Вицеви без наслов 2 дел

Цветко оди во Германија на гости кај Трпе и одат во првата кафана да се најадат и напијат ... (а инаку Трпе бил само неколку месеци на работа таму и се пофалил по телефон на Цветко - дека Германскиот јазик го научил за три дена ???)
Влегуват во кафаната и седнуваат ...
Келнерот: Битте ...
Трпе: Мене ... ајне шницлензи, нему ... ајне стекензи, цвај пивензи и мене ајне салатензи ...
Келнерот донесува ... ама баш се како што порачал Трпе !?!?!
Трпе: Гледаш Цветко колку е лесен Германскиот за интелигенција ..ка. о мене ... а што викаш?
Цветко: Аууу , по цело село дома ќе те испофалам !!!
Келнерот: АЈ НЕ СЕ ФАЛЕТЕ МНОГУ,МНОГУ - ДА НЕ БЕВ ОД МАКЕДОНИЈА ... ЌЕ ЈАДЕВТЕ ..... Т Р И Ц Е Н З И ....
 
Отишол Цветко на доктор, и видел дека на вратата пишува: „За услуги првпат се наплаќа 1000 денари, за вторпат - 500 денари“.
Цветкo влегол и рекол:
- Добар ден докторе. Еве, јас пак дојдов..
 
Кога бил на одмор малиот Перица отишол далеку од плажата. И неговата мајка станала и му рекла:

- Перица не оди далеку можи да те фати грч.

По неколку минути станува една русокоса на плажата и му вика на нејзиниот син:

- Ивица не оди далеку има грчеви
 
Седи еден пијаница на тротоар пред ноќен бар. Му приоѓа едно момче и го прашува дали му е добро.
- Дали знаеш кој сум јас? - го прашува пијаницата.
- Не, кажи ми - прашува момчето.
- Јас сум Господ, а ако не веруваш, ќе ти докажам - вели важно пијаницата и станува - Ела и ќе видиш.
Влегуваат двајцата во барот и шанкерот свртувајќи се вика:
- Господе Боже, пак ти!!!
 
Трпана му се јавува на Трпе:
- Драги, каде си?
- На лов.
- А кој дише толку тешко?
- Една мечка.
- А зошто стенка?
- Затоа што ја ранив.
- Зошто и е женски гласот?
- Од каде да знам? Јас сум ловец, не ветеринар!
 
Синот го прашува таткото:
- Тато, што е разлика меѓу бесплатно и џабе ?
Таткото му одговара:
- Па види сине, ти одиш во школо бесплатно, али џабе
 
ако и во повеке од случаите така и во случајот на еден бизнисмен сакајки да му обезбеди сигурна иднина на својот натпросечно глуп син му купил машина за производство на салама па му објаснува како функционира:
Бизнисменот:Еве сине гледаш,одовде ставаш говедско месо а од другата страна излегува саламаа.
Синот:А тете има ли машина на која кога ке и ставиш салама произведува говедо???
Бизнисменот:Има сине како нема!!!ЕВЕ МАЈКА ТИ Е ЖИВ ПРИМЕР!!!
 
Се јавил некој камен пијан во полиција
-Ало Полиција, ми ги украле воланот, мењачот и педалите од автомобилот.
-Како ти ги украле воланот, мењачот и педалите, а целиот автомобил е тука?
-Епа така ми ги украле.
-Добро ќе дојдеме за 10 минути, да го решиме случајот.
Пијаницата се јавува по 3-4 минути и вика:
-Не идете!
-Зошто да не дојдеме ?
-Абе сум седнал на задното седиште!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom