Наркоман убива полицаец и се јавува во полиција:
- Ало вие ли сте 192?
- Да.
- Е па сеа сте 191.
- Газда ќе пуштиш К15?
- А да ви ги пуштам "Солзи и смеа", поинтересни ми се некако?
Стојам на аеродромот, го чекам мажот ми, се враќа од печалба од Италија. Авионот многу доцни и од досада почнувам да шетам наоколу. Еден човек ме запира и замолува малку да му ги причувам куферите, додека тој оди до тоалетот. Се согласив. Стојам и чекам, минуваат 15 минути и почнува да ми здосадува. Одам кај еден од граничната полиција и му ја објаснувам ситуацијата. Ме повикаа во една соба, ми земаа име, лични податоци… Стигнавме до содржината на куферите, ги отвораме и… што ќе видам… внатре полни со пари. Почнувам да се нервирам во себе: „Како може да сум таква будала, тивко да си излезев, да земев такси за 20 евра ќе ме однесеше до дома со се куферите…“
Граничните полицијци само се погледнаа и почнаа да ги полнат џебовите со пари.
– Што стоиш! Земај и ти!
Почнувам и јас да прибирам големо количество пари, земам-полнам, земам-полнам, ги преполнувам џебовите и уште туркам внатре…
Се будам – целото ќебе сум си го напикала во гаќите…
Врв на љубомора:
- Каде си?
- На Цеца.
- Е ај да слушнам.
- "ЗНАААМ ЗА ЈЕДНО ИМЕ АЛ ГА НЕ СПОМИЊЕМ"
- За кое име знае таа бе пичкаиматерина?!!?
Една баба оди на пазар, застанува кај тезгата на Цветко и прашува:
- Што е ова?
- Домати.
- Дај ми еден колограм, но секој домат спакувај ми го одделно.
Цветко ги пакува доматите, а бабата пак прашува:
- А, ова?
- Пиперки.
- Дај ми еден килограм, но секоја пиперка спакувај ми ја одделно.
Цветко ги пакува пиперките, а бабата пак прашува:
- Што е ова?
- Тоа е леќа, ама не е за продавање.
Ја се извињавам доколку некој е претходно постиран.