Вицеви без наслов 2 дел

Во судот:
– Обвинет, станете. Можете ли да му објаснете на судот, зошто од туѓ дом сте украле пари и скапи предмети, а сте оставиле колекција дијаманти? Нема логика.
– И вие ли почнавте господин судија? Жена ми веќе на глава ми се качи!
 
Како се вика Босанка на која се и е јасно? - Јасна.
Како се вика Босанка која работи во сметководство? - Сабира.
Како се вика Босанка која преувеличува? - Зумира.
Како се вика Босанка која е сама? - Самира.
Како се вика Босанец кој непуши? - Недим.
Како се вика Босанка која студира на ДИФ? - Садифа.
Како се вика Босанец кој прави џем? - Џемо.
Како се вика Босанка која ја бара баба и? - Џенана.
Како се вика Босанка која се надева? - Сенада.
Како се вика Босанец кој никогаш не бил на Месечината? - Муневер.
Како се вика Босанка нимфоманка? - Небира.

:D
 
Кире, Стојан и Ставре – учествувале на новогодишната лотарија во кафана. За нивна радост и тројцата добиле награди. Кире ја добил првата награда – гајба пиво. Стојан бил втор – едно црево шунка. Ставре бил трет – четка за тоалет.
Наредната недела пак се сретнале во кафаната и почнале да си кажуваат колку се задоволни од наградите.
– Пивото беше одлично! – рекол Кире.
– И шунката е добра! – Се согласил Стојан.
– А твојата четка за тоалет Ставре?
– Многу боцка. Изгледа пак ќе се вратам на тоалетна хартија.
 
Студентка плаче во ходникот на факултетот. Поминува професор и ја прашува:
- Колешке, да не паднавте на испит?
- НЕЕЕЕЕ! - плаче студентката.
- Колешке, може би не успеавте да го заверите семестарот?
- НЕЕЕЕЕ! - плаче студентката.
- Со студентскиот дом ли имате проблем?
- НЕЕЕЕ! - пак плаче.
- Па за кој к*р плачете тогаш?
- За каков и да ееееееееееееее!!!!!!!

------------------------------------------------------------------

Водат љубов маж и жена, а мажот и вика:
- Ај сега малку доле, ај сега малку горе, ај малку десно, ај малку подоле, полево...
А жената:
- Добро драги, ти мене ќе ме е*еш или ќе ме паркираш?

------------------------------------------------------------------

Момче се здобило со ХИВ.
И доаѓа дома, и сега како...
Ај на мајка му ќе каже прво.
- Мамо вака и вака, јас СИДА.
- Аман бе сине, што не снајде. Леле што ќе праиме, му кажа ли на татко ти...
Оди кај татко му:
- Тато вака и вака, јас СИДА...
- Синко мој, што направи, сега што ќе правиме, кој не проколнал...
Бабата наслушнала дека добил СИДА малиот и коментира:
- Епа што не ќе фатат, КОГА СО МОКРИ ГЛАВИ ИСКАЧААТ ПОСЛЕ БАЊАЊЕ!

------------------------------------------------------------------

Еден педер оддамна се немал плескано па го фатило криза. Истрчал до фрижидерот и што да види нема ни краставица ни моркови. Отишол до локалната месара и побарал колбас, многу голем колбас.
Месарот го зел најголемиот и почнал да го сецка и наеднаш педерот му вика:
- Aбe душо на што ти личам јас, на џубокс?

------------------------------------------------------------------

Мара и се јавува на Трпана на мобилен:
- Шо правиш бе Трпанче?
- Еве му го џвакам на Трпе!
- Мислиш му го пушиш!?!
- Абе, ако му се дигне и тоа ќе му го направам!
 
Разговараат две жени:
– Јас на мојот му ставив на мојот една танга во џебот за да му направам сцена.
– Зошто постапуваш така подло? Тој е добар сопруг.
– Сакав да ми обрне повеќе внимание.
– И ти обрати ли?
– Се разведуваме… се си призна…
 
Брат на што си ?
--на Хеорин
Добро барем не си на ВИП

ROMA ROMA ROMA
 
На крајот на неделната литургија свештеникот прашува:
– Колку од вас, браќа и сестри, им простивте на непријателите?
Сите креваат раце, освен една стара жена. Свештеникот:
– Вие бабо зошто не кревате рака, христијански е да им простуваме на непријателите.
Бабата:
– Јас немам непријатели…
– Ова е доста необично. А колку години имате? – Прашува свештеникот.
– 98.
– На 98?! И немате ниту еден непријател?! Ве молам, излезете, сите да ве видат. И објаснете им на сите, како човек може да живее толку долго без непријатели.
Старицата излегува пред луѓето и вели:
– Ги надживеав кучките!
 
На сопственик на кафана му ѕвони мобилниот, крева, и машки глас му вели:
- Утревечер донеси 2000 евра инаку ќе ти ја запалам кафаната!
- Марш бе говедо едно! - му вратил сопственикот и му затворил телефон.
Следниот ден пак ѕвони мобилниот и ист глас:
- Утревечер донеси 1000 евра инаку ќе ти ја запалам кафаната со се тебе внатре!
- Марш бе идиоту! - и повторно му затворил сопственикот.
Третиот ден ѕвони телефонот и истиот глас:
- Спреми за вечер 500 евра инаку ќе ти ја запалам кафаната со се тебе во неа и ќе ти убијам жената!
- Кретену, мрш! - му вика сопственикот.
Четвртиот ден ѕвони телефон, крева сопственикот и истиот глас брзо му вели:
- Ај ѕвони ми, немам више кредит.

:D
 
Во Комисијата за одземање на нелегално стекнатиот имот:
– Од каде најдовте пари да купите таков огромен комбинат?
– Имав фабрика, ја продадов и додадов уште малку пари.
– Каде најдовте пари да купите фабриката?
– Пред тоа купив еден работилница, ја продадов и додадов малку и ја купив фабриката.
– Каде најдовте пари да ја купите работилницата?
– Пред тоа купив еден киоск, го продадов и додадов уште малку.
– Каде најдовте пари да купите киоск?
– А-а-а, нив веќе ги одлежав!
 
Доаѓа бизнисмен кај својот пријател кинез во болница. "Chin yu yan, chin yu yan ..." и шепнал пациентот на медицинската сестра. Бизнисменот сакал да му помогне, но и тој не знае кинески. "Chin yu yan, chin yu yan..." повторил кинезот и умрел. Бизнисменот неколку месеци подоцна на службен пат во Шангај го открива значењето на реченицата "Chin yu yan, chin yu yan..." – Ми го газите цревото за кислород!
 
Младо Mакедонче прашува политичар:
– Господине политичар, кога ќе ни се среди државата и ќе биде подобро?
Политичарот одговара смеејќи се:
– Доброто беше момче мое!
 
Се натпреварувале Американец, Французин и Црногорец кој подалеку ќе фрли чекан.
Доаѓа Американецот, фрла, но чеканот паѓа набргу.
Потоа доаѓа Французинот, го фрла чеканот малку подалеку од Американецот.
И на крај доаѓа Црногорецот и речиси го надфрла целиот стадион. Другите двајца зачудено го прашуваат:
- Абе пријателе, како ти успеа да го префрлиш цел стадион ?
И овој им одговара:
- Епа кај нас тоа е традиција.........., алатите да бидат што подалеку.

:D
 
Татко купува робот за детектор на лаги кој ги шлапнува луѓето кога лажат.
Една вечер се одлучува да го тестира за време на вечерата. Таткото го прашува синот што правел попладнето?
Синот вели, "решавав училишни задачи".
Роботот го шлапнува синот.
Синот вели, "Ок, ок. Бев кај другар гледавме филмови".
Таткото прашува, "Кој филм го гледавте"?
Синот вели , "Toy story".
Роботот го шлапнува синот.
Синот вели,"Ок, ок. Гледавме порно".
Таткото вели, "Што? На твои години не ни знаев што е порно".
Роботот го шлапнува таткото.
Мајката се смее и вели, "Епа, дефинитивно е твој син".
Роботот ја шлапнува мајката.
Робот на продажба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom