Вицеви без наслов 2 дел

Двајца полицајци во кола слушаат вести а кога доаѓа ред за вести од земјата излегуваат и легнуваат со увото на земјата.
Доаѓа смената и ги прашува зошто легнале овие му одговараат чекаме да почнат вести од земјата
 
Седат два Грка во авион, до прозорецот и на средното седиште. Доаѓа Цветко, седнува до нив, се раскомотува и ги соблекува чевлите. Гркот до прозорецот вели:
- Мислам дека ќе одам по кока-кола.
На тоа Цветко му вели:
- Братче, да не се провлекуваш, јас ќе ти донесам.
И додека бил отсутен, едниот Грк му плукнал во чевелот. По пет минути, истата сцена, само со вториот Грк и со другиот чевел. Слетува авионот, Цветко ги облекува чевлите, се намуртува и вели:
- До кога, бре, оваа омраза, нетрпеливост, плукање во чевлите, мочање во кока - кола и слично!?

:D
 
Се буди Рамче после операција и целиот во паника му вели на докторот :
- Докторе, докторе абе не ги осеќам нозете......!
- Плукни му се, моравме да ти ги измиеме.
 
Учителката му вели на Игорче:
- Игорче, ајде кажи ми една реченица со играчка.
- Многу сакам тато и мама кога ќе ми купат киндер јајце.
- Ама каде е овде играчката, Игорче?
- Па во киндер јајцето!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom