Вицеви без наслов 2 дел

си биле двајца будали во лудница и играле фудбал.
после пола саат едниот на другиот му вика:
ај сега time out,после второто полувреме ти ке бидеШ топката!!!
 
Жена ми во телефонот ми нашла контакт "Бесплатен секс". Не издржала, завртила - ѕвонело кај неа.
Два дена не ми збореше. :vozbud::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Уште прв пат коа ја видов почнаа да летаат искри меѓу нас.. а тоа шо имаше мајстори во позадина шо сечеа некое железо - башка.
 
Се среќаваат двајца пријатели, едниот пелтечи, а другиот е ќелав. Овој што пелтечи му вика на другиот:
- Абббе, кккколлку ппппаррри тттрошиш за шшшишшање?
- Па, сигурно помалку од она што ти го трошиш за телефон.
 
Дечкото и признава на девојката дека ја сака. А она му вели:
- Имаш два мерцедеса?
- Не!
- А куќа на два спрата?
- Не!
Епа дечко шанса немаш кај мене!
Дечково оди кај татко му и му ја раскажува случкава.
- Слушај сине, ај ќе продадам едно ферари купи два мерцедеса, ама да рушам три спрата за да имаш куќа на два спрата - нема шанса!
 
Двајца патуваат во авион од Мајами за Њујорк:
- Јас сум психолог.
- Јас пак сум крупен мафијаш... Ај да те видам што за психолог си? Пробај да погодиш што мислам! За секоја мисла што ќе ја погодиш, ќе ти давам по сто долари.
- Ама јас сум психолог, не сум гатачка!
- Абе се работи за сто долари, пробај!
- Па, се враќаш од море. Значи сега се сеќаваш колку убаво ти било.
- Браво! Точно! Еве ти стотка.
- Штом ти било убаво, тогаш си бил со жена. И сега мислиш на неа.
- Токму така! Еве ти уште една стотка.
- Покрај тоа, не ти се сака да се вратиш дома.
- Правилно, еве ти уште сто долари...
- Штом не ти се враќа, сигурно си оженет. А штом си мафијаш, сигурно мислиш дека нема да е лошо да убиеш жена ти и да останеш со другата.
- Аха! Еве ти илјадарка!
- Ама зошто илјада? Нели требаше да даваш по сто на мисла?
- Ова не е мисла, туку идеjа!
 
Двајца полицајци се шетаат по еден мост.
- Знаеш дека вчера од овој мост се фрли една жена.
- Од меланхолија ли?
- Не, велат била од битолските села.
 
Децата од едно маало играле фудбал во дворот. По некое време мајката на едно од нив излегува на прозор и на цел глас вика:
-Маааркооо, не трчај многу ќе ги искинеш новите патики!!

Некоја комшивка го слушнала ова и си рекла: "Е само таа ли ќе се фали дека на синот му купила нешто?" И на цел глас почнала да се дере:
-Стефаааааааан!!! Не трчај многу, ќе ги искинеш новите тренеркиии!!!

Во тој момент се јавува и комшивката циганка:
-Себастијаааааннн.... Не трчај многу, ќе ОГЛАДНЕШ!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom