Разговараат Русин, Французин и Македонец која им е омилена секс поза.
Русинот: Јас најмногу сакам да бидам горе, да и го гледам прекрасното лице, косата...
Французинот: Јас сакам да сум доле, да и ги гледам цицињата како и се тресат.
Македонецот: Јас најмногу сакам да сум отпозади, да можам да гледам фудбал.
На брод се Американец, Англичанец, Русин, Германец, Французин и Македонец. Бродот удрил во санта мраз и капетанот му наредил на еден морнарда им каже на патниците да скокат во вода. Се враќа морнарот изнервиран и му се жали на капетанот дека патниците одбиваат да скокнат. Тогаш отишол капетанот и се вратил по 5 минути.
- Скокнаа. - му рекол на морнарот.
- Како успеавте да ги натерате?
А капетанот му одговорил:
- На Англичанецот му реков дека тоа е спортски, на Русинот дека тоа е револуционерно, на Германецот дека тоа е наредба, на Французинот дека е отмено, на Американецот дека е осигурен, а на Македонецот дека тоа е забрането.