Вицеви без наслов 2 дел

Девојката: Не се чуствувам добро денеска.
Дечкото: Штета, a баш мислев да те носам на шопинг.
Девојката: Хаха, јас се шегувам!
Дечкото: Знам, ха-ха и јас се шегувам.

:ROFLMAO:
 
Зоки Поки ѝ вели на Лидија:
– Лиде, може ли да те искористам како жена?
– Ау, Зоки, какви мрсни мисли имаш…
– Не, ти имаш мрсни мисли, а мене топката ми падна во женскиот тоалет…
 
Избил пожар во едно болничко крило, дошле пожарникари и го изгаснале. Еден од пожарникарите му поднесува извештај на дежурниот лекар:
- Пожарот е успешно изгаснат, но имаше седум повредени. Им дадовме вештачко дишење и петмина вративме во живот. За другите двајца, за жал не можевме ништо да сториме.
Докторот само се фатил за главата и изустил:
- Како тоа петмина вративте во живот? Луѓе, вие гасевте пожар во мртовечницата. ®
 
Еден Евреин се вработил во голема трговска фирма. Работата на фирмата не и одела добро, па шефовите барале начин како да го отпуштат. Одлучиле да му доделат задача која ја сметале за неостварлива, па го пратиле да продава „Лада“ автомобили во Англија. Но не поминал ни еден месец, а Евреинот се вратил со договор за голема испорака. Што да прават, го испратиле во Јапонија, да продава компјутери – поминале месец – два, но и покрај тоа Евреинот пристигнал договор. На крај решиле да му дадат екстремно тешка задача: Го испратиле во Африка да продава бунди. Поминал, месец, два, три, половина година, година… го нема Евреинот. Шефовите веќе се успокоиле дека или умрел од глад или го изел некој лав, кога синот Давидов се вратил уморен, ослабен, но со договор!
– Добро бе човеку, како успеваш да продадеш се што ќе ти речеме?! Тоа што го правиш е неверојатно!
– Како не, неверојатно. Отидов во Лондон, си одам по улицата и гледам локален Евреин. Почнавме муабет, се запознаваме и од збор на збор тој се јави на телефон и ме поврза со нивните лобисти, по една недела во Парламентот изгласаа закон и ете ти нарачка. Во Јапонија ми требаше повеќе време да најдам Евреин, но потоа се си одеше по шемата: телефони – лоби, парламентот гласа закон и потпишуваме договор.
– Добро, а во Африка – бундите?! И зошто се задржа толку?
– Бидејќи излезе дека таму немале ни пратеници ни парламент. Па требаше да им правам и Собрание и избори… а потоа – веќе знаете…
 
Прашуваат Влав:
- Што си така потечен во образот?
- Остај бе, ме истепаа.
- Не лажи бе, бомбона имаш!

:ROFLMAO:
 
Во дворот на една селска куќа седат петелот, мачорот и кучето. Петелот вели:
– Доста ми е од се`. Утре ве будам за последен пат и си го фаќам патот. Кокошки повеќе нема, храна нема… нема зошто да седам повеќе јас овде.
Мачорот:
– И мене ми е доста од се. Газдите ја продадоа кравата, ни млеко има ни сирење. Ни за мене нема живот повеќе овде. И јас утре си го фаќам патот.
Кучето ги гледа и срамежливо вели:
– Јас ќе останам уште една недела…
– Зошто? – прашуваат мачорот и петелот.
– Па вчера ја служнав газдарицата како му вели на газдата: „Ако и следнава недела не донесеш плата, ќе му го лапаме на Шарко“. Е па јас си велам да почекам.
 
На една конвенција за пиво неколку представници на марки на пива седнале во ист хотел, одат во барот да се напијат нешто и нарачуваат:

Претставникот од Сан Мигел му рекол на барменот:
- На мене стави ми Сан Мигел.
Претставникот од Круз Kампо рекол:
- На мене стави ми Круз Кампо.
Претставникот од Амстел рекол:
- На мене стави ми Амстел.
Претставникот од Алхамбра му рекол на келнерот:
- На мене стави ми Кока Кола.
Овие другите зачудено го прашале:
- Зошто не порачуваш Алхамбра?
Овој им одговорил:
- Па кога вие не порачувате пиво, нема ни јас да порачам.

:icon_mrgr:
 
Две калуѓерки ноќно време се враќаат во манастирот преку една шума. Наеднаш во далечината забележуваат како ги следи еден човек.
– Знаеш што? Едната од нас мора да се жртвува. Предлагам да се разделиме овде на крстопатот, тој не може да оди по двете. Така барем едната од нас ќе остане чесна – ѝ вели едната на другата.
Тргнале едната лево, другата десно, а човекот тргнал по втората. Првата стигнала до манастирот, ја почекала втората и по кратко време оваа дошла целата задишана и црвена.
– Што се случи? Те фати ли? – ја прашала првата.
– Па да, ме фати.
– А ти?
– Го кренав фустанот до половината.
– И тој?
– Тој ги спушти пантолоните до колена.
– Аууу, вистина?! А потоа?
– Потоа се разбира… Калуѓерка со поткренат фустан трча многу побрзо од маж со спуштени панталони…
 
Македонец седнува на своето место во авионот. По некое време до него седнува една прекрасна жена и тој се обидува да започне разговор.
– Деловно патување или одмор? – Прашал Македонецот, тресејќи се од желба да ја освои.
– Конференција на нимфоманки во Чикаго! – одговара таа.
Нашиот подголтнува од возбуда, не верувајќи во својата среќа, и повторно ја прашува:
– А какво е вашето учество на оваа конференција?
– Јас сум предавач и го користам моето искуство за да побијам некои популарни митови.
– Што, на пример? – Прашува Македонецот.
– Па, еден од нив е дека Афроамериканците се најнадарени, а вистината е дека локалните Индијанци имаат најголеми. Друг мит е дека Французите биле најдобри љубовници, а фактите покажуваат дека најдобри љубовници се Грците. Всушност, извинете, не би требало да разговарам со вас на вакви теми, па ние дури и не се познаваме! – Вели одеднаш жената.
– Винету! – Македонецот ја испружува раката. – Винету Караманлис…
 
Коњот го поканил магарето во новата куќа и со гордост му ги покажува сите медали и трофеи што ги освоил. Следниот ден магарето го вика коњот во својата куќа и оти немал со што да се пофали нашол голема слика со зебра и со гордост му ја покажал на коњот.
- што е ова? - прашал коњот
- па ова сум јас кога играв за Јувентус!
 
Девојката му се јавува на дечкото:
– Здраво душо, што правиш?
– Еве, си пуштив еден филм.
– Пак ли некакви мрсотии?
– Не… Мелодрама… Германски… За една сиромашна девојка на која и се расипа тушот во бањата и тројца водоводџии дојдоа да ѝ помогнат…
 
Вицот е напишан без некаква поинаква позадина, за смеење само(да не се навредите де)
Некој странец по грешка влегол во душевната болница „Бардовци“наместо на универзитетот „св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Откако ја увидел својата грешка, му рекол на чуварот:
- Ми изгледа дека и нема некоја голема разлика меѓу универзитетот и лудницава?
- О, има, господине, - рекол чуварот. – Овде морате да покажете некаков напредок за да ве пуштат!
 
Кралот Артур решил да оди на крстоносна војна, но тој имал голем проблем – кралицата Гвиневер била многу убава, а витезите на тркалезната маса беа многу мераклии. Кралот Артур отишол кај неговиот добар волшебник Мерлин со неговиот проблем. Добриот волшебник му рекол да дојде за една недела и неговиот проблем ќе биде решен. Поминала една недела, па кралот отишол да види што се случува. Мерлин му дал едни железни гаќи, но имале голема дупка на дното. Кралот зачудено прашал:
– Што е ова?!? Па нели вака сите витези ќе можат да ја „онадат“ кралицата преку дупката?
– Гледај сега! – рекол Мерлин.
Тој извадил едно стапче и го ставил во дупката. Се слушнал еден клик и една мала гилотина го пресекла стапот на две. Кралот бил многу задоволен, ѝ ги облекол гаќите на кралицата и отишол на крстоносна војна. Се вратил по 7 години и веднаш ги собрал витезите околу тркалезната маса за проверка. На кој му бил на половина, на кој целиот му го немало, само на Сер Галахар му бил цел.
„Браво Сер Галахар, само ти ја спаси кралската чес. Кажи што сакаш и секоја желба ќе ти ја исполнам.
Но, Сер Галахар останал БЕЗ ЗБОРОВИ…
 
Маж се буди после цела ноќ пиење, главата го боли, на ништо не се сеќава. Му ѕвони на телефон на другарот:
– Митко, синоќа пиевме ли кај вас?
– Пиевме.
– А кај вас ли лимонот потскокнуваше на масата?
– Какви глупости зборуваш бе?
Му ѕвони на следниот:
– Пешо, пиевме ли кај вас?
– Пиевме.
– А кај вас ли лимонот потскокнуваше на масата?
– Абе ти да не си луд?
Му ѕвони на третиот:
– Ване, синоќа пиевме ли кај вас?
– Пиевме.
– А кај вас ли лимонот потскокнуваше на масата?
– Ти ли беше гаду?! Како можеше да го исцедиш мојот канаринец во водката???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom