Вицеви без наслов 2 дел

Мајката и ќерката чекаат ред пред бурекџилница за да купат бурек и ќерката ја прашува мајката, а мајката и одговара:

- Мамо, мамо ние денес во школо учевме за
сложени дропки, ама јас ништо неразбрав. Што се тоа?
- Пример ќерко чичково буреков кога ќе го пресечи бурекот на пола што добива?
- Две половини мамо. - вика ќерката.
- А кога ќе го пресечи на четири дела?
- Четири четвртинки.
- Е ќерко тоа беа прости дропки, а сега еве една сложена.
Кога ќе пресечи двеста педесетинки, што добива?

Ќерката збунето одговара:
- Трошки?
:pos: : pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Си иде мажот дома целиот извалкан со шминка и разбушавен. И жената го прашува:
- Шо ти се случи?
- Нема да веруваш, се степав со кловн
 
Си живеел Адам сам и среќен.
Господ рекол: Ќе ти дадам жена да не бидеш сам.
..Од таму доаѓа: Да не даде Господ!
 
Француз отвара фрижидер, зема три јајца. Си прави омлет и доручкува. Германец отвара фрижидер, зема четири јајца си прави кајгана и доручкува. Македонец, отвара фрижидер, се чеше за јајца и затвара фрижидер !


- Си ослабел бе брат.
- Па да, на диета сум.
- Каква диета?
- Македонска.
- Каква е таа бе, што јадеш, само домашни производи ли?
- Не, јадам што ќе најдам во фрижидер.


Што прави Mакедонец на одмор у Грчка?
- ја варди колата да не му украдат таблички или не дај боже офарбаат.
Што прави Mакедонец на одмор во Бугарија?
- чека за свирка пред мнр за да добие нов пасош
Што прави Македонец на одмор во Албанија?
- јас појма неам што прави


Што прави Грк на одмор во Македонија?
- прави заби пуни бензин и се коцка во Гевгелија
Што прави Бугар на одмор во Македонија?
- бисти на Александров, панихиди на Бунева и продава пасоши
Што прави Албанец на гости во Македонија?
- маркира гранични линии
 
Си разговараат снаа и свекрва и свекрвата и вели на снаата:

- Види снао, ти само што дојде во куќава. Сега јас ќе ти кажам што карактер сум јас за да се навикнеш побрзо.
Јас кога ќе станам си ја врзувам марамата, ама таа ако ми падне на десно многу ќе бидам добра, ама ако ми падне на лево... пази се, тогаш сум многу лоша.

А тогаш снаата на тоа рекла:
- Јас свекрво кога ќе станам мавам една ракија, потоа го местам креветот, па мавам уште една ракија, потоа го метам дворот, па мавам уште една ракија.
Е после тоа свекрво мене шундрата ме боли дали тебе марамата ти паднала десно или лево.

:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Мајката и Таткото не биле дома, па синчето си ја довело девојката на гости.
Младите решиле да имаат секс во спалната, па потоа во кујната, па во бањата... на крај излегле и во ходникот и наеднаш влезната врата се отвора и влегуваат родителите !
Мајката погледнува и вели:
- Зошто бе мама, зошто бос на плочките...
 
Црногорец се излежава под дебела сенка. Проаѓа некој бизнисмен и му вика:
– Aбе како можеш така да лежиш? Земи нешто работи, обработувај ја земјата
– И?
– И ќе ти пораснат плодови, ќе ги продадеш на пазар, па ќе си купиш еден чамец и ќе ловиш риби.
– И?
– И ќе ги продаваш рибите па ќе го прошириш бизнисот, ќе направиш голема компанија.
– И?
– И ќе заработиш многу пари, ќе си купиш остров и после ќе уживаш.
– Па ја и сеа уживам….
 
Си биле Христијанин, Муслиман и Будист и се карале чија вера е посилна. Така докажувајки се, се договориле да се фрлат од зградата и кој ке биде спасен од нивниот бог таа вера е најсилна...
Се фрлил Будистот и почнал да вика Буда Буда Буда и се издигал нагоре и не умрел!!
Се фрлил Муслиманот почнал да вика Алах Алах, но Алах не му помогнал па така паднал и умрел...
Дошол на ред Христијанинот се фрлил и почнал да рецитира Во името на отецот синот и св...БУДА БУДА БУДА БУДА БУДА!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom