Вицеви без наслов 2 дел

Рамче украл 2 тона железо, но бил фатен од страна на полицијата и му рекла:
- Признај дека ти го украдe железото!
- Не бев јас деците беа!
- Како можe децата да кренат 2 тона железо?
- Шо разбират тие, деца се, видоја го кренаја.
------------------------------------------------------------------
Касно во ноќта ѕвони ѕвончето:
- Кој е ?
- Полиција, отворете!
- Нема никој дома!
- А кој зборува?
- Ви се причинило.
- А зошто свети?
- Чекај сега ќе угасам!
-----------------------------------------------------------------
Фатил кумановец златна рипка и рипката му рекла дека ако ја пушти ќе му исполни три желби. Кумановецот рекол:
- Ауди Q7.
- Сакаш на лизинг или на кредит ?
- А ти сакаш на зејтин или на маст?
-----------------------------------------------------------------
Еден DJ фатил златна рипка и веднаш ја пуштил. Рипката му рекла:
- Почекај малку! А трите желби?
Диџејот воздивнал и рекол:
- Добро! Кажи кои песни сакаш!
-----------------------------------------------------------------
Црвенкапа останала трудна, му се јавила на волкот и му рекла:
- А бе волчко, требаше да ме изеДеш !!
Волкот се подзамислил малку, па и вратил:
- Ај па и ти, за една буква правиш проблеми.
 
Жена упорно го моли својот сопруг да каже со колку жени спиел во животот, а тој вели:
– Мила, ако ти кажам, ќе се разочараш…
– Абе ајде де, те молаааам, не ме нервирај! Ајде, кажи мииии!
– Добро, чекај да пребројам… една, две, три, четири, пет, шест, седум, ТИ, 9, 10, 11, 12…
 
Влегува дете во продавница, и дава на продавачката банкнота од „Монопол“ и и вика:
- Еден плишан тигар, ве молам.
- Детенце, тие пари не се вистински.
- А тигарот вистински ли е?!

:D
 
Мујо фатил златна рипка и рипкава го молела
- Пушти ме, немој да ме пржиш во тавче, ќе ти исполнам три желби,
море не три цел живот има да ти исполнувам желби само те молам пушти ме да си го живеам животот !
- Море какво пржење! какви желби рипке!
идеш ти со мене во златара да те продадам !
 
Еден сопственик на кафеана бил многу силен. За да привлекува муштерии, објавил награден натпревар: Тој да истиска еден лимон, а ако некој успее да истиска дури само уште една капка, ќе добие 1000 евра.
Бизнисот му тргнал многу добро, сите се обидувале, но никој не можел да ги земе парите… Но, еден ден во кафеаната влегол низок слаб маж, го зел лимонот и истискал не една, туку цели шест капки!
Сопственикот на кафеаната прашал вчудоневиден:
– Што си ти? Бодибилдер? Каратист? Шаолин монах?
Мажот одговорил:
– Не, јас сум даночен инспектор.
 
Влав низ прозор го вика син му за ручек:
- Сине ручекот е готов!
- Ручав тато кај Трпе!
- Абе ова не е дете, ова е злато на тато.

:D
 
Светско првенство во борење. Во финалето се Македонец и Јапонец. Пред борбата тренерот му вели на Македонецот:
– Слушај Ване. Досега не сум ти го кажал ова, но овој Јапонец е многу силен и многу вешт. Има еден омилен зафат. Ако ти го направи, готово е со тебе.
– Нема Проблем тренеру. Ќе се справам некако со него.
Почнува борбата. Двајцата излегуваат на душекот. По 1 минута Јапонецот му го направил омилениот зафат на Македонецот. Тренерот, кога го видел тоа, се разочарал. Си ја зел крпата и ја напуштил салата. Отишол во својата соба, да се начука од мака. По кратко време гледа на телевизорот во собата дека Македонецот се радува, сите го поздравуваат. Станал светски шампион. Тренерот за малку што не ја плукнал ракијата од изнеенадување. Трчајќи се вратил во салата. И навистина. Македонецот станал шампион. По радоста, честитките и доделувањето на медалите, тренерот останал насамо со Македонецот и со љубопитност го прашал:
– Што се случи бе, Ване? Не можам да им поверувам на очите! Како го победи Јапонецот?
– Па види сега тренеру… Како да ти објаснам? И јас мислев дека се е загубено, кога Јапончето ме фати со својот омилен зафат. Ме свитка како осмица, не можев да мрднам. Се мачев, стенкав и одеднаш гледам, пред моите очи се нишаат некакви јајца. Помислив малку и во следниот момент ги гризат со сета сила.
– О-О-о, Ване! – Навредено извикал тренерот. – Тоа е неспортски. Тоа не е фер плеј. Си победил нечесно.
– Не, не, тренеру, не беше така! – Рекол Ване. – Не разбираш. Едноставно не можеш да замислиш, на што е способен еден човек, кога ќе си ги гризне сопствените јајца.
 
Во некое мало место во Македонија дошол познат светски авантурист што се качува по високи згради, скока банџи од опасни места ширум светот, кој слушнал за некое опасно место во Македонија, карпа над провалија од која до сега никој не скокнал. Измерил неколку пати, отишол во локалната продавница, зел точно 41,5 метри јаже се врзал, ги вклучил камерите и пред населението скокнал, паѓа, паѓа, жени пиштат, деца плачат и таман на пола метро од карпите долу, јажето се оптегнало и го застанало... сите воодушевени и среќни.

Следниот ден најголемиот мангуп од местото вели:
- Ако може тој , можам и јас!
Отишол и тој во истата продавница, купил и тој 41,5 метри јаже, се врзал, и пред собран народ скокнал - и се растурил на земјата.
Ги собрале остатоците, го погребале, а полицијата правела увид, и меѓу другото отишле во продавницата од каде е купено јажето, а продавачот одговорил:
- Некни дојде еден странец и купи 41,5 метри од ова дебелото, следнио ден дојде Цане покојниот и тој побара 41,5 метри од истото јаже, али му измерив 45, втор брачед ми е, наш чоек, многу фино дете...
 
Во некое мало место во Македонија дошол познат светски авантурист што се качува по високи згради, скока банџи од опасни места ширум светот, кој слушнал за некое опасно место во Македонија, карпа над провалија од која до сега никој не скокнал. Измерил неколку пати, отишол во локалната продавница, зел точно 41,5 метри јаже се врзал, ги вклучил камерите и пред населението скокнал, паѓа, паѓа, жени пиштат, деца плачат и таман на пола метро од карпите долу, јажето се оптегнало и го застанало... сите воодушевени и среќни.

Следниот ден најголемиот мангуп од местото вели:
- Ако може тој , можам и јас!
Отишол и тој во истата продавница, купил и тој 41,5 метри јаже, се врзал, и пред собран народ скокнал - и се растурил на земјата.
Ги собрале остатоците, го погребале, а полицијата правела увид, и меѓу другото отишле во продавницата од каде е купено јажето, а продавачот одговорил:
- Некни дојде еден странец и купи 41,5 метри од ова дебелото, следнио ден дојде Цане покојниот и тој побара 41,5 метри од истото јаже, али му измерив 45, втор брачед ми е, наш чоек, многу фино дете...

mm.png

Абе гомце лајковачко, колко пут ке га стављаш ист виц за ебани лајкови, провери ли дека имаш над десет лајкови за овј усерен виц па па га стављаш. Што ти е филм сс лајкови да пуниш ли усерено его?
Тебе ти треба психичка помош!!
 
Си била некоја вдовица и правела колач за да му носи ред на маж и. И одејќи кон гробиштата колачот и паднал. Кога жената стигнала на гроот на маж и почнала да зборува плачејки:
- Убав беше Иванее!
Од другата страна попот ја слушнал како плаче и ја тешел:
- Не плачи ќерко ќе си најдеш поубав.
Жената уште посилно заплакала и рекла:
- Сладок бешее Иванеее!
Попот повторно ја теши:
- Не плачи ќерко ќе си најдеш друг.
Жената повторно заплака и рече:
- Со три јајца беше Иванеееееее!
Попот се подзамислил и и рекол:
- Е сега плачи таков нема да најдиш!
 
Разговараат двајца нововработени:
-Каде работиш, пријателе?
-Во Институт за заразни и паразитни болести.
-Како зараза или како паразит?
 
Дневникот на еден мигрант
Ден 1: Конечно стигнав на границата на Европската Унија. Полицајците изгледаат многу разбрани и љубезен. Ми рекоа за 100 лева ќе ме пуштат да влезам.
Ден 2: Стигнав до Харманли. Ме тепаа полицајци. Стигнав до Хасково. Ми ги побараа моите лични документи. Ми ги зедоа, ми зедоа уште пари и пак ме натепаа.
Ден 3: По краток престој во ургентното во Пловдив стигнав до Софија. Уште не ме тепале денес. Охрабрен сум.
Ден 4: Ме тепаа националисти и ме ограбија. Бегав од полицијата.
Ден 5: Заврна снег и натрупа многу. Купив јакна, но ми ја украдоа.
Ден 6: Покрај мене помина весела пијана толпа. Ме навредуваа, ме тепаа, ме фрлија во една грмушка и смеејќи се продолжија по улицата.
Ден 7: Решив да се вратам во Сирија. Таму е подобро.
 
Можда изигравме нерешено со Норвешка во ракомет , ама затоа во економи
 
Маж и жена слават златна свадба. Сопругот, по неколку чаши ја прашува жена си:
Душо, имам чувство дека Јовче, најмалиот од седумте синови, некако не личи на другите… да не е од друг татко?
Сопругата ја наведнува главата и одвај проговорува:
– Да, драги, така е…
На нејзиниот сопруг, срцето му се кине од болка, но сепак со солзи во очите ја прашува:
Душо, те молам, ќе ме боли ужасно, но морам да знам… кажи ми кој е неговиот татко.
– Ти драги.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom