Вицеви без наслов 2 дел

Му се жали Трпе на докторот дека не гледа убаво, дека се му е матно и дека не може да види ни кој проаѓа преку улицата.

После направените анализи докторот му вели:

- „Трпе, лоши се резултатите. Имате покачен крвен притисок, холестерол, шеќер... Крвната слика е слаба... катастрофа! Ќе морате да се придржувате кон строг режим на исхрана. Не смеете да јадете солено, масно, исфрлете ги колбасите од исхрана, благо – никако, вино, ракија, пиво – ни капка....“

Се замислил Трпе па вели:

„Знаете што докторе, кога малце подобро ќе размислам... што ме боли па мене кој поминува од другата страна на улицата.“
 
Секретарката уплашено го прашува шефот:
- Што, да не ми давате отказ?
- Не, зошто така мислиш?
- Па тогаш зошто сте го извадиле троседот од канцеларијата?
 
Дошол Црногорец во Македонија, седнал во некое кафуле и нарачал кафе.
Келнерот му го донел кафето и заедно со него донел шеќер и лажиче.
Црногорецот незнаејќи за што служи лажичето го понел со себе во Црна Гора.
Кога стигнал дома го прашал татко му што е тоа.
Татко му преплашен му одговорил:
-Брзо врати го тоа од каде што го донесе!
-Зошто?!
-Како бе зошто тоа е семе за лопата !
 
Се жали пациентот на докторот :
-Докторе, многу брзо заборавам.
Докторот :
-Од кога ?
-Што од кога ?
 
Трпана го прашува малиот Трпе:
- Сине, како помина на тестот по математика?
- Добро.
- Што ќе добиеш?
- Најверојатно неоправдан.

............................


Отишол дечко на гатачка во Шутка. Таа го погледнала надланката и му рекла:
- Ќе проодиш !
- Како бе, што зборуваш- и рекол дечкото на гатачката..
-Па јас си одам нормално !
И си излегол надвор, гледа - му го нема голфот ...
 
Си бил Мали Ѓокица и зборувал многу безобразно (срамотно). Еден ден тој оди во училиште, а учителката ги свикала девојчињата од класот и им вели: - Девојчиња! Ако слушнете Мали Ѓокица да рече нешто безобразно (страмотно) сите да излезете надвор.
Утредента Мали Ѓокица оди во училиште и вика: - Девојчиња!... , Кај мене се гради јавна куќа.
Сите девојчиња бегаат надвор, а Мали Ѓокица им вика:
- Не трчајте ороспии уште темелите се ставени .....
 
Кој збори у послеѓну клупу ?
-Жан Клод Ван Дам
СВИ 4-ЦА НАДВОР !
 
Ред Бул ти дава крилија, но и пит булот кога ќе го видиш одврзан на улицата ти дава крилија.
 
Баба Цвета сакалa да ги провери свои три зета колко гу сакав, и решила да ги тестира.
Викнала га првога зета на гости и рипнала у реку да се дави. Зет рипнаја по њума и гу спасија. Јутре д’н пред његову куќу осмнаја нов Фиќо с’с поруку: Пуно фала – твоја баба.
Другу недељу викнала га другога зета и исто. Рипнала да се дави, зет улегнаја у реку и гу спасија. И баба Цвета и на њега му купила ново Фиќо с’с поруку: Пуно фала - твоја баба.
Треќу недељу викнала га и најмалога зета и исто. Рипнала у воду да се дави.. а зет завртеја главу и баба Цвете се удавила. Јутре д’н пред његову куќу осмнаја нов Ауди с’с поруку: Пуно фала – твој дедо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom