Вицеви без наслов 2 дел

Телефонот ѕвони …
– Маченце, банкротирав! – Ѝ вели со тажен глас, бизнисмен на неговата девојка. – За пола саат се враќам дома… Извади вино, да се напиеме…
Се враќа тој дома, но маченцето си го собрало багажот и си заминало…
– Човек да не се пошегува!
 
- Колега, што ти е денес што цело време нервозно кружиш во канцеларијата? Само одиш од прозорец до прозорец!
– А бе човек, гледај како врне! А жена ми излезе без чадор!
– Е, де де… голема работа… ќе влезе на суво во некој трговски центар…
– А ти што мислиш, јас зошто се нервирам?!
 
Умира Фидел Кастро и со чадор доаѓа до пред рајските порти. Таму Свети Петар му вели:
- Седнете, почекајте да видам каде имаме резервирано место за вас.
Гледа Свети Петар во главниот список Фидел го нема, го нема ни во дополнителниот список. Што да прави, луѓе умираат во толпи, рајот преполн со народ, пик сезона е. Му вика на Фидел:
- Ништо не можам да направам пријателе, туку ти спушти се во пеколот да видиш што ќе направиш.
Оди Фидел Кастро во пеколот и таму го чека Луцифер со широко раширени раце за добредојде.
- Здраво живо, одамна те чекаме овде. Ти имаме спремено соба со сите салтанати. Жени, цигари, комар, текила. Туку ајде да седниме да се напиеме по една за добредојде.
Седнале Луцифер и Фидел, јадат, пијат, прават муабет за животот, кога одеднаш Фидел се сетил дека си го заборавил чадорот кај Свети Петар. Луцифер му вика седи ти јас ќе средам. Вика две ѓаволчиња и им вели:
-Тркнете набрзина до рајот да го земите чадорот од командантот.
Одат ѓаолчињава во рајот, стигнуваат пред рајските порти, арно ама на Свети Петар му завршила смената и рајот бил затворен. Се мотаат ѓаолчињава наваму-натаму не знаат шо да прават. Да се вратат без чадор во пеколот не ја бива. Луцифер ќе се налути ќе ги свари. Мислат, мислат и решиле да ја преминат оградата.
Преминувајќи ја оградата од другата страна ги гледаат два Архангели, задолжени да ја чуваат границата и едниот му вика на другиот:
- Види, види шо се дешава! Сѐ на сѐ 20 минути Фидел Кастро е во пеколот, а веќе почнаа да доаѓаат кај нас бегалци.
 
Толку долг, а толку глуп виц.
 
– Комшија, имам еден предлог за тебе. Ајде јас да ти ја дадам мојата жена, а ти дај ми ја твојата.
– Е, зошто да си ги разменуваме жените?
– Цела ограда си ја искршивме прескокнувајќи ја секоја вечер!
 
Фраер и’ се пушта на убава девојка, која предава веронаука во училиште. Ја кани на состанок и таа се согласува. Ја прашал:
• Може да се напиеме нешто?
• Не, благодарам. Ако прифатам покана на пијалок, што ќе им кажам потоа на своите ученици на часот по веронаука?
После долга прошетка по градот и’ понудува цигара, а таа одбива со зборовите:
• Не, благодарам, тоа никако. Што би им кажала на моите ученици по веронаука после такво нешто?
Се враќаат во кола, а на патот кон дома типот здогледува мотелче. Си помислил, ај, нема што да изгубам, па ја прашал:
• Сакаш да поминеме таму?
• Може! - му одговорила.
Изненаден од нејзиното прифаќање, ја прашува:
• Полека, полека, ..., што ќе им кажеш на своите ученици по веронаука?
Таа му одговара ладнокрвно:
• Токму тоа што секогаш им го кажувам: "Не мора да пиете и да пушите за да си поминете фино"!
 
Полицаец составува записник од местото на настанот. Мажот лежи во несвест, а жената седи и ја испрашуваат:
– Запишувам: Се гледаат повеќе удари по главата со тап предмет, најверојатно тава. И зошто таква суровост, госпоѓо?
– Па го прашувам јас „Кажи ми искрено, дали сум дебела?“, а тој ми вели „Важно да сме живи и здрави.“
– Значи запишувам: Обид за самоубиство…
 
Во кино на порно филм, редарот го гледа мали Џокица и го прашува : Од кај ти тука, како успеа да купиш карта ?
Џ: Не ја купив јас, татко ми ја купи.
Р: Па кај е тогаш татко ти ?
Џ: Најверојатно уште е дома и ја бара картата ;)
 
Две жени биле осудени на по 15 години затвор и ги ставиле да лежат заедно во иста ќелија. По 15 години ги ослободуваат на ист ден и на излегување од затвор едната ѝ вели на другата:
– Чекај да ти кажам уште нешто.
 
- Колку продажби направи денес? – Прашал менаџерот.
– Пааа… една.
– Една?!? Обично продавачите прават по 20-30 дневно. И за колкава сума?
– За 115.237 долари.
– Што? За 115.237 долари? И што продаде?
– Па дојде еден човек и јас му продадов мала кука за риба. Потоа му продадов средна кука. Потоа му продадов голема кука. Потоа му продадов нова јадица. Го прашав каде планира да оди на риболов, тој рече “надолу по брегот”, му реков дека ќе му треба чамец. Го одведов на долниот кат и му го продадов моделот на Hains Hunter со двата мотора. Потоа тој спомна дека неговата Хонда Сивик одвај ќе може да го влече овој брод, па јас го однесов кај автомобилите и му продадов еден Паџеро 4х4.
Менаџерот бил апсолутно шокиран. Едвај нашол сили во себе да го праша:
– Сакаш да ми кажеш дека човекот дошол да си купи мала кука за риба, а ти си му продал моторен чамец и автомобил?!?
Продавачот одговорил:
– НЕ. Всушност беше дошол да купи тампони за неговата сопруга, била во циклус… И јас му реков дека и така и така викендот му е заебан, зошто да не си отиде на риба…
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom