Вицеви без наслов 2 дел

Разговара директорот со еден кандидат на интервјуто за работа:
- Ние во нашата фирма многу ја цениме чистотата. Еве пример дали ги избришавте кондурите од чергичето пред да влезете во канцеларијава?
- Да, секако господине!
- Исто така многу ја цениме и искреноста. Нема чергиче пред вратата!

:D
 
Владо ја „работи“ својата девојка во креветот на родителите. Одеднаш тие се враќаат дома.
Мислите на секој!
Девојката:
– Срамота, ужас, срамота…
Владо:
– Леле како ме зафркнаа!
Таткото:
– Еј, порасна детето, браво!
Мајката:
– Рашири се повеќе мори глупачке, гледаш дека не му е удобно така
 
--- Ајде, соблечуј ги гачите и врти го газот кон мене!
--- Не, Трпе, во газот не сакам!
-- Ма не се плаши, ти викам, не боле!
--- Ааа, Мара ми кажа болело.
--- Мара многу мрдаше, не можев да ја погодам убаво, за тоа ја болело.
--- А, и срам ми е!
--- Зошто да ти е срам, па се знаиме од основно, не требе од мене да ти е срам, мене ми е сеедно, дали е жена или маж!
--- А може ли да не гледаш?
--- Е како ќе те погодам, ако не гледам?
--- Ами, со пипкање!
--- А бе, шо нема да ви текне на воа жените, ја па шо те молам, заврти се ваму, отвори устата, ајде голтај.
Само ти кажувам каа доктор, дека апчиња не помагат, требеше инекција, ама ти не слушаш!
 
Оди плавуша во кино да купи карти за претставата:
- Дајте ми две карти...
- За „Ромео и Јулија“?
- Не бе, за мене и другарка ми!

:D
 
Налутен таткото почнува да ја испрашува ќерката тинејџерка која штотуку се враќа дома:
– Ќерко, денес, одејќи по улицата, те видов зад воланот на автомобил, а заедно со тебе седеше симпатичен, човек со бела коса…
– Доста бе, тато! Ништо лошо не сум направила. Автомобилот беше авто школа, тој маж е мојот инструктор по возење. И ако сакаш да знаеш, тој си беше со кафеава коса пред да се качи во автомобилот…
 
Се возат Македонец, Грк и Албанец во авион и се случило несреќа и паднале од авионот во некоја џунгла, по некое време ги нашле човекојадци и им рекле:
– Ако издржите по 10 работи да ви бутнеме во газот ве пуштаме на слобода. Овие се сложиле.
Оди прв албанецот му бутаат 8 сливи, после деветата почнува да писка, не издржува и го изеле.
Оди втор македонецот му бутаат петровки, после седмата се насмејува и не издржува и го изеле.
После некое време се сретнуват албанецот и македонецот во рајот и албанецот му вика на македонецот:
– Зошто бе македонче не издржа уште 3 петровки, се насмеа и те изедоа човекојадците?
– Ќути брат, видов дека на гркот му спремаат 10 лубеници. :lolzz:


Извор: http://www.vicoteka.mk/vicovi/si-bile/2009-10-07-16-52-16/#ixzz4ZMKgvStt
 
Стојат две мали деца пред црква и гледаат како од црквата излегува штотуку венчан брачен пар. Едното дете му вели на другото:
- Гледај сега паника!
Трча до младоженецот, го фаќа за рака и му вели:
- Здраво тато!

:LOL:
 
– Жено, што правиш со тој џип, мајка му стара, веќе трет менувач кршиш?
– Абе му се радувам! Излегувам на автопатот и ТАК – прва брзина, гас, гас… ТАК втора брзина, пак гас, потоа трета, четврта, петта и конечно како ставам на ракетен погон „R“, глупавиот менувач се крши…
 
Доаѓа моментот на разделбата. Кога веќе сѐ е кажано… Таа сепак… нема сили да си замине. Крвта и пулсира во слепоочниците. Со последен напор ја фаќа кваката на вратата и… заминува!
Гласот му, ја скаменува на место:
– Марија… почекај… те молам!
– Да?!
– Дај ми го телефонот на Бети со големите цицки.
 
Пратеник се вози во службениот автомобил кога гледа еден човек пасе трева крај патот. Му вели на возачот да запре, излегува и го прашува:
– Зошто пасеш трева бе човеку?
– Господине, немам пари за храна.
– Па дојди тогаш кај мене во вилата, јас ќе те нахранам.
– А мојата сопруга и моите деца господине? Тие се таму под она дрво.
– Земи ги и нив.
Се качиле во автомобилот и човекот му вели:
– Многу ви благодарам за оваа добрина, не знам како да ви се оддолжам.
– Не се секирај и мене ми одговара. Ем вие ќе се најадете, ем тревникот не мора да го косам.
 
Синот вели на татко си полицаец:
- Тато, тато, купи ми молив.
Оди таткото полицаец во книжара и и вика на продавачката плавуша:
- Дајте ми молив за трето одделение.
Продавачката плавуша:
- За прва или за втора смена

:laugh:
 
Ало жено, сакаш вечер да искочимо или у суботу?
- Па што знам, ти како сакаш...мене ми е свеедно
Хммммм...Мијалков ти што викаш?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom