Вицеви без наслов 2 дел

А бaш си мислев дa гo менувaм никoт :(

Како бев спремен да го пцујам Бобче од толку што ми беше глуп вицот, среќа препрочитав уште еднаш :D
 
Како бев спремен да го пцујам Бобче од толку што ми беше глуп вицот, среќа препрочитав уште еднаш :D

Еве уште еден глуп, штo не ме пцуеш мене.

Кoгa прaвaт пoпис вo Прилеп? Нa есен.

Пoздрaв и не се кaчувaјте веќе пo дрвaтa. Живејте си гo живoтoт :P
 
Наркоман убива полицаец и се јавува во полиција:
- Ало вие ли сте 192?
- Да.
- Е па сеа сте 191.

- Газда ќе пуштиш К15?
- А да ви ги пуштам "Солзи и смеа", поинтересни ми се некако?

Стојам на аеродромот, го чекам мажот ми, се враќа од печалба од Италија. Авионот многу доцни и од досада почнувам да шетам наоколу. Еден човек ме запира и замолува малку да му ги причувам куферите, додека тој оди до тоалетот. Се согласив. Стојам и чекам, минуваат 15 минути и почнува да ми здосадува. Одам кај еден од граничната полиција и му ја објаснувам ситуацијата. Ме повикаа во една соба, ми земаа име, лични податоци… Стигнавме до содржината на куферите, ги отвораме и… што ќе видам… внатре полни со пари. Почнувам да се нервирам во себе: „Како може да сум таква будала, тивко да си излезев, да земев такси за 20 евра ќе ме однесеше до дома со се куферите…“
Граничните полицијци само се погледнаа и почнаа да ги полнат џебовите со пари.
– Што стоиш! Земај и ти!
Почнувам и јас да прибирам големо количество пари, земам-полнам, земам-полнам, ги преполнувам џебовите и уште туркам внатре…
Се будам – целото ќебе сум си го напикала во гаќите…

Врв на љубомора:
- Каде си?
- На Цеца.
- Е ај да слушнам.
- "ЗНАААМ ЗА ЈЕДНО ИМЕ АЛ ГА НЕ СПОМИЊЕМ"
- За кое име знае таа бе пичкаиматерина?!!?

Една баба оди на пазар, застанува кај тезгата на Цветко и прашува:
- Што е ова?
- Домати.
- Дај ми еден колограм, но секој домат спакувај ми го одделно.
Цветко ги пакува доматите, а бабата пак прашува:
- А, ова?
- Пиперки.
- Дај ми еден килограм, но секоја пиперка спакувај ми ја одделно.
Цветко ги пакува пиперките, а бабата пак прашува:
- Што е ова?
- Тоа е леќа, ама не е за продавање.

Ја се извињавам доколку некој е претходно постиран. :D
 
Маж на паркинг го бакнува автомобилот по вратите и го гали со солзи во очите. Друг маж кој случајно минува го прашува:

– Го продаваш?

- Не. Жена ми доби возачка дозвола.
 
Мажот: Ало?
Жената: Душо, јас сум. Играш кошарка?
Мажот: Да.
Жената: Јас сум во трговскиот центар и најдов една преубава бунда. Само 1.000 долари е! Може да си ја купам?
Мажот: Штом толку ти се свиѓа, купи си ја.
Жената: Исто така, по пат застанав и до салонот на Мерцедес, ги видов новите модели за 2009. Видов еден што е створен за мене!
Мажот: Колку е?
Жената: 90.000 долари.
Мажот: Добро, но за таа цена очекувам да има сé внатре.
Жената: Супер! Но, има уште една работа... Куќата што ја сакав е пак на продажба. Сега бараат 950.000 долари.
Мажот: Штом е така, добро, само понуди им прво 900.000 долари. Најверојатно ќе ги прифатат. Ако не, дај им ги и останатите 50.000 долари. Навистина е добра цената.
Жената: ОК, ќе се видиме подоцна! Те сакам најмногу!
Мажот ја спушта слушалката. Другите мажи го гледаат со подотворени усти, не им се верува што виделе...
Тогаш тој се насмевнал и им вика: Да не знае некој чиj е телефонов?
 
Мажот (шофер) се враќа еден ден порано од пат, во последен момент љубовникот на жена му успева да се скрие на балкун. Седи така гол сат, два три... се стемна, заладе, почна да мрзне и едно време чука на балкунската врата... Мажот отвара зачуден и љубовникот му вели “Извини брат, бев кај жената над вас шо живее ко се врати маж и па избегав и преку нивен балкун се спуштив кај вас па дали може да ми помогнеш....“ Нема проблем бе, ние мажи треба да си помагаме, и му даде мажот и алишта, му тури 2 ракии и го испрати.
Вечерта легнува мажот до жената и едно време срипа од кревет:
Митро мори или си ти курва или дур бев на пат над нас кренаа спрат!!
 
Столе Глупавиот се жали на доктор:
- Докторе, жена ми скроз се мрднала. Чува 20 мачки дома, смрди ко да умрел нeкој.
- Па, добро, проветрувајте почесто!
- Ма немој, па да ми избегаат гулабите.

:D
 
Секретарката уплашено го прашува шефот:
- Што, да не ми давате отказ?
- Не, зошто така мислиш?
- Па тогаш зошто сте го извадиле троседот од канцеларијата?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom