Лежат Мујо и Фата во кревет, веќе подостарени. Тој спие, а Фата жедна за малку романтика, го подбуцнува и му вика:
- Мујо, кога ме освојуваше, навечер ме држеше за рака...
Мујо ја фатил за рака, ја пуштил за неколку секунди и продолжил да спие.
Фата, пак:
- Е, а тогаш ме бакнуваше...
Мујо се свртел, ја бакнал во образ и се завртел на другата страна.
Фата, упорно:
- После нежно ме грицкаше по вратот...
Мујо лут, го трга јорганот и станува од креветот, а Фата збунета:
- Е каде сега Мујо?
Мујо уште полут:
- Па по забите!
Оди црнец низ пустина и умира од жед. Си оди тој и во меѓувреме налетува на некоја волшебна ламба од која излегол дух...
Духот: Ме ослободи, затоа ќе ти исполнам три желби. Кои се твоите желби?
Црнецот: Да бидам бел, секогаш да имам доволно вода и да ми седнуваат по 10 различни женски на ден.
Духот му ја исполнил желбата и го претворил во шолја во женско јавно WC.
Жената: Слушам си се дрогирал?
Мажот: Кој ти кажа?
Жената: Ми кажа едно врапче.
Мажот: Добро жено ти со врапчиња си почнала да зборуваш, после јас сум се дрогирал?

Полицаец застанал некоја русокоса и ѝ вика:
- Дајте ми го вашето име и презиме!
А таа му одговара:
- Ааа, а после јас како ќе се викам?
Еден ден Мујо налетал на стар мотор кој отсекогаш сакал да го купи, со натпис: се продава. Мујо бил проблематично момче со непредвидливи постапки.
Моторот изгледал подобро од нов во продавница иако имал веќе десет години. Бил сјаен и одлично сочуван.
Истиот момент Мујо донел одлука и го купил, а на крајот го запрашал продавачот како му успевало да го одржи во толку добра форма за сите овие години.
Многу едноставно. Кога имаш мотор, а надвор се подготвува да врне, намачкај ги хромираните делови со вазелин. Тоа ќе го заштити од последиците на влагата, му одговорил продавачот и му подарил и кутија со вазелин.
Истата вечер Мујо требало да отиде на вечера кај родителите на Фата и се разбира отишол со неговиот штотуку купен мотор.
- Нешто морам да ти кажам за моите родители пред да влезеш. За време на вечерата ние не разговараме. Кој проговори прв, потоа мора да ги измие садовите.
- Разбирам, нема проблем. – одговорил Мујо и влегле во куќата.
Кога влегле, Мујо се шокирал од купиштата неизмиени садови на сред дневна соба.
Во кујната видел уште еден куп неизмиени садови. Неизмиени садови имало дури и на скалите, во ходникот, насекаде до каде што досегал погледот, купишта неизмиени садови.
Конечно седнале да вечераат и јасно, никој не прозборел ниту еден збор.
Како што вечерале во тишина, Мујо одлучил да ја искористи ситуацијата. Се наведнал кон Фата и ја бакнал.
Никој не рекол ниту еден збор, па Мујо се наведнал малку повеќе и почнал да и ги бакнува градите.
Сè уште никој не рекол ни еден збор. Мујо станал, и ја скинал облеката на Фата и се сексал со неа пред очите на нејзините родители.
Девојката била зачудена, нејзиниот татко блед, а мајка и престрашена додека Мујо мирно си седнал и продолжил со вечерата.
Сè уште никој ништо не рекол.
Мујо ја погледал мајка и на Фата и си рекол, навистина добро изгледа за нејзини години!
И со неа се сексал во сите можни пози на трпезариската маса.
Фата побеснела, на татко и му излегувал чад од ушите, но сè уште никој не кажал ниту еден збор.
Одеднаш надвор почнало да светка, да грми и да врне дожд.
Мујо се сетил на својот мотор, бргу станал и од џебот ја извадил кутијата со вазелин.
Во истиот момент скокнал татко и на Фата, се тргнал од масата и извикал:
- Добро, бе добро! Јас ќе ги мијам садовите!
