууууууууу!

:D
 
Македонско семејство со дете се во ресторан. По вечерата, мајката му вели на келнерот:
– Ќе може ли да ми го спакувате остатокот од храната за кучето?
Келнерот:
– Се разбира! Веднаш.
Детето:
– Јухуууу! Мама ќе ми купи куче!
 
Доаѓа Рамче во трафика и бара лоз кој завршува на 64.
Продавачот: Баш мора на 64?!
Рамче: - Мора!
Ги пребарува продавачот сите лозови и наоѓа таков лоз.
После неколку дена Рамче ја добива премијата и се збогатува.
Дошол Рамче кај продавачот и му дава 2000 евра затоа што се потрудил да го најде лозот.
Продавачот: Не треба, само кажи ми како знаеше дека добитната комбинација завршува на бројот 64.
Рамче: - Сонував сон. Прекрасна плажа... По неа трчаат 7 бели коњи и ги јават 7 прекрасни девојки.
Продавачот: Па?
Рамче: - ПА ПОМНОЖИ ....
 
Влав вика на жена му:
- Жено изнервирај ме!
- Зошто?!
- Брзо изнервирај ме!
- Ама зошто?
- Најдов Аналгин, утре му истекува рокот...

:D
 
Еден млад човек влегува во црквата и одвај промрморува:
– Дедо попе… сакам… да… се женам…
– Браво момче, браво… Колку години имаш?
– 22!
– Прекрасна возраст за брак! А колку години има твојата избраничка?
– 15.
– 15? Не, жал ми е, тоа е невозможно! Противзаконски е!
Младиот човек издивнува со олеснување:
– Дедо попе, ќе сакате ли само да му го кажете ова и на нејзиниот татко? Ене оној, до вратата, со пушката…
 
Се враќа Блажо дома:
- Маро, ќе те тепам.
- Зошто бе Блажо?
- Биравме градоначалник ...
- Е како го биравте бе Блажо?
- Па решивме кој има најголем, тој да е.
- И што се случи?
- Еми ги извадииме, ги наредииме на масата во кафаната....
- И кого избравте бе Блажо?
- Цветко го избравме ...
- А Лазар не беше таму?
- Ти реков Маро, ќе те тепам!
 
Рибар фатил златна рипка:
- Пушти ме и ќе ти исполнам желба.
- Рибо златна, со жена ми никако да се усогласиме. Сакам секогаш да свршуваме заедно.
Рибата му ја исполнила желбата. Тргнал рибарот кон дома и по патот трипати свршил.
 
Прва брачна ноќ. Младенците се во спалната соба, а родителите на момчето спијат во соседната соба. После енергичниот се*с, мажот легнува на грб и вели:
– Мила, дај ми чаша ладна вода!
Од соседната соба се слуша гласот на неговата мајка:
– Стефче, како што си испотен сега, мајка, само уште ладна вода што ти треба…
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom