Mорало да ги пренесат лудаците до друга земја со авион затоа што немало каде да ги носат додека се реновира лудницата и сега во авионот: Влегува еден лудак кај пилотите и им вика Дај бе да го повозам малку авионот.
Пилотот: Како да ти го даам бе, од кај знаеш ти да пилотираш?
Лудакот: Кој не знае бе? И почнал да набројува: ова копче е за тоа, ова е за тоа, она за тоа и уште еден куп други.
Пилотот зачуден и му вика: абе ти стварно си знаел.
Па знам, што ти реков јас, дај сега малку..
Пилотот: Ок ке ти го дадам ама ако ги смириш оние твоите назад оти главата ми потече, цело време развикуваат назад.
Важи му вика лудакот и оди назад и се враќа по две минути а назад штама, ни глас не се слуша.
Пилотот: Добро бе што им направи што замолкнаа наеднаш?
Лудакот: Ехх.. што е лесно, ене им фрлив една топка надвор и сите заминаа да играат фудбал!!!
Малиот Трпе касни на првиот час и учителката го прашува:
- Зошто касниш?
- Ме нападна еден бандит!
- Ииии! Што ти направи?
- Ми го украде домашното.
--- надополнето: 10 септември 2013 во 15:34 ---
Отворил некој ноќен кафе бар и ми ти запослил стриптизерки.Па му ги покажува на својот пријател:
-Оваа е првата-убава девојка,а ова е другата,таа е уште поубава.
Ја покажува и третата,а таа баба од некој 80-90 години.
Пријателот прашува:
-И оваа е стриптизерка?
Да.
-Па кога настапува таа?
-Кога сакам да направам фајрон а,гостите не сакаат да си одат!!!!!
На родителите на Зоки Поки им се присакало, па му намачкале лепче со мармалад, го заклучиле на терасата и му рекле дека нема да го отклучат додека не го изеде.
Потоа влегле во спалната соба и се фатиле за работа.
По малку време Зоки Поки извикал:
- Тато!
- Што е?
- Комшијата Иван со фамилијата заминуваат на море. Товараат чамец на колата.
По малку време Зоки Поки пак извикал:
- Тато!
- Што е?
- Комшијата Ѓорги со фамилијата заминуваат на планина. Товараат два шатора.
По некое време Зоки Поки пак извикал од терасата:
- Тато!
- Што е пак сега?
- Комшиите Петар и Јадранка ја прават онаа работа!
- Од кај знаеш бе Зоки?
- Па и нивниот син јаде мармалад на терасата!
Скопјанец прашвит Охриѓанец:
-Абе имаш кајче ?
Овој му викат:
- Не немам !
-Еми ти не си од Охрид ...
Охриѓанецов се мислит,се мислит ... и му велит:
-Е абе ти имаш момче ...??
-Не бе немам ...
- Хе хе ам и ти не си од Скопје бе .....
Оди Ангелче во Америка и вика:
-Јас сум Ангелче, ова е моето куферче и тука сум да крадам.
Еден од американците му вика:
-Кради овде што сакаш, сите се богати.
Потоа Ангелче оди во Русија и вика:
-Јас сум Ангелче, ова е моето куферче и тука сум да крадам.
Еден од русите му вика:
-Овде нема што да крадеш, сите се сиромашни.
На крај, оди Ангелче во Македонија и вика:
-Јас сум Англече, а ова е.....ааа...каде е моето куферче?