Вицеви без наслов 2 дел

Се враќат дома две мажени, и заматени другарки ....
Му се примочало, а немало каде и отишле на гробиштата да се измочат...
Првата се избришала со гаќите и ги фрлила, а другата си ги ставила гаќите у ташната, и се избришала со трака од еден венец….
Утрето, си праат муабет мажјата:
---Леле комши, ваа мојта синоќа си дојди пијана, и без гаќи...
---Ооо, ваа мојта си дојди пијана, без гаќи и од дупот и висеше трака со натпис:
---НИГ’ГАШ НЕМА ДА ТЕ ЗАБОРАВИМЕ........МИЛЕ, ПЕРО И ФК СЛОГА.......
 
Некоја банка ја пљачкаат по трет пат и полицаецот ја распрашува службеничката:
- Како изгледаше човекот?
- Појма немам, само знам дека секој пат доаѓа со поскапо одело!
 
Разговараат две пријателки:
- Како се твоите деца?
- Добро... Едниот стана дипломиран профеcор, другиот дипломиран доктор, ќерката дипломиран правник, а малиот не заврши ни средно и сега е крадец...
- Какви паметни деца имаш, зошто го чуваш малиот неранимајко? Зошто не го избркаш?
- Само тој носи пари дома. Другите се невработени.
 
Синот му вели на таткото:
-Тато да ти кажам едн виц за полицајци!
-Ама сине знаеш дека јас сум полицаец.
-Нема врска тате, полека ќе ти го кажувам!
 
Во некое мало место во Македонија дошол познат светски авантурист што се качува по високи згради, скока банџи од опасни места ширум светот, кој слушнал за некое опасно место во Македонија, карпа над провалија од која до сега никој не скокнал. Измерил неколку пати, отишол во локалната продавница, зел точно 41,5 метри јаже се врзал, ги вклучил камерите и пред населението скокнал, паѓа, паѓа, жени пиштат, деца плачат и таман на пола метро од карпите долу, јажето се оптегнало и го застанало... сите воодушевени и среќни.

Следниот ден најголемиот мангуп од местото вели:
- Ако може тој , можам и јас!
Отишол и тој во истата продавница, купил и тој 41,5 метри јаже, се врзал, и пред собран народ скокнал - и се растурил на земјата.
Ги собрале остатоците, го погребале, а полицијата правела увид, и меѓу другото отишле во продавницата од каде е купено јажето, а продавачот одговорил:
- Некни дојде еден странец и купи 41,5 метри од ова дебелото, следнио ден дојде Цане покојниот и тој побара 41,5 метри од истото јаже, али му измерив 45, втор брачед ми е, наш чоек, многу фино дете...
 
Заболекарот ми вели:
– За вадењето на забот ми должите 400 денари.
– Е зошто? Па на ценовникот пишува само 100 денари.
– Да, ама со вашето викање ми ги избркавте тројцата пациенти што чекаа во чекалната.
 
Во Велешко се дави човек и вика :
- Help me, Help me!
На брегот стои велешанец и грицка сончоглед . Му приоѓа друг и го прашува
- А што се случи ?
- еве, додека цел Велес учеа да пливаат , овој полиглот учел англиски .
 
Еден полицаец сопира една кола и гледа внатре маж, жена и деца, сите исповрзани со каишите и им вика:
- Де бре, за 25 евра ќе се обесите.
 
Берлускони умира од срцев удар и одма иде во пеколот каде го чека дежурниот ѓавол.
Ѓаволот:
- Не знам што да правиме со тебе.
На листата си, ама нема место за тебе, но сепак мора да останеш овде.
Еве што ќе направиме:
Овде има уште неколку личности кои се лоши како тебе.
Ќе пуштиме еден во замена, а ти ќе го заземеш ослободеното место.
Дури и ќе ти дозволам САМ да одлучиш кој сакаш да го замениш.
На Берлускони ова му се допаднало и така тргнале до првата просторија.
Во неа бил Ричард Никсон кој се фрлал до длабок базен и испаѓал со празни раце, и цело време така од почеток: тоа му била досудената казна.
Берлускони:
- Не, неможам ова, не сум баш добар пливач и нема да издржам ниту еден ден.
Ѓаволот го однел Берлускони до втората просторија.
Таму бил Милошевиќ, а тој по цел ден држел говори за тоа како Србија итн...
Берлускони:
- Не, неможам ни ова, грлото ме боли, а и кога зборувам се случува да кажам глупости.
И ѓаволот го однел до третата врата.
Таму на подот бил заврзан Бил Клинтон со раширени раце и нозе, а над него била Моника Левински и го правела она што најдобро го знае.
На Берлускони не му се верувало што гледа и рекол:
- Еве ова мислам дека ќе можам да го правам.
А ѓаволот се насмеал и рекол:
- Добро Моника, слободна си.
Сега можеш да одиш, имаш замена.
 
Седнува човек со жена му во кафана и му вика на келнерот:
- Келнер, дај ми 3 пива, 4 јегера, 2 мартини и едно кафе. Ќе запамтиш, така?
- Шефе, јас тројни интеграли положив на градежен, а не па ова...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom